Македонија
Надминат прагот на алармирање за аерозагадување во Битола, прекинат во Кичево и Гостивар
Во согласност со уредбата за изменување и дополнување на уредбата за гранични вредности за нивоа и видови загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и праговите на алармирање, роковите за постигнување на граничните вредности, маргините на толеранција за гранична вредност, целните вредности и долгорочните цели („Службен весник на Република Македонија“ бр. 183 од 14.12.2017 година), во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендираните честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 mg/m3 во текот на два последователни дена) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, ве информираме дека тој е надминат на мернoто место во Битола – Битола 2.
Во табелата се прикажани среднодневните концентрации на ПM 10 на мерните места на кои има појава на надминување на прагот на алармирање.
Од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање доставена е информација за надминување на прагот на алармирање до Министерството за здравство, Министерството за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управата за животна средина, Секторот за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институтот за јавно здравје и до Општината Кичево за епизодата на алармантно загадување на воздухот.
Исто така, во согласност со податоците од Државниот мониторинг-систем за квалитетот на амбиенталниот воздух на 2.1.2023, среднодневните концентрации на ПМ 10-суспендираните честички се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3 и епизодата од два последователни дена е прекината во Кичево и Гостивар, каде што престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

