Црна хроника
Приведен криминалец од Струшко баран со три потерници

Во Скопје денеска е уапсен 45-годишен стружанец, баран со три потерници за издржување затворска казна.
Според информациите. Т. О. од струшкото село Октиси бил приведен денеска во 10.20 часот на улицата Христо Татарчев во Скопје. За него биле распишани три потерници за издржување казна затвор од вкупно осум години.
По наредба на Основниот суд Скопје 1, Т. О. бил баран за издржување казна од три години и три месеци за сторено кривично дело по член 247, по наредба на Основниот суд Струга бил баран за издржување казна од три години и шест месеци за сторено кривично дело по член 247 и по наредба на Казнено-поправната установа „Затвор Идризово“ бил баран за доиздржување затворска казна од една година и три месеци за сторени кривични дела по член 236 и член 246 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повреден работник додека демонтирал скеле во Драчево

Педесет и двегодишен работник од Скопје бил со тешки повреди донесен вчера на Комплексот клиники.
Тој се здобил со повреди при демонтирање на скеле на улицата Партизански пат во Драчево, Скопје.
Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Ужас наместо одмор: скопјанка нападната од партнерот во Грција

Триесет и четиригодишна жена од Скопје во МВР пријавила дека била нападната од страна на партнерот Д. Т. (36).
Нападот, според пријавеното, се случил вчера во апартман во Република Грција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Велешанец со четирицикл излета од патoт кај Чашка, тешко повреден

Четирицикл управуван од Д.Н.(40) од Велес, излетал надвор од коловозот на регионалниот пат село Извор,општина Чашка
Во несреќата велешанецот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка Ј.Н.(37) од Велес констатирани во Општата болница Велес.
Извршен бил увид.