Спорт
Шоу на Лахоз во дербито на Барселона – 15 жолти картони и две исклучувања
Барселона и Еспањол одиграа 1:1 во градското дерби, во кои сво шоу имаше главниот судија Матеу Лахоз. Со второто реми во сезоната, Барселона поради подобрата гол-разлика се врати на челната позиција на табелата. Барселона и Реал имаат по 38 поени. Еспањол остана на 16.место со само 13 бода.
Барселона не успеа да го победи Еспањол и покрај тоа што имаше предност од седмата минута, со голот на Маркос Алонсо. Играчите на Барселона го контролираа мечот, доминираа во поседот, имаа неколку „мртви шанси“, но не успеаја да постигнат уште еден гол.
Блескаше голманот на Еспањол Фернандез, кој во финишот на мечот, во 30 секунди имаше две волшебни интервенции, најпрвин против Кристенсен, а потоа и против Левандовски.
Еспањол израмни од пенал, во 73. минута. Алонсо направи прекршок врз Хоселу, а овој играч потоа мирно го реализираше пенало.
Посебна приказна е судијата Лахоз, кој покажа 15 жолти картони и го продолжи второто полувреме 11 минути.
Поради два жолти картони, натпреварот пред време го завршија Џорди Алба и Соуза.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Почина НБА легендата Дикембе Мутомбо
На 59-годишна возраст почина легендарниот кошаркар Дикембе Мутомбо.
Мутомбо почина по битка со тумор на мозокот. Иконскиот центар доминираше во НБА во текот на 90-тите и 2000-тите: тој беше четирикратен одбранбен играч на годината, осум пати Ол-стар, трипати член на првиот тим на лигата, вкупно втор на сите времиња.
Basketball Hall of Famer Dikembe Mutombo has passed away at 58 years old due to brain cancer. pic.twitter.com/taDWSFeCQE
— Shams Charania (@ShamsCharania) September 30, 2024
„Дикембе Мутомбо беше едноставно поголем од животот. На теренот тој беше еден од најдобрите блокатори и дефанзивци во историјата на НБА. Надвор од паркетот, тој се предаде да им помага на другите“, напиша комесарот на НБА, Адам Силвер во своето проштално писмо.
Мутомбо бил во брак со сопругата Роуз, со која имал три деца и со која посвоил четири деца од нејзините починати браќа. Кошаркарот роден во Конго кариерата ја започна во Денвер, а подоцна настапуваше за Атланта, Филаделфија, Њу Џерси, Њујорк и Хјустон.
Спорт
Алан Ширер не може да поверува како изгледа играта на Манчестер јунајтед
Легендарниот англиски фудбалер Алан Ширер никогаш не играл во Манчестер јунајтед, изгради блескава кариера во Саутемптон, Блекбурн и Њукасл, но не може да го гледа она што се случува со тимот од „Олд Трафорд“.
Еден од најдобрите напаѓачи на англиската репрезентација во историјата изјави дека играта на „црвените ѓаволи“ не постои, дека нивните натпревари се негледливи и дека играчите треба да покажат малку поголема одговорност.
„Што е ова? Дали некој знае што точно игра Манчестер јунајтед? Овој тим нема идеа, нема план и тоа што го игра е неспособно и очајно“, изјави Ширер по поразот на Манчестер јунајтед од Тотенхем (0:3).
„Играчите се тие кои треба да покажат многу поголема одговорност. Не можат секоја недела да се кријат зад тренерот Ерик тен Хаг и критиките упатени кон него. Неопходно е да се разбудат и да покажат дека заслужуваат да го носат дресот на овој клуб. Манчестер јунајтед е голем клуб, вакви работи не смеат да се случуваат“.
Манчестер јунајтед моментално ја зазема 12-та позиција на табелата во англиската Премиер лига, откако по шест кола освои само седум бода.
Спорт
Легендата на Реал, Предраг Мијатовиќ, го критикува Куртоа
Легендата на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ го критикуваше голманот на Тибо Куртоа.
Токму Белгиецот беше во центарот на вниманието на дербито со Атлетико (1:1), бидејќи беше нападнат од ултрасите на Атлетико.
Куртоа со начинот на кој го прослави голот на Едер Милитао, а потоа и со уште неколку провокации им го крена „притисокот“ на ултрасите“ кои започнаа да фрлаат со запалки и други предмети, поради што натпреварот беше прекинат 15 минути.
„Нема оправдување за она што го направија навивачите, но мислам дека играчите мора да се однесуваат правилно. Не смеат да провоцираат или да вртат грб, не смеат да провоцираат. Камерите се на секој чекор, фудбалерите се препознатливи. Доколку се однесуваат така, не смеаат да стапнат на фудбалскиот терен“, рече Мијатовиќ.
Инаку, Реал поведе со голот на Едер Милитао во 64. минута, а Анхел Кореа му донесе бод на Атлетико во петтата минута од судиското надополнување.