Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: За седум години Владата потроши 20 милијарди евра, а ни евро за почист воздух

Скопје и Македонија тонат во загаден воздух, за седум години Владата потроши 20 милијарди евра, а ни евро за почист воздух, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
„ Седум години СДС е централна власт. Седум години откако станаа власт со ветувањето за почист воздух. Седум години како и Скопје и цела Македонија се гушат во загадениот воздух. 20 милијарди евра се потрошени преку буџетите секоја година изминативе 7 години, а ниту едно евро не е суштински инвестирано за почиста животна средина или намалување на загадувањето на воздухот.
Ниту на локално ниво каде СДС ја имаше власта до пред една година не беше преземено ништо посуштински, не ги имплементираа ниту Заклучоците кои сами ги донесоа во Собранието.
Заедно со Арсовска и Левица во коалиција го гушат и Скопје. Нивниот партиски кадар, директор на ЈСП потпиша договор по тендер за набавка на гориво без вообичаениот рабат и со тоа го оштети претпријатието за 1.5 милиони евра, колку што истото им должи на приватните превозници и го остави Скопје со помал број на превозници во сред грејна сезона и голема загаденост.
Се што прави СДС е само за профит на поединци, а на штета на народот и на идните генерации, затоа потребни се избори и нова влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе работи за подобра иднина“ соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце времето на чекање за излез од Македонија е околу 30 минути

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез од Македонија е околу 30 минути, на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски – вечниот политичар без дела, со вечна желба за фотелја, реагира затоа што не беше дел од јахта забавата на Филипче и Заев

„Андреј Жерновски, познат по своите политички прескокнувања и вечна желба да биде „прв во партијата“, повторно се јавува како гласноговорник на СДС, очигледно туркајќи ја агендата за сопствена промоција и позиционирање за иден лидер на партијата“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Додека го анализира ВМРО-ДПМНЕ и измислува анкети по нарачка на партиската кујна на Бихаќка, Жерновски молчи за вистинските скандали кои ја потресоа неговата партија – за јахтите на Заев и Филипче, за апетитите на нивниот олигархиски круг, за милионските тендери и провизии, за клиентелизмот кој ја потопи СДС.
Тој е дел од тажната група вечни политичари кои живеат удобен и комотен живот, а никој не може да се сети на ниту едно нивно конкретно дело или резултат. Политичка неконзистентност и лична амбиција тоа е неговиот единствен „капитал“.
Наместо да држи лекции за економија и политика, нека објасни како тој и неговите ментори ја доведоа Македонија до економски колапс, до историски одлив на млади луѓе и до ниво на корупција невидено во модерната историја.
Жерновски е симбол на политичари кои мислат само на својата фотелја, а секој негов напад врз ВМРО-ДПМНЕ е ништо повеќе од обид да се прикаже релевантен пред партиската база на СДС, во надеж дека еден ден ќе ја заземе лидерската позиција“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на Жерновски.
Македонија
СДСМ: Рамковниот договор е важен документ за мирот, соживотот и градењето заедничка иднина

„Рамковниот договор е важен документ кој стави крај на конфликтот од 2001 година, воспостави мир и отвори поглавје на соживот во градењето заедничка иднина“, велат од СДСМ.
„Освен зачувување на суверенитетот и на територијалниот интегритет, како и унитарниот карактер на државата, суштината на Рамковниот договор е издигнувањето над поделбите, меѓусебно помирување и отворање на вратите за заеднички напредок и еднакви можности на сите граѓани.
Сите политички чинители во земјава треба своите напори да ги вложат во политики коишто ги сплотуваат граѓаните, да работат заеднички за едно современо, демократско и интегрирано општество за сите“, соопшти СДСМ.