Црна хроника
Почина пробиштипјанец во судир на автомобил и автобус кај клучката кај Штип

На 2.1.2023, во 19.40 часот, било пријавено дека на клучката кај Штип на магистралниот пат Три Чешми – Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел астра“, со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од М. М. (37) од Пробиштип и автобус со штипски регистарски ознаки, управуван од Д. Ќ. (42) од Пехчево.
Во несреќата од добиените повреди починал сопатникот во патничкото возило, С. Т. (37) од Пробиштип, а смрт била констатирана од лекар од итната медицинска помош.
Возачот М. М. добил повреди и бил пренесен во Клиничката болница во Штип за укажување лекарска помош.
Извршен бил увид од јавен обвинител и екипа од СВР Штип.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повреден работник додека демонтирал скеле во Драчево

Педесет и двегодишен работник од Скопје бил со тешки повреди донесен вчера на Комплексот клиники.
Тој се здобил со повреди при демонтирање на скеле на улицата Партизански пат во Драчево, Скопје.
Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Ужас наместо одмор: скопјанка нападната од партнерот во Грција

Триесет и четиригодишна жена од Скопје во МВР пријавила дека била нападната од страна на партнерот Д. Т. (36).
Нападот, според пријавеното, се случил вчера во апартман во Република Грција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Велешанец со четирицикл излета од патoт кај Чашка, тешко повреден

Четирицикл управуван од Д.Н.(40) од Велес, излетал надвор од коловозот на регионалниот пат село Извор,општина Чашка
Во несреќата велешанецот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка Ј.Н.(37) од Велес констатирани во Општата болница Велес.
Извршен бил увид.