Македонија
Прекинат прагот на алармирање за загаденост во Битола и Тетово
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/01/najzagaden-vozduh-se-dishe-vo-tetovo-i-lisiche-185140.png)
Во согласност со податоците од Државниот мониторинг-систем за квалитет на амбиенталниот воздух на 2.1.2023, среднодневните концентрации на ПМ 10-суспендираните честички се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3 и епизодата од два последователни дена е прекината во Битола и Тетово и престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Без вода, делови од Општина Ѓорче Петров
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/05/voda-chesma.jpg)
ЈП Водовод и канализација известува дека денеска поради уличен дефект од Ф-400мм на ул.1670 во Ново Село, прекинато водоснабдување од 09,00 часот ќе имаат корисниците од ул.Лука Геров, Ново Село, Стопански двор, Кисела Јабука, Волково, Орман, Никиштани Општина Ѓорче Петров.
Македонија
(Видео) Со два хеликоптера на МВР изгаснат пожарот во Крушевско
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-01-215151.jpg)
Денеска, два хеликоптера од Одделот за воздухопловни единици го изгаснаа шумскиот пожар кој попладнево изби во атарот на крушевското село Пуста Река.
„По добиено барање од ЦУК, на пожарот двата хеликоптера исфрлија над 40 тона вода и во координација со пожарникарите, пожарот е целосно изгаснат“, соопшти МВР..
Македонија
Времена забрана за движење на тешки товарни возила на патиштата во државата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/11/kamiondzija.jpg)
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез во Македонија е околу 20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево