Спорт
Русите наместо „преселба“ во Азија, ќе преговараат со УЕФА
Руската фудбалска унија (РФУ) објави дека ќе формира работна група која ќе разговара со европската фудбалска федерација УЕФА и другите организации во обид да се изнајде начин рускиот фудбал да се врати во интернационалните натпреварувања.
Оваа одлука беше објавена на состаноот на Извршниот одбор на федерацијата во Москва, каде што се очекуваше потенцијална одлука за целосно напуштање на УЕФА и преселба во Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ). Наместо тоа, претседателот на РФУ, Александер Дјукови изјави дека ќе се презмат чекори за разговори со УЕФА, ФИФА, но и Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ).
„Беше одлучено да се свртиме кон УЕФА околу формирање на работна група. Поканивме тројца членови на УЕФА, како и претставници од ИОЦ и ФИФА. Мислам дека ФИФА се заинтересирани, бидејќи и за нив е важно да се најде решение. Целта е да се изработи план за брзо враќање на рускиот фудбал во интернационалните натпреварувања. Групата ќе биде формирана веднаш по новогодишните празници и ќе треба да ја заврши работата до 1 април“, вели Дјуков за „РИА новости“.
ФИФА и УЕФА целосно ја исфрлија Русија од сите натпреварувања во февруари, кога започна војната во Украина. И покрај најавите за „преселба“ во АФЦ, се веруваше дека УЕФА се противи на ваква одлука.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Иниеста: Мислев дека овој ден никогаш нема да дојде
Поранешниот шпански репрезентативец Андрес Иниеста во Барселона изјави дека му се исполнил сонот да стане фудбалер и додаде дека планира да стане тренер, пренесуваат шпанските медиуми.
Иниеста денеска и официјално се прости од фудбалот на церемонија во Барселона.
„Мислев дека овој ден никогаш нема да дојде. Овие солзи што ги гледате не се поради тага. Ова се солзите на едно дете од Фуенталбиља, кое сонуваше да стане фудбалер. И јас го остварив тој сон, со многу жртви. Не се откажав“, изјави Иниеста.
На церемонијата присуствуваа поранешните соиграчи на Иниеста и првиот тим на Барселона предводен од тренерот Ханси Флик и претседателот на клубот Џоан Лапорта.
„Семејството, сестрата и родителите отсекогаш ми биле движечка сила. Тие беа покрај мене, ми дадоа се. Денеска имам одлично семејство, сопругата и децата се мојата инспирација”, додаде поранешниот играч на Барселона.
Иниеста (40) кариерата ја започна во Албасете, а потоа играше за Барселона од 1996 до 2018 година. Со каталонскиот клуб освои 29 трофеи. Потоа играше за Кобе од 2018 до 2023 година, а минатата сезона беше член на клубот Емирати од ОАЕ.
„Ла Масија ме промени засекогаш. Тоа е најдоброто место каде што можев да напредувам. Доаѓањето во Барселона беше сон, бев на најдоброто можно место. Имав чест да го гледам „Ноу Камп“ секој ден, а потоа да играм на тој терен. Најдобриот период го поминав во Барселона. Уживавме во клубот и играчите и навивачите, не можам да ги заборавам соиграчите и тренерите од тој период.“ – вели Иниеста.
Иниеста за шпанската репрезентација од 2006 до 2018 година одигра 131 натпревар и постигна 13 голови. Со репрезентацијата на Шпанија го освои Светското првенство во 2010 година и Европското првенство во 2008 и 2012 година.
„Мојата приказна во репрезентацијата започна на 15 години. Сите тие тренинзи, соиграчи со кои играв..Им благодарам на сите што ги запознав. Ја имав привилегијата да бидам во националниот тим во неговиот најславен период”, изјави поранешниот шпански репрезентативец.
Тој најави дека планира да стане тренер.
„Не можам да бидам далеку од фудбалот. Тоа беше и ќе биде мојот живот. Мотивиран сум да бидам тренер. Би сакал да можам да играм до 90 години, но среќен сум бидејќи го исполнив сонот да бида фудбалер“, заклучи Иниеста.
Спорт
Реал му одаде признание на Иниеста: Тој гол ќе се памети засекогаш
Легендарниот Андрес Иниеста објави крај на кариерата, а Реал Мадрид, најголемиот ривал на Барселона, каде Иниеста настапуваше 16 години, му оддаде почит на еден од најдобрите шпански фудбалери на овој век.
Во соопштението на „кралскиот клуб“, по повод официјалното пензионирање на Иниеста се наведува: „Реал Мадрид, неговиот претседател и раководството на клубот сакаат да и оддадат признание и восхит на една од најголемите легенди на шпанскиот и светскиот фудбал.
Андрес Иниеста го збогати спортот со својата игра и вредности, со сите трофеи што ги освои во текот на кариерата.
Неговиот славен гол во финалето на Светското првенство во 2010 година засекогаш ќе остане во сеќавањето на секој шпански навивач.
Реал Мадрид нему и на неговото семејство му посакува се најдобро во ова ново поглавје во животот“.
Спорт
(Видео) Тијафо испадна од Сафиулин, па со пцовки го „честеше“ судијата во Шангај
Новак Ѓоковиќ утре против Роман Сафиулин ќе се бори за пласман во четвртфиналето на турнирот во Шангај. Ѓоковиќ за помалку од еден час го прегаси Италијанецот Флавио Коболи со 6:1, 6:2, а Сафиулин забележа победа над Френсис Тијафо 7:5, 5:7, 6:7.
Тај-брејкот во решавачкиот сет меѓу Сафиулин и Тијафо имаше бурна завршница.
При резултат 5:5 и сервис на Американецот, судијата му го одзеде првиот сервис на Тијафо бидејќи го надмина дозволеното време, по што следеше кратка дискусија.
Тоа скапо го чинеше американскиот тенисер кој ги загуби следните два поени, па Сафиулин го доби мечот.
Тијафо, видно нервозен, откако му честиташе на противникот, не сакаше да се поздрави со судијата, туку го почести со пцовки:
„Е.и сечовеку, е.и се“, викаше Американецот.
Francis Tiafoe shouts ‘F•ck you’, seriously ‘F•ck you man’ to the umpire at the end of the match against Roman Safiullin. pic.twitter.com/gn0OMCSjn6
— edgeAI (@edgeAIapp) October 8, 2024