Регион
Вучиќ: Нема повеќе зајаци, тие зајаци стануваат волци
„Ако почнат да те ловат како зајаци, тогаш е готово, тогаш веќе нема договор, нема ништо. Ако фатат еден од нас или двајца како зајаци, нема повеќе зајаци, тие зајаци стануваат волци“, напиша српскиот претседател Александар Вучиќ на „Инстаграм“ по средбата со Србите на Косово и Метохија.
Тој во видеото наведува дека ги разбира емоциите, дека се труди да ги разбере и дека може да даде безброј примери за тоа како се однесуваат амбасадорите, претседателите и премиерите на разни земји.
„Не ја гледам поентата во тоа лелекање. И кога се расправате, мора да разговарате. Ајде да разговараме пред да одиме во војна“, рече Вучиќ.
View this post on Instagram
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Борисов: Во моментов никој не може да формира влада
Лидерот на бугарската партија ГЕРБ и поранешен премиер на таа земја, Бојко Борисов денеска изјави дека ниту една партија во моментов не може да формира стабилна влада.
Тој за новинарите изјави дека актуелната ситуација го попречува напредокот на Бугарија кон влезот во еврозоната, цел за која верува дека може да се постигне доколку има стабилна влада предводена од ГЕРБ, пишува порталот Новините.
Тој ја критикуваше предизборната кампања на одредени партии, велејќи дека политичките партии повеќе се фокусирани на добивање изборна предност отколку на ефективно владеење.
Регион
Камионџија од Македонија усмрти Србин во Словачка: бил удрен кога излегол да помогне на колега
Србинот Ненад Николиќ (42) од Баново поле кај Сремска Митровица загинал во вторникот вечерта на автопатот кај Братислава, кога во него удрил камион.
„Во последните неколку години, тој работи како возач вози низ цела Европа. Уште како дете бил мил и добродушен, како и во текот на целиот живот. Го сакаше животот, беше весел и како сите големи и крупни луѓе, личност со карактер на слободоумна мечка која никогаш во животот не згазнал мравка. Сите ние што го познававме ќе паметиме многу незаборавни анегдоти со него. Нашиот добар Шон“, напишал еден од пријателите на Ненад и додал дека подоцна ќе ги извести сите свои пријатели и познаници кои сакаат да се простат од него за времето и местото на погребот.
Ненад настрадал кога застанал на автопатот во Братислава за да му помогне на колегата во неволја, кому му била потребна помош за менување гума. Кога ја завршиле работата, Ненад, како што раскажува пријател, излегол на автопатот и бил удрен од камион со македонски таблички, пишува Нова.рс.
„Нашиот брат, пријател и пред се колега загина на автопатот надвор од Братислава. Почина пред мои очи и пред очите на уште двајца колеги. Брат, почивај во мир Божји“, напишал неговиот пријател.
Регион
Европската комисија: Бугарија се’ уште не е подготвена за влез во еврозоната
Бугарија се’ уште не е подготвена да воведе единствена европска валута поради претерано високата стапка на инфлација, соопшти Европската комисија во Брисел.
Првично планирано за почетокот на оваа година, воведувањето на еврото беше одложено кога лани во оваа земја од југоисточна Европа беше забележана инфлација од 9,5 отсто.
Комисијата работи на претпоставката дека стапката на инфлација годинава ќе падне на 3,1 отсто во однос на лани, се вели во мајската економска прогноза.
Земјите кои влегуваат во еврозоната мора да ги исполнуваат критериумите за стабилност на цените, јавните финансии, стабилноста на девизниот курс и долгорочните каматни стапки, кои не смеат да бидат повеќе од два процентни поени над стапките во најстабилните земји на ЕУ во годината пред проценката.
Сите земји-членки на ЕУ, со исклучок на Данска, се законски обврзани да влезат во еврозоната. Освен Бугарија, земјите кои допрва треба да се приклучат се Полска, Романија, Шведска, Чешка и Унгарија.
Комисијата извести дека Бугарија, која ѝ се приклучи на Европската унија во 2007 година, моментално е единствената земја што ги исполнува критериумите, освен една, и каде националните правни регулативи се компатибилни со валутната унија.
Членството во еврозоната може да биде политички спорно во Бугарија, бидејќи проруската и националистичката Партија на преродбата инсистира на референдум за ова прашање.
Бугарската централна банка и Министерството за финансии денеска соопштија дека земјата ќе ги исполни критериумите за инфлација на еврозоната до крајот на годината.
Преодната влада го потврди и законот за воведување на еврото, кој ќе треба да го донесе новиот парламент избран на 9 јуни.
Во Бугарија се водат сложени дискусии за формирање нова влада.