Свет
Во Њујорк се отвори првата легална продавница за рекреативна марихуана

Во Њујорк беше отворена првата легална продавница за рекреативна марихуана во строгиот центар на Менхетн, во областа Ист Вилиџ. Повеќе од сто луѓе се собраа во продавницата што ја води непрофитното здружение Housing Works, посветено на борбата против бездомниците и сидата.
„Првата легална продажба на канабис за возрасни е историски момент за индустријата за канабис во Њујорк“, рече Кети Хочул, гувернерка на четвртата најнаселена држава во Америка. Таа рече дека очекува Њујорк да послужи како национален модел за безбедна и инклузивна индустрија за канабис.
Housing Works беше една од 36-те организации што добија дозвола за продажба на рекреативна марихуана во ноември. Целта е да им се издаде дозвола за тргување на 150 лица, кои се осудени за поседување или продажба на канабис.
Приходите од данокот на продажба на марихуана ќе се инвестираат во јавни училишта, установи за лекување ментално здравје и зависности и проекти за домување. Хочул во соопштението за печатот изјави дека забраната на марихуаната имала особено негативно и непропорционално влијание врз Афроамериканците и латинозаедницата.
Градот очекува продажбата на канабис да достигне 1,3 милијарда долари во 2023 година и да создаде меѓу 19.000 и 24.000 нови работни места во следните три години. Њујорк ја легализира марихуаната минатиот март.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израелски војници забележани во градот Газа

Палестински очевидци тврдат дека во градот Газа забележани се израелски војници.
Според нив израелските војници биле забележани во населбата Сабра, во близина на зграда во која порано се наоѓало училиште.
Израелските војници наводно се заблежани во градот Газа откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одобри план за преземање на градот, во кој живеат околу еден милион луѓе.
Израелската армија не ги коментираше палестинските наводи, истакнувајќи оти не ги открива позициите на своите војници.
Претходно Израел соопшти дека планира да евакуира околу еден милион жители од градот пред офанзивата, која се очекува да почне најрано во септември.
Свет
Зеленски вели дека постои вистинска можност да заврши војната во Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа најави дека следните денови ќе бидат готови безбедносните гаранции за неговата земја.
Тој, по телефонскиот разговор со премиерот на Холандија, Дик Шуф, на платформата Икс објави дека „во моментот тимови на Украина, САД и европските партнери работат на решение“.
Според Зеленски постои „вистинска можност да се заврши оваа војна“, додавајќи дека Украина е „подготвена за конструктивни чекори што можат да доведат до вистинскиот мир“.
– Русија од своја страна не покажува намера за мир и продолжува да ги гранатира нашите градови. Сите сигнали што доаѓаат од Москва овие денови ги толкуваме на ист начин. Ни треба притисок за промена на нивниот став, како и состанок на највисоко ниво за да се разговара за сите прашања, посочи Зеленски.
Свет
Северна Кореја тестираше нови ракети

Северна Кореја вчера истрела два нови противвоздушни проектили за уништување на различни воздушни цели, меѓу кои дронови и крстосувачки ракети. Тестирањето на новото оружје го надгледуваше севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
Како што јави Корејската централна новинска агенција (КЦНА) новото оружје има „супериорна борбена способност“ и користи „единствена технологија“.
Тестирањето на ново оружје се одвива во време на зголемени тензии со Јужна Кореја. Официјален Сеул вчера соопшти дека на 19 август јужнокорејски војници отвориле предупредувачки оган кон припадници на севернокорејската армија, кои накратко навлегле во Демилитаризираната зона.
Исто така во регионот се одржува заедничка воена вежба помеѓу Јужна Кореја и САД, а за утре е предвидена средба на американскиот претседател Доналд Трамп со новоизбраниот јужнокорејски претседател Ли Џае-мунг.