Спорт
Судиите ја оштетија Црвена звезда – Миротиќ: Шокиран сум

Никола Миротиќ, најдобриот играч на Барселона, синоќа ја реши драмата во Белград протв Црвена звезда. Со звукот на сирената тој погоди тројка за 84:84. Потоа, Барселона во продолжението славеше со 99:94.
Миротиќ мечот го заврши со 12 поени, меѓутоа спорна е тројката која ја на крајот од регуларниот дел од натпреваорт.
Поранешниот шпански репрезентативец, во моментот кога ја прими топката, со едната нога ја газеше аут линијата.
„Сериозно? Не знаев дека бев во аут…. и после како да не им свират на судиите. Такви работи не би требало да се случуваат, имаме толку многу камери, забавени снимки…Јас тоа не го забележав…“, рече Миротиќ.
#kkcz pic.twitter.com/sREaLGU94V
— Petar Tadic (@petartadiccc) December 30, 2022
Sur panier de Mirotic pic.twitter.com/rtPzd8jWcG
— Boki (@BokiBoki04) December 30, 2022
Mirotic from DEEP at the buzzer!🔥🔥🔥#7DAYSMagicMoment pic.twitter.com/9nuwbPxgoq
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) December 30, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Болт: Моите рекорди еден ден ќе паднат, но не сум загрижен

Поминаа 16 години откако Јусеин Болт постави светски рекорди на 100 и 200 метри, а легендарниот спринтер верува дека тие резултати нема да бидат загрозени долго време.
„Не сум загрижен“, рече Болт на настан на „Пума“, два дена пред почетокот на Светското првенство.
Болт ги постави рекордите (9,58 секунди на 100 и 19,19 секунди на 200 метри) во 2009 година во Берлин.
Оттогаш, само Јохан Блејк успеа да трча под 9,7 секунди на 100 метри и побрзо од 19,3 секунди на 200 метри.
Американецот Ноа Лајлс беше единствениот кој отворено објави дека сака да ги сруши рекордите на Болт.
Тој ги освои двата спринта на светските првенства во 2023 година, но неговиот најдобар резултат беше 19,31 секунди на 200 метри од 2022 година, што е нов американски рекорд.
Најдобриот резултат во 2025 година го постави Јамајканецот Кишане Томпсон (9,75 секунди), па се очекува дека тој, заедно со сонародникот Облик Севил, ќе биде фаворит во финалето на 100 метри. Болт предвидува дека Јамајка ќе ги заземе првите две места.
„Сè е во правилното изведување на трката, а не обрнувањето внимание на бучавата од страна“, рече Болт.
Австралискиот тинејџер Гут Гут (17), кој веќе го споредуваат со Болт поради неговиот стил и резултати, би можел да биде кандидат за соборување на рекордот во иднина.
„Лесно е во помладите категории, но преминот во сениорското натпреварување е многу потежок. Сè зависи од вистинскиот тренер и вистинското окружување“, рече Болт.
Иако верува дека напредокот во технологијата за атлетски обувки еден ден ќе доведе до нови рекорди, Болт верува дека неговите резултати засега не се во опасност.
„Сè во животот еволуира, луѓето сакаат да бидат подобри и побрзи. Нема да биде изненадување кога тоа ќе се случи, но нема да се случи сега“, заклучи Болт.
Foto/ EPA
Спорт
Билд: Менаџерот Мендеш не дозволил трансфер на Јамал во Баерн

Ламин Јамал е еден од најдобрите фудбалери на денешницата со само 18 години, а германскиот весник „Билд“ открива дека Шпанецот можел да заврши во редовите на Баерн.
Не во овој, па дури ни во претходниот преоден рок.
Германскиот весник „Блид“, открива дека Баерн ѝ испратил на Барселона понуда од пет милиони евра за тогаш 14-годишен Јамал. Сè било блиску до договор, но сепак, интервенирала трета страна. Таа година, Јамал добил нов агент во лицето на Жорж Мендеш, еден од највлијателните менаџери во светот на фудбалот.
Во тој момент, Мендеш го убедил да остане во Барселона и договорот пропаднал.
За потсетување во тоа време, Барселона се наоѓаше во тешка финансиска ситуација и трансферот сигурно ќе се случел доколку не се вклучил менаџерот Мендеш.
Спорт
(Видео) Роналдо официјално прогласен за најдобар фудбалер на сите времиња во Португалија

Кристијано Роналдо е икона на светскиот фудбал, има соборено бројни рекорди во клупскиот и репрезентативниот фудбал, но вчера доби награда која особено ќе му биде драга, бидејќи доаѓа од неговата родна Португалија. Португалската лига го прогласи Кристијано Роналдо за „најдобар играч на сите времиња“ на гала вечерата.
Во објаснувањето накратко се наведува дека „тој е неопходна фигура во спортот и идол на милиони“ (ако не и милијарди луѓе), како и „дека тој одбележа ера што остава неизбришлив белег во светскиот фудбал“.
„Познат по својата работна етика, натпреварувачки дух и решителност во клучните моменти, влијанието на Кристијано Роналдо оди многу подалеку од неговата статистика. Помеѓу индивидуалните рекорди, тимските трофеи и медиумското влијание, тој изгради наследство кое го става на пиедестал – најдобриот на сите времиња“, се додава во објаснувањето на наградата.
Поради обврските во својот клуб, капитенот на Ал Наср не можеше да биде присутен на церемонијата, на присутните им се обрати преку видео порака:
„Благодарен сум на сите мои соиграчи кои во текот на мојата кариера ми помогнаа да го освојам, за мене, овој важен трофеј. Исто така, сакам да им се заблагодарам на сите тренери и други кои ми помогнаа на ова патување да станувам сè подобар и подобар.“
Se o 𝐆𝐎𝐀𝐓 fala, nós escutamos 🐐
A mensagem 💬 de Cristiano Ronaldo após ser premiado no 𝐋𝐢𝐠𝐚 𝐏𝐨𝐫𝐭𝐮𝐠𝐚𝐥 𝐀𝐰𝐚𝐫𝐝𝐬 🏆 pic.twitter.com/gdwEQEObYD
— Liga Portugal (@ligaportugal) September 10, 2025
Роналдо е светски рекордер по број на настапи и голови за Португалија. Во Унгарија го одигра својот 223-ти натпревар и го постигна својот 141-ви гол. Од Андориња, преку Насионал, Спортинг Лисабон, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус до Ал Наср, одигра 1065 натпревари со 802 гола во клубот, освои 31 трофеј, вклучувајќи три за Португалија и над 60 индивидуални награди.
Единствено што недостасува е титулата светски шампион, а последниот обид на 40-годишниот ас ќе биде на Светското првенство во 2026 година.
Foto/ EPA