Свет
Член на првиот екипаж на „Аполо“ почина на 90-годишна возраст

Поранешниот астронаут Волтер Канингем, кој полета во вселената со „Аполо 7“ во 1968 година како дел од првата мисија „Аполо“ со екипаж што го отвори патот за шест слетувања на Месечината во следните години, почина во вторникот на 90-годишна возраст, објави НАСА.
Канингем им се придружи на членовите на екипажот Валтер Шири и Дон Ајзел во успешна 11-дневна мисија во ниската орбита на Земјата како прв човечки пробен лет на новото вселенско летало „Аполо“, кое подоцна ќе патува на Месечината.
„Аполо 7“ го означи продолжувањето на програмата за вселенски летови на НАСА 21 месец по пожарот, во кој загинаа сите тројца членови на екипажот на „Аполо 1“ за време на пробното лансирање на Земјата кон крајот на јануари 1967 година.
Канингам служел во американската морнарица и маринци и летал на 54 мисии како борбен пилот. Тој беше избран за астронаут во 1963 година, објави вселенската агенција.
„Волт Канингем беше борбен пилот, физичар и претприемач – но, пред сè, тој беше истражувач“, се вели во соопштението на НАСА, во кое ја објави неговата смрт, пренесе „Индекс.хр“.
Today we mourn the passing of Walt Cunningham: U.S. Marine, patriot, and Apollo astronaut.
Cunningham spent 11 days in low-Earth orbit during Apollo 7, the first crewed Apollo flight, and was instrumental to our Moon landing's program success: https://t.co/VrXhOwQwYd pic.twitter.com/8uquEjdxM7
— NASA (@NASA) January 3, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Жестоки судири на авганистанско-пакистанска граница

Жестоки судири синоќа избувнале на границата меѓу Пакистан и Авганистан, откако талибанците извршиле напад врз пакистански воени пунктови, јавуваат светските медиуми.
Екслацијата, како што пишува „Гардијан“ повикувајќи се безбедносни претстаници од двете земји, доаѓа по воздушниот напад што пакистанските сили го извршија оваа надела. Силите на талибанскиот режим во Авганистан, како одмазда вчера почнале со напади врз пакистанските трупи долж границата, тврдејќи дека зазеле два гранични пункта во јужната провинција Хелманд, информација што ја потврдиле локалните власти.
Пакистанските безбедносни претставници ги потврдиле судирите со талибанците на неколку гранични локации, наведувајќи дека нивните сили возвратиле енергично.
„Вечерва, талибанските сили почнаа да пукаат кон неколку гранични точки. Ние возвративме со артилерија на четири локации по должината на границата. Нема да толерираме никаква агресија од авганистанските талибанци на нашата територија. Пакистанските сили одговорија со силен оган, ефикасно таргетирајќи неколку авганистански гранични пунктови“, изјавил претставник на пакистанската влада за „Гардијан“.
Пакистанската армија, како што се наведува, употребила артилерија, тенкови, како и лесно и тешко оружје во своите контранапади.
Ескалацијата доаѓа откако во четвртокот беа пријавени две експлозии во авганистанскиот главен град Кабул и уште една во југоисточен Авганистан. Министерството за одбрана, управувано од талибанците, го обвини Пакистан за кршење суверенитетот на земјата во врска со овие два напади.
Свет
Трамп утре ќе се сретне со семејствата на заложниците кои ги држи палестинската милитантна група Хамас

Американскиот претседател Доналд Трамп утре изутрина ќе се сретне со роднини на заложниците кои ги држи палестинската милитантна група Хамас, по што ќе одржи говор во Кнесетот.
Белата куќа соопшти дека Трамп ќе отпатува во египетското одморалиште Шарм ел-Шеик подоцна утре на „мировна церемонија за Блискиот Исток“ по повод договорот што го посредуваше меѓу Израел и Хамас.
Според распоредот на Белата куќа, „Ер форс уан“ треба да тргне од Вашингтон денеска попладне и да слета во израелскиот крајбрежен град Тел Авив утре во 9:20 часот по локално време.
Потоа се очекува Трамп да одржи говор во Кнесетот, израелскиот парламент, во 11 часот, по средбата со семејствата на заложниците во рамките на Кнесетот.
Во 13 часот американскиот претседател ќе отпатува за Египет, со пристигнување во Шарм ел-Шеик во 13:45 часот. Мировната церемонија е планирана да почне во 14:30 часот, според распоредот.
Се очекува Трамп да замине подоцна истиот ден и да се врати во Вашингтон.
Свет
Израел ќе го насочи фокусот кон уништување на тунелите во Газа

Министерот за одбрана на Израел, Исраел Кац, изјави дека и наредил на израелската армија (ИДФ) да се подготви за уништување на сите тунели на Хамас во Појасот Газа.
– Главниот предизвик за Израел по фазата на враќање на заложниците ќе биде уништувањето на сите терористички тунели на Хамас во Газа – директно од страна на ИДФ и преку меѓународен механизам што ќе се воспостави под водство и надзор на САД, напиша тој на Х.
– Ова е основното значење на спроведувањето на договорениот принцип за демилитаризација на Газа и разоружување на Хамас, изјави Кац, додавајќи дека „и наредил на ИДФ да се подготви за извршување на задачата.“
Не е јасно како ИДФ ќе ги уништи тунелите на Хамас во деловите на Газа што не се под контрола на армијата според договорот за прекин на огнот.