Спорт
Даниеле Орсато е најдобриот судија на СП во Катар
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/12/daniele-orsato.jpg)
Италијанскиот судија Даниеле Орсато е прогласен за најдобар судија на неодамна одржаното Светско првенство во Катар.
Орсато судеше три натпревари на Светското првенство. Италијанецот ја имаше честа да биде главен судија на отворањето на првенството кога домаќинот Катар беше поразен со 0:2 од Еквадор. Истиот резултат беше и на натпреварот од групната фаза меѓу Аргентина и Мексико кога правдата ја делеше и Орсато.
Последниот меч на Орсато на Мундијалот беше полуфиналето меѓу Аргентина и Хрватска, „гаучосите“ беа убедливи, победија со 3:0 и се пласираа во големото финале, каде по изведувањето на пенали ги совладаа Французите и ја освоија титулата.
Најдобар судија на Светското првенство во Русија во 2018 година беше Аргентинецот Нестор Питана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
(Видео) Закањи во 98.минута ја шокира Хрватска, Шпанија пресилна за Албанија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/12324391.jpg)
Актуелниот европски првак Италија на нестварен начин избори место во осминафиналето на Европското првенство. Италија извлече реми 1:1 против Хрватска со голот на Закањи во 98.минута. Хрватска е елиминирана од ЕУРО 2024, исто како и Албанија која загуби од Шпанија 0:1.
Закањи е херојот на Италија, во 98.минута акцијата на Калафиори ја заврши со брилијантен гол.
Претходно Хрватска поведе со голот на Модриќ во 55.минута. Капитенот на Хрватска влезе во историјата на ЕП, со 38 години и 239 дена стана најстар стрелец. Една минута претходно Донарума му одбрани пенал на Модриќ.
Шпанија и со „втората“ постава немаше проблеми со Албанија. Едеен гол го реши победникот. Стрелец беше Феран Торес во 13.минута.
Шпанија ја освои Б групата со три победи, Италија е втора со четири, Хрватска освои два, а Албанија еден бод.
Спорт
Ѓоковиќ: Ќе играм само ако можам да се борам за трофејот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/4a286.jpg)
Новак Ѓоковиќ пристигна на Вимблдон, но се уште е мистерија дали ќе настапи на третиот Грен слем во сезоната.
Повредата на коленото, а потоа и операцијата, го оддалечи најдобриот српски тенисер неколку недели надвор од теренот.
„Коленото е подобро, секој ден е се подобро. Терапијата оди во вистинска насока и тоа ми дава надеж“, изјави Новак за Би-би-си.
До почетокот на Вимблдон останува уште една недела, а Ѓоковиќ јасно кажа што сака од потенцијалното учество на Вимблдон:
„Не дојдов овде да одиграм неколку кола. Ќе играм само ако можам да дадам блиску до мојот максимум“, изјави Новак и истакна:
„Навистина ќе играм само ако почувствувам дека можам да дојдам до завршницата и да се борам за трофејот.
Ѓоковиќ денеска тренираше два часа, а одигра и два тајбрејка со Федерико Корија.
Новак Ѓоковиќ конечната одлука ќе ја донесе пред ждрепката закажана за 28 јуни. Вимблдон започнува на 1 јули.
Спорт
Хојберг: Тадиќ ми беше како постар брат
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/334455.jpg)
Данска и Србија, утре ќе се сретнат во третот коло во Ц групата на Европското првенство. Србите мора да победат доколку сакаат место во нокаут фазата, на Данците во некои комбинации им игра и нерешен резултат, но со победа сигурно се во осминафиналето.
Пјер-Емил Хојберг, еден од најдобрите дански играчи, во пресрет на натпреварот се присети на периодот кога заедно со капитенот на Србија, Душан Тадиќ ја делеа соблекувалната во Саутемптон.
„Јас и Душан поминувавме многу време заедно, ми беше како постар брат. Тој ми беше учител, се грижеше за мене. Не само на теренот туку и надвор од него. Се сеќавам, пред да замине во Ајакс, им кажував на луѓето таму за каков играч се работи и каков менталитет има. Тој е беше таму и стана еден од најдобрите играчи. Тадиќ е играч кој сака да дели асистенции на тоа мора да внимаваме“, рече Хојбјерг.
Инаку, Хојбјерг од 2020 година настапува за Тотенхем, а се очекува во летниот преоден рок да го напушти клубот.