Македонија
Од денеска ќе се применува системот за управување со предмети во јавните обвинителства

Министерството за правда во координација со Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ги презеде сите неопходни активности за обезбедување на целосна и непречена задолжителна примена на системот за управување со предмети во јавните обвинителства почнувајќи од 1 јануари 2023 година.
Системот претставува основна алатка во извршувањето на основните задачи на јавните обвинителства со која ќе се обезбеди чување информации, следење и архивирање на предметите како и увид во секој момент во статусот на предметите.
Со него се обезбедува непрекинат проток на податоци а основна цел е унапредување и автоматизирање на процесите во јавните обвинителства, подобрување на протокот на информации преку дигитализација,архивирање и чување на документацијата обезбедувајќи притоа висок степен на безбедност, контрола на пристапот и автоматизирана комуникација.
За соодветна примена на системот, организирани беа и обуки на јавните обвинители и на останатите вработени .
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд.
Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку места околу речното корито.
Ангажирана е механизација за санирање на штетата, а градоначалник на Студеничани, Азем Садики, објави дека забележана е материјална штета во дворовите од куќите кои се наоѓаат во близина на реката.
Засега, според градоначалникот, нема потреба од евакуација.
Фото: ТВ21/скриншот
Македонија
Тетово повика на јавна дебата за промена на имињата на улиците

Општина Тетово в петок, со почеток во 15:00 часот, организира јавна дебата за предлози за имиња на улиците.
„Ги повикуваме сите граѓани, здруженија, невладини организации и граѓанскиот сектор да учествуваат на оваа јавна дебата за именување на улиците“, велат од општината преку допис.
Додаваат дека секој предлог од граѓаните е важен и помага овој процес да биде инклузивен и успешен за граѓаните и градот Тетово.
Македонија
Тошковски: Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто, информира министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите големи. Често се укажуваше на разлики во однос на некои сродни служби, а чувството на потценетост беше реално и оправдано. Ова зголемување не е доволно, но е еден од многуте чекори што ќе следат во насока на враќање на достоинството и угледот на полицаецот. Целта е јасна – да изградиме модерна, професионална и силна полиција која ќе биде вистински сервис на граѓаните. Продолжуваме понатаму кон обезбедување на подобри услови, поголема поддршка и вистинско вреднување на трудот што секојдневно се вложува“, напиша Тошковски во објавата на социјалните мрежи.