Свет
(Видео) Познатиот инфлуенсер Ендрју Тејт уапсен во луксузна вила во Романија

Контроверзниот инфлуенсер Ендрју Тејт е приведен во Романија, заедно со неговиот брат Тристан, како дел од истрагата за трговија со луѓе и силување.
Полицијата упадна во домот на Тејт во Букурешт. Адвокатот на браќата го потврди нивното апсење.
– Четворицата осомничени создале организирана криминална група со цел да регрутира, вдомува и експлоатира жени, принудувајќи ги да создаваат порнографска содржина за да се гледа на специјализирани веб-страници за одредена сума, соопштија обвинителите, пренесе Ројтерс.
Браќата се под истрага од април заедно со двајца романски државјани, пишува Би-би-си, пренесува Ослобоѓење.
Видео кое кружи на социјалните мрежи покажува дека полицијата ги одведува Тејт и неговиот брат од луксузната палата.
Романската Дирекција за истрага на организиран криминал и тероризам издаде соопштение, но не ги наведе имињата на браќата Тејт, велејќи дека двајцата британски државјани и двајца романски државјани се осомничени дека се дел од криминална група фокусирана на трговија со луѓе.
Тој објави и видео од рацијата на која се прикажани пиштоли, ножеви и пари во една просторија. Тејт се пресели во Романија пред пет години.
Теист, поранешен кик-боксер и реалити ѕвезда, е забранет од бројни платформи на социјалните мрежи поради давање мизогински коментари и говор на омраза.
Според изјавата на истражителите, идентификувани се шест жени кои наводно биле сексуално експлоатирани од организирана криминална група,пренесе Денес.рс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Катастрофални поплави во Кина: има загинати, потрагата по исчезнатите е во тек

Во силните дождови во источната кинеска провинција Шандонг смртно настрадаа две лица, а 10 се водат за исчезнати кога за пет часа наврна дожд колку што паѓа за половина година. Беше поплавен округот Лаиву во градот Џинан, соопштија локалните власти.
Во областа е регистриран максимален број врнежи од дожд од 364 милиметри, кој паѓаше од вторник на полноќ до 5 часот наутро по локално време, што е половина од просечните годишни врнежи од дожд во Џинан од 733 милиметри.
Ненадејните поплави во близина на планинските села Шивузи и Жуџијају во Џинан сериозно оштетија 19 куќи. Спасувачките операции се во тек и сите напори се насочени кон спасување на исчезнатите, соопштија властите.
Trapped by rising waters — record rainfall floods streets and strands residents in Lianjiang County, Fuzhou City, China
— Moh Musthafa Hussain (@musthafaaa) July 22, 2025
Поплавите се дел од поширок модел на екстремни временски услови во целата земја поради источноазиските монсуни, кои предизвикаа нарушувања во втората по големина економија во светот. Јужните региони беа исто така преплавени од обилни дождови кога тајфунот Вифа го погоди Хонг Конг во неделата.
⭕️21JULY2025 —Following catastrophic floods, mudslides continue to strike – footage of a mudslide in Benxi, Liaoning Province China today#wx #china
Credit: @skynewsagra pic.twitter.com/Kb00LqkIcK
— INTERCEPT⭕R ᴼˢᴵᴺᵀ/ ᴹᵃʳᵏᵉᵗˢ (@InterceptorNews) July 22, 2025
Екстремните дождови и силните поплави, кои метеоролозите ги поврзуваат со климатските промени, се сè поопасни бидејќи се закануваат да ги надминат застарените одбранбени системи за поплави, да раселат милиони луѓе и да предизвикаат хаос во земјоделскиот сектор вреден 2,8 билиона долари.
Фото: принтскрин
Европа
Почина претседателката на рускиот Врховен суд

71-годишната претседателка на Врховниот суд на Русија, Ирина Подносова, почина во Москва по тешка болест, објави руската државна новинска агенција ТАСС.
Подносова го водеше највисокото судско тело на Русија од 17 април 2024 година, кога беше назначена како единствена жена кандидат и номинирана од рускиот претседател Владимир Путин. Таа ја презеде функцијата по смртта на Вјачеслав Лебедев, кој беше претседател на Врховниот суд од 1991 година.
Судијката се бореше со болест повеќе од една година, објави руската новинска агенција РБК. ТАСС соопшти дека починала од рак.
Подносова дипломирала на Правниот факултет на Ленинградскиот државен универзитет во 1975 година, истата година како и Путин. Таа работи во Врховниот суд од 2020 година, кога стана заменик-претседател специјализирана за економски спорови и арбитражни случаи.
Рускиот весник „Комерсант“ напиша во тоа време дека Подносова немала искуство во арбитража, но се сметала за влијателна личност во руските судски структури. Изворите на весникот велат дека „сите разбираат кој стои зад неа“.
Врховниот суд е суд од последна инстанца во Русија. Неговите 115 членови ги номинира рускиот претседател и ги назначува Советот на Федерацијата, горниот дом на рускиот парламент.
Фото: принтскрин
Регион
(Видео) „Започна со чад, а потоа се слушнаа сирени“: двајца повредени во пожар на туристички брод во Далмација

Хрватските пожарникари добиле повик за пожар на туристички брод во Макарска во 8:23 часот утрово. Горел бродот „Казанова“.
Полицијата потврдила дека пожарот започнал во кујната. „Далмација Данас“ дознава дека две лица побарале медицинска помош во Здравствениот центар во Макарска.
Неофицијално, дознале дека повредите се полесни изгореници.
„Започна со чад, а потоа се слушнаа сирени“, изјавил читател за „Далмација Данас“.
Полицијата и пожарникарите реагираа на местото на настанот. Пожарот е локализиран. Во тек е полициска истрага за да се утврди причината за пожарот.
Фото: принтскрин