Спорт
Саинс со импресивна победа го презеде водството на Дакар релито
Четирикратниот шампион, рели легендата Карлос Саинс Сениор е нов лидер на Дакар релито по првата етапа, по фантастичниот финиш на етапата, додека актуелниот шампион Насер Ал-Атијах се мачеше за да стигне само до осмото место.
Колегата на Саинс од Ауди, Матијас Екстром водеше во поголемиот дел од 367 километри долгата етапа на брегот на Црвеното Море во Саудиска Арабија, но во финишот на етапата, комплексноста на површината се смени, за Саинс од четврто место и ве минути заостанување да стигне до својата 42. етапна победа на Дакар релито.
Саинс Сениор, кој исто така е и двократен Рели ВРЦ шампион, беше само 30-ти на првата мерна точка по 37 километри, за на крајот да заврши 23 секунди пред уште една ВРЦ легенда, Себастиен Леб, додека Екстром заврши као трет. Саинс сега има 10 секунди предност пред Леб во генерален пласман. Катарецот Ал-Атијах со својата Тојота загуби 7:07 од Шпанецот со проблемите во дините во финишот на етапата.
Во пласман на мотоцикли до победа стигна Австралиецот Даниел Сандерс по 603 километри во подолгата етапа за тркачите на две тркала. Ова е најголем успех досега на возачот на Ред бул ГасГас, кој го победи ветеранот Жоан Бареда за точно 1 минута. Рики Бребек го освои третото место со 1:15 заостанување, а трката остана без актуелниот шампион, Сем Сандерленд, кој имаше тежок пад и заврши во болница со скршеница на рамото и потрес на мозокот.
🏁 Stage 1 – Bikes 🏍
Provisional top 3:
🥇 Daniel Sanders
🥈 Pablo Quintanilla
🥉 Ricky BrabecFollow the other categories live 👉https://t.co/BrruP0oEtI#Dakar2023 pic.twitter.com/vRnMPUcsst
— DAKAR RALLY (@dakar) January 1, 2023
🏁 Stage 1️⃣ – Cars 🚗
Provisional top 3:
1️⃣ Carlos Sainz
2️⃣ Sébastien Loeb
3️⃣ Matthias Ekström🔴 Follow the other categories live:https://t.co/EvJJXn4o92#Dakar2023 pic.twitter.com/lbGqJylAH0
— DAKAR RALLY (@dakar) January 1, 2023
Шампионот Сандерленд хоспитализиран по тешкиот пад на првата етапа на Дакар релито
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Заедно за Македонија! Почнува ЕУРО 2026 – да навиваме како едно срце!
Утре во Шведска започнува едно од најголемите спортски случувања во Европа – Европското првенство во ракомет ЕУРО 2026, а македонската ракометна репрезентација повторно излегува на терен со срце, борбеност и гордост да ја претставува Македонија.
Како официјален партнер на Ракометната федерација на Македонија, компанијата Гранд Ауто, заедно со брендот CHERY – официјален партнер, упатуваат силен и гласен повик до сите навивачи:
Да бидеме заедно, да навиваме гласно и да ја испратиме нашата енергија до Шведска!
Репрезентацијата секогаш црпела сила од поддршката на навивачите, а сега, повеќе од кога било, е време да покажеме дека Македонија знае да стои зад своите херои – без разлика каде играат.
🎉 Навивај и добиј!
За да ја засилиме навивачката енергија и да ја споделиме радоста со фановите, CHERY подготви специјални подароци:
🎽 оригинални и потпишани дресови од македонската репрезентација
🤾♂️ официјални ракометни топки
Овие подароци се симбол на заедништвото, страста и вербата во нови победи на ЕУРО 2026 а ќе се делат преку официјалните канали на социјалните мрежи на CHERY:
Да навиваме со срце, да бодриме со гордост и да покажеме дека кога Македонија игра – сите сме на теренот!
Со среќа, момци!
Македонија е со вас!
ПР
Спорт
(Видео) Гризман го постигна можеби најубавиот гол во кариерата
Антоан Гризман (34) постигна речиси 350 гола во својата имресивна кариера, но оној што го постигна во осминафиналето на Купот на Кралот зазема посебно место. Атлетико Мадрид победи кај Депортиво Коруња со 1:0, а голот што го постигна Гризман во 61-та минута беше прекрасен.
Гризман изведе слободен удар од околу 20 метри од голот, малку дијагонално од десната страна, така што со левата го префрли живиот ѕид и погоди кадеш што се спојуваат пречката и стативата. Голманот на Депортиво остана закопан на гол-линијата и со поглед ја испрати топката во мрежата.
Голоот можете да го погледнете Тука:
„АС“, во денешното издание вака ја коментира големата мајсторија на Гризман.
„О, ла ла! Гризман постигна еден од најспектакуларните голови во неговата кариера! Французинот направи брилијантен потег. Тој изведе извонреден слободен удар и постигна златен гол.“
Ова е 10-от гол на Гризман во 28-от натпревар оваа сезона. Неговите бројки во Атлетико се спектакуларни. Тој одигра 473 натпревари, постигна 208 и намести 94 гола.
Foto/ Depositphotos
Спорт
(Видео) Аматер освои милион долари во Мелбурн
Аматерот, Австралиецот Џордан Смит го освои „One Point Slam“ во Мелбурн.
Смит, кој ја претставуваше тениската академија „Касл Хил“ од Нов Јужен Велс, во финалето ја победи Џоана Гарланд, 117-та тенисерка во светот.
Во натпреварот за трофејот, Гарланд одлучи да сервира, но потоа ја „предаде“ бекхендот, на општо задоволство на „Род Лејвер Арена“.
На патот до финалето, Смит го елиминираше и Јаник Синер, откако Италијанецот направи грешка при сервисот.
The world number two beaten by a local amateur! 👏
Jordan Smith's upset is what the 1 Point slam can provide, driven by @kiaaustralia pic.twitter.com/g7PHNf3G4G
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 14, 2026
За победата на овој турнир, Смит освои точно еден милион австралиски долари.
Инаку, тој почнал да игра тенис кога имал само три години, едно време се натпреварувал против Камерон Нори и Саша Зверев во јуниорската конкуренција, но никогаш не играл во сениорската.
29-годишникот го обезбеди своето место во главната ждрепка преку квалификацискиот турнир. Покрај овој милион долари, тој заработи уште 50.000 благодарение на пласманот во главната ждрепка.
На ждрепката имаше навистина врвни играчи. Покрај Синнер, тука беа и Карлос Алкараз, Саша Зверев, Ник Кирјос, Данил Медведев, Ига Швјонтек, Наоми Осака…
Учествуваа точно 64 натпреварувачи, секој натпревар се играше за еден освоен поен, со оглед на тоа што професионалците имаа еден, а аматерите два обиди на сервисот.
Foto/ EPA

