Спорт
Ловрен е подготвен за последниот трансфер во кариерата
Дејан Ловрен по дев и пол години е подготвен да го напушти Зенит. 33. годишникот одигра добро на Мундијалот во Катар, со што го привлече вниманието на неколку клубови.
Француските медиуми тврдат дека Ловрен ќе се врати во Лион. Дресот на овој клуб, хрватскиот репрезентативец го носеше од 2010 до 2013 година. Во тој период одигра 72 натпревари и постигна два гола.
„Дејан Ловрен е приоритет на Лион. Неговото пристигнување се очекува во наредните денови, тој веќе се согласил да се врати во клубот. Другите две имиња со кои клубот преговараше беа Џику и Сојунчу”, објави „Лекип“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Денвер планирале да го земат Дончиќ на драфтот во 2018
Денвер Нагетс имале голема желба да создадат тандем Никола Јокиќ – Лука Дончиќ во својот тим.
Ова го откри Мајк Сингер, новинар кој го покрива Денвер, на подкастот „The Hoop Collective“, наведувајќи дека планот на Нагетс за драфтот во 2018 година бил да го понудат Гери Харис и избор на драфтот во првиот круг за Лука Дончиќ.
„Нагетси знаеја дека Владе Дивац не е особено заинтересиран за Лука Дончиќ. Имаа планови да го спојат Никола Јокиќ со Лука Дончиќ. На драфтот во 2018 година се обидоа. Имаа повик. Имаше понуда и Нагетс се обидоа да го добијат вторит пик за Гери Харис и два избора од првиот круг, тоа се информациите што ги имам“, рече Сингер.
„Можете само да преврнете со очите за таа цена, но направете ретроспектива. „Кралевите“ го избраа Марвин Багли како втор пик. Не велам дека трајдот беше неизбежен. Сакам да кажам дека Нагетс знаеје каков е ставот на Дивац за Дончиќ и се обидуваа тоа да го искористат“, додаде поранешниот новинар на Денвер Пост.
Дончиќ пристигна во НБА од Реал Мадрид, а во 2018 година беше избран од Атланта како трет пик од првата рунда на НБА драфтот. Потоа беше трејдуван во Далас Маверикс и се уште е дел од ваа франшиза.
Дончиќ беше „скокнат“ од Сакраменто на драфтот во 2018 година, откако се одлучи за Марвин Багли, а Атланта го замени правото на третиот пик на драфтот за петти пик.
Така Дончиќ заврши во Маверикс, а Тре Јанг во Хокс.
Спорт
Фиорентина ќе му го продолжи договорот на Де Хеа
Фиорентина ќе му го продолжи договорот на голманот Дави де Хеа. Како што пренесуваат медиумите од Апенините, клубот од Фиренца ќе ја активира клаузулата според која Де Хеа ќе остане на „Артемио Франки“ до летото 2026 година. Секако со тоа ќе му се зголемат и приходите. Во следната сезона ќе заработи 2,4 милиони евра.
Да потсетиме, шпанскиот голман пристигна како слободен играч пред неколку месеци во летниот преоден рок откако една година беше без клуб кога го напушти Манчестер јунајтед.
Не требаше да помине долго време за да ги покаже своите квалитеи. Де Хеа е меѓу најдобрите, а ко не и најдобра голман во Серија А во овој момент.
Де Хеа кариерата ја започна во Атлетико Мадрид, од каде во 2011 година се пресели во Манчестер јунајтед. Беше дел од тимот на „црвените ѓаволи“ кој ја освои последната титула во Премиер лигата, а со англискиот клуб освои и два ФА купа и по еден рофеј во Лига Купот и Лига Европа.
Спорт
Монако го отпушти Саша Обрадовиќ
Саша обрадовиќ повеќе не е тренер на кошаркарскиот клуб Монако.
Во претходното двојно коло од Евролигата, Монако претрпе пораз од Црвена звезда на домашен терен, а потоа убедливо победи во Виторија кај Басконија, но во неделата неочекувано потфрли во француското првенство против Ле Ман.
Обрадовиќ ја започна сезоната со Монако во Евролигата со 6-4, а се уште не се знае кој ќе го замени српскиот тренер.
Ова беше втор мандат на Обрадовиќ на клупата на Монако, бидејќи го водеше тимот од Кнежевството од 2019 до 2020 година.
Потоа ја презеде Црвена звезда во сезоната 2020/2021, но беше отпуштен во декември 2020 година, а подоцна се врати во Монако на крајот на 2021 година.
Во сезоната 2022/23, Обрадовиќ ги одведе кошаркарите на Монако на завршниот турнир во Евролигата. Таму го освоија третото место, откако ја победија Барселона во „малото финале“.
Од почетокот на сезоната Монако имаше проблеми со повредени играчи, пред се Ник Калатес и Фуркан Коркмаз, а се повреди и најдобриот играч Мајк Џејмс, во меѓувреме во клубот се врати Џордан Лојд.