Забава
„Аватар: Патот на водата“ надмина 1 милијарда долари на киноблагајните
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/12/20222912_avatar_20th.jpg)
Научнофантастичниот еп „Аватар: Патот на водата“ на Џејмс Камерон досега заработи над 300 милиони долари на киноблагајните во Америка и 700 милиони долари во светски рамки – со вкупна сума од 1 милијарда долари, според „Боксофис гуру“ (Box Office Guru).
Продолжението на „Аватар“ беше премиерно прикажано на 16 декември и беа потребни помалку од две недели за да ја постигне оваа цифра. Со 1 милијарда долари продолжението е на пат да го постигне истиот успех како и оригиналот од 2009 година.
Оригиналниот филм моментно е филм со најголема заработка на сите времиња. Овој блокбастер досега има инкасирано над 2,9 милијарди долари.
Ова е трет филм на режисерот Камерон, кој надмина 1 милијарда долари, што го прави втор режисер со највисока заработка досега зад Стивен Спилберг.
Тој исто така е прв режисер на кој неговите последни три филма ја преминуваат посакуваната граница од милијарда долари. Освен „Аватар“ и „Аватар: Патот на водата“, „Титаник“ е другиот најуспешен филм на Камерон на сите времиња на киноблагајните, со заработка од 2,2 милијарди долари.
Во Аvatar: The Way of Water глумат Сем Вортингтон (Џејк Сали), Зои Салдана (Нејтири), Сигурни Вивер (Кири), Стивен Ланг, Кејт Винслет и Мишел Јео.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Забава
Хороскопски знаци што ќе го имаат најуспешното лето досега
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-03-113350.jpg)
Летото пристигна и сите имаме големи очекувања од него. Сепак, на некои знаци ќе им донесе повеќе среќа. Хороскопските знаци кои чекаат успешно лето можат да се подготват за сосема безгрижен период.
Секој ден планетите од Сончевиот систем ја менуваат својата позиција, а тоа неминовно влијае на животот на хороскопскиот знак. Еден од најважните периоди е дефинитивно летото. Ова е време кога многумина се одлучуваат за важни работи, но носи и безгрижна енергија.
Хороскопски знаци кои ги очекува успешно лето
Рак
Раковите се родени алтруисти. Тие се подготвени да им помогнат не само на саканите, туку и на непознатите луѓе. Меѓутоа, понекогаш луѓето едноставно ја прифаќаат оваа помош без никаква благодарност. Сепак, од средината на јуни до крајот на летото, луѓето конечно ќе ја ценат укажаната помош, а тоа на возбудлив начин ќе го промени животот на овој знак на подобро. На пример, можно е на Раковите да им треба голема сума пари за патување и да ги добијат од неочекувани извори. На работа може да настанат тешкотии, а шефовите наместо да критикуваат ќе го поддржат знакот. Можно е и на Ракот да му биде потребна емоционална поддршка, а блиските луѓе да му ја пружат.
Покрај тоа, за Раковите ќе се отворат нови можности во добротворни акции. Можеби ќе дознаат за некоја фондација која ќе ги инспирира или ќе сакаат да одат на возбудлив волонтерски проект. Тие, исто така, треба да почувствуваат излив на енергија што никогаш претходно не сте го доживеале.
Шкорпија
Шкорпиите се родени кариеристи кои не можат да си го замислат животот без работа. Сепак, во последните месеци раководството можеби беше грубо кон овој знак, а напредувањето во кариерата беше тешко. Летото ќе ја промени вашата позиција и ќе донесе професионален напредок. Од средината на јуни имате успешни идеи една по друга и го зголемувате вашиот авторитет во очите на шефот и колегите.
Среќни ќе имаат и оние Шкорпии кои долго време размислуваат да започнат сопствен бизнис. Во лето ќе можете да добиете средства и да соберете сигурен тим, а плодовите од овој успех можете да ги очекувате до крајот на 2024 година.
Забава
„Дејли мејл“: Џенифер Гарнер се повлече од циркусот во врска со разводот меѓу Бен и Џеј Ло
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-03-112905.jpg)
Џенифер Гарнер одлучила да се повлече од „циркусот околу бракот на нејзиниот поранешен сопруг Бен Афлек со Џенифер Лопез“, изјавиле извори за Дејли Мејл.
Упатените претходно открија дека 52-годишната актерка се обидела да ги советува бившите сопруги Афлек и Џеј Ло и наводно се обидела да им помогне да ги решат нивните проблеми, но се чини дека и е доста.
„Џен на крајот му кажа на Бен дека мора сам да се справи со тоа. Беше премногу болно за неа да се сети на нивниот развод“, додал изворот.
Афлек и Гарнер беа во брак од 2005 година до нивниот развод во 2018 година. Тие имаат три деца заедно и останаа многу блиски и по разводот.
Светските медиуми веќе некое време пишуваат за наводниот развод на славниот пар. Сомнежите се засилија откако се дозна дека Бен и Џенифер го продаваат замокот што заедно го купија пред една година.
Џенифер претходно ја откажа турнејата и се појави сама на премиерата на нејзиниот нов филм. Двојката потоа беше видена заедно на кошаркарскиот натпревар на синот на Бен, Семјуел, каде што исто така покренаа сомневања за развод со своето однесување.
Забава
(Видео) Една од најубавите жени на светот на својата свадба не носела маскара, ниту ги потенцирала веѓите
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/OLIVIA-Culpo.jpg)
Оливија Кулпо, една од најубавите жени на светот и поранешна мис универзум, за денот на својата венчавка избра едноставност, а во интервју за „Вог“ откри и зошто.
View this post on Instagram
„Ги прескокнав маскарата, моливчето за усни и не ги истакнав веѓите. Има толку многу убавина во едноставноста“, објасни таа.
View this post on Instagram
Таа се одлучи и за многу едноставна венчаница од „Долче и Габана“.
View this post on Instagram
„Имав многу јасна идеја за тоа што сакам од мојот фустан. Работев со ‘Долче и Габана’ со години, па беше неверојатно да се работи со Стефано, Доменико и нивниот тим особено. Во венчаницата сакав да се чувствувам како да ме надополнува, а не да ме совлада“, рече таа.