Европа
„Репортери без граници“: Русија е најопасната европска земја за новинарите
Од 2003 до 2022 година во светот биле убиени 1.668 новинари, во просек по 80 новинари годишно, а најопасни земји за оваа професија биле Сирија и Ирак, според извештајот на „Репортери без граници“.
„За 20 години, 578 новинари се убиени во тие две земји погодени од војна, што е повеќе од една третина од сите убиени новинари“, се наведува во извештајот.
Најопасни земји за новинарите се Мексико (125 загинати новинари), Филипините (107), Пакистан (93), Авганистан (81) и Сомалија (78). Најцрни години беа 2012 година со 144 убиени новинари и 2013 година кога беа убиени 142 новинари, особено за време на конфликтот во Сирија. Со 2019 година доаѓа и еден вид затишие, додаваат од здружението за заштита на слободата на медиумите, но бројот на убиени повторно почна да расте во 2022 година поради војната во Украина.
Годинава загинаа 58 новинари, а лани 51. Од руската инвазија на Украина, осум новинари се пријавени за исчезнати. Во таа земја во претходните 19 години беа убиени 12 новинари и таа е втора најопасна земја во Европа за новинарите по Русија, каде што во последните 20 години беа убиени 25 новинари.
РСФ наведува дека нападите и атентатите врз новинарите се зачестени откако Владимир Путин дојде на власт. Со осум убиени новинари Франција се најде на четвртото најопасно место во Европа зад Турција по нападот на редакцијата на „Шарли ебдо“ во Париз во 2015 година.
На глобално ниво, во последните 20 години повеќе новинари се убиени во мировните зони отколку во воените зони, а нивната смрт е поврзана со истраги за организиран криминал и корупција. Речиси половина од убиените новинари во 2022 година се од американскиот континент, а најопасни земји се Мексико, Бразил, Колумбија и Хондурас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Европа
Напаѓачот на Фицо доби мерка притвор за да не побегне и да не го повтори делото
Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување денеска му одреди притвор на 71-годишниот Словак Јурај Цинтула, кој на 15 мај годинава во градот Хандлова со пет истрели го застрела премиерот Роберт Фицо и тешко го рани во стомакот.
Притворот за осомничениот е побаран поради опасност да не избега или да го повтори делото.
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска призна вина.
Адвокатите предупредија дека признавањето на вината е спорно, бидејќи Цинтула веднаш по атентатот и апсењето бил сослушан во шок, без присуство на адвокат.
Европа
Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на премиерот Фицо и понатаму е сериозна.
Обвинителството вчера побара притвор за 71-годишниот Цинтула поради евентуално бегство или повторување на кривичното дело. Напаѓачот беше спроведен под силно полициско обезбедување, а ниту на новинарите им беше дозволен влез во Судот.
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо на 15 мај беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ. Цинтула веднаш по нападот е приведен.
Тој се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда, за што е предвидена казна од 25 години до доживотен затвор.
Словачките политичари изјавија дека нападот врз Фицо не е политички мотивиран.