Македонија
СДСМ: Хаосот во Скопје е одговорност на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со Арсовска и Левицата

„Една година Град Скопје тоне во безидејност, без ниту еден нов проект, без каков било план за развој. Дури и основните услуги на градот не функционираат, јавниот превоз е во колапс, а катастрофална е состојбата и во другите јавни градски претпријатија“, соопштуваат од владејачкиот СДСМ.
Од таму посочуваат дека „хаосот што му се случува на Скопје е одговорност на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со Данела Арсовска и Левицата, што се потврди со гласањето на буџетот на Град Скопје за 2023 година“.
„И градоначалничката и претседателот, но и мнозинството во Советот, како и мнозинството во управните одбори на јавните градски претпријатија, се поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и затоа оваа партија е најодговорна за катастрофата во главниот град. Една година градска власт е една година стагнација на Скопје“, се вели во партиското соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Јавна дискусија за ДУП во Ѓорче Петров, граѓаните може да се вклучат

Град Скопје во рамки на постапката за изработка на новиот Генерален урбанистички план ГУП 2022–2032 година организира Јавна дискусија со цел вклучување на граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот.
Јавната дискусија за четвртите лоцирани во Општина Ѓорче Петров ќе се одржи на 15 август со почеток во 9 часот во салата на Град Скопје барака 13 и тоа за Градска четврт СЗ 20 (од 9 до 10 часот), C3 21 (од 10 до 11 часот), C3 24 (од 11 до 12 часот) и C3 25 (од 12 до 13 часот).
„Граѓаните можат да дадат свои предлози мислења и забелешки за време на јавната дискусија а истите можат да ги достават и писмено во архивата на Град Скопје барака 16 или електронски на адресата [email protected]“, се наведува во соопштението.
Град Скопје ги повикува сите заинтересирани граѓани и претставници на заедницата активно да се вклучат во овој процес од јавен интерес.
Македонија
Африм Гаши ги распиша изборите

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска ги распиша локалните избори, што ќе се одржат на 19 октомври .
Претседателот Гаши го потпиша Решението за распишување на осмите локални согласно член 12 став 4 од Изборниот законик, почитувајќи го рокот од 70 до 90 дена од распишување до одржување на изборите.
Со распишувањето на изборите, почнуваат да течат роковите за спроведување на изборните дејствија, согласно Изборниот законик и според календарот што треба да го донесе Државната изборна комисија.
Првиот круг за избор на градоначалници и членови на советите на 80 општини и на градот Скопје ќе се одржи на 19 октомври.
Вториот круг од изборите за градоначалници треба да се одржи на 2 ноември, во единиците на локалната самоуправа во кои изборите нема да завршат во првиот круг.
Македонија
МВР се огласи по случајот со началникот во Демир Хисар: Преземаме соодветни мерки

Во однос на реакциите на јавноста поврзани со постапувањето на полициските службеници за време на претресот, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди презема соодветни мерки и активности од своја надлежност за што дополнително ќе ја известиме јавноста.
Ова го соопшти Министерството за внатрешни работи во врска со видеото што беше објавено на социјалните мрежи на кое началник бара директорката на средно училиште на носилка на Брзата помош да биде однесена на информативен разговор во полициска станица. Од Обвинителството, пак, соопштија дека имало налог за претрес, но не и за приведување и итен распит.
Од МВР соопштија дека биле извршени претреси во врска со сомнение за кривично дело „Одземање или уништување службен печат или спис“.
„На 08.08.2025, по претходна пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 390 од Кривичниот законик – „Одземање или уништување службен печат или спис“ врз основа на наредба од Основен суд Битола, во периодот од 19:25 до 20:20 часот, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар, во присуство на адвокат, извршиле претрес во домот на М.Л. (57) од Демир Хисар. Исто така, со судска наредба, во периодот од 20:45 до 21:30 часот бил извршен претрес и во службените простории во средно училиште кои ги користи М.Л“, соопшти МВР.