Македонија
Усвоен буџетот за 2023 година, новите градинки, училишта, паркови и улици ќе бидат новиот лик на Аеродром
На денешната седница на Советот на Општина Аеродром беше усвоен буџетот за 2023 година.
Станува збор, како што велат од таму, за развоен буџетот во кој се предвидуваат изградба на низа инфраструктурни објекти, капитални инвестиции и поддршка за граѓаните.
„Како прв човек на општината, се радувам што следната година ќе продолжат важните и клучни проекти кои ги започнавме оваа година, со што остваруваме континуитет во развојот на Аеродром како урбана, спортска, модерна и зелена општина. Нови градинки, нови плоштади, училишта и паркови – ова ќе биде новиот лик на Аеродром во 2023 година”, истакна градоначалникот Тимчо Муцунски.
Тој додаде дека и следната година, општината ќе продолжи да ги поддржува ранливите категории на граѓани, да го субвенционира спортот, да вложува во неговиот развој и да инвестира во проекти за секое населено место и за сите возрасни групи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

