Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Ахмети имаат зад себе година на криминал, корупција и осиромашување на народот
„Власта на Ковачевски и Ахмети има зад себе година со 365 скандали. Народот и стопанството осиромашуваа, а корумпираните функционери ги полнеа своите џебови. Се обезвреднуваше државен имот и се местеа тендери сè со цел луѓе блиски до власта да се збогатат“, соопштуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата посочуваат дека „над половина милион граѓани живеат во сиромаштија, оризопроизводителите, вработените во „Македонска пошта“, Колска и многу други компании не можеа да си го наплатат трудот, ама затоа Управата за водење матични книги дала тендер за дигитализација на компанија формирана непосредно пред распишување на јавната набавка“.
„Ова беше година што ја одбележаа злоупотреби на службената должност и злоупотреба на народните пари. Па, така, дознавме дека генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири, се товари за предизвикување штета на државниот буџет во висина од речиси еден милион евра за сомнителна физибилити-студија за приватизација на ‘Пошта’. За овој случај истрагата не се прошири да се види кој од претпоставените на Зеќири учествувал во ова дело, односно дали Заев или други министри го поттикнале делото“, се вели во партиското соопштение.
Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е: „Оваа криминогена власт планира да продолжи како и до сега. Тоа мора да запре. Македонија може и мора да има нова власт, која ќе работи во интерес на граѓаните“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

