Забава
Светски ѕвезди кои го слават православниот Божиќ
Повеќето холивудски ѕвезди го слават Божиќ според Грегоријанскиот календар, на 25 декември. Оние кои не го прават тоа се претежно атеисти, а само неколку од нив всушност го слават православниот Божиќ, кој се слави денес.
Актерката Џенифер Анистон го наследила православното христијанство од нејзиниот татко Џон Анистон. Роден е како Јанис Анастасакис на Крит. Актерката давала добротворни прилози за црквата под покровителство на Вселенската патријаршија.
Манекенката Наоми Кембел станала верник во Руската православна црква додека била во врска со рускиот тајкун Владислав Доронин.
Кога по вторпат се ожени со својата колешка Рита Вилсон, актерот Том Хенкс реши да стане православен. Таткото на Рита е од Бугарија, додека нејзината мајка Гркинка е од Албанија.
Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан е родена во Лос Анџелес, но има ерменско потекло, четврта генерација емигранти од Ерменија, а нејзините предци живееле на територијата што денес е во Турција.
Актерот Кристијан Бејл тргна по стапките на Том Хенкс и ја смени верата поради љубов кон моделот со српско потекло Сиби (Сандра) Блажиќ. Тој ја прифати православната вера откако се ожени со Сиби, во 2000 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Претставничката на Израел по Евровизија: Би било лага ако кажам дека беше лесно
Еден Голан, претставничката на Израел на овогодишниот избор за песна на Евровизија, се огласи на „Инстаграм“ по завршувањето на натпреварот.
„Од каде да почнам? Прво би сакала да кажам дека сум горда на тоа колку далеку стигнавме. Благодарна сум за привилегијата да ја претставувам мојата земја, особено во овие тешки времиња. Од моментот кога го почнавме ова патување, нашата цел отсекогаш беше да го споделиме силниот глас на Израел на една од најголемите сцени. Би било лага ако кажам дека беше лесно, но вашата поддршка и љубов ми дадоа сила да продолжам и да ја дадам најдобрата изведба што можеше“, напиша таа.
„Би сакала да им се заблагодарам на сите што ме поддржаа од целиот свет, на мојата земја, на членовите на делегацијата и на моето семејство, кои едвај чекам да ги видам и гушнам. И секако, благодарам на сите што гласаа бидејќи Благодарение на вас, моето учество на натпреварот за песна на Евровизија го посветувам на гласовите што не можеме да ги слушнеме – киднапираните. Очајнички чекаме да се вратите дома“, рече таа.
За потсетување, Израел на овогодинешниот Евросонг заврши на петтото место со 375 гласови, од кои 323 од публиката. Учесничката се соочи со свирежи за време на нејзиниот настап поради војната во Газа, а непосредно пред одржувањето на натпреварот пред арената имаше големи пропалестински протести.
Забава
Илјадници луѓе го пречекаа Бејби Лазања на плоштадот во Загреб, тој се расплака
По историскиот успех на Евровизија, односно второто место, Бејби Лазања денеска се врати дома.
Тој беше пречекан од илјадници луѓе на плоштадот во Загреб.
Пејачот двапати ја испеа Рим Тим Таги Дим за публиката, а присутните пееја и танцуваа со него. Меѓу нив беше и градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ. Во еден момент, Лазања заплака на сцената.
„Лесно ми е мене, важно е луѓето да се среќни“, скромно рече тој, пренесува хрватски „Индекс“:
Тој призна дека не очекувал толку голем одѕив на дочекот.
„Очекував можеби сто луѓе“, додаде.
Бејби Лазања по излегувањето на сцената покрај хрватската делегација изјави дека сè направил сам со тимот, а медиумот потсетува дека Лазања беше резервен избор на ХРТ за Евровизија.
Според гласовите на публиката, хрватскиот претставник победи во Малме.
Забава
(Видео) Koj е Немо – победникот на Евровизија
Благодарение на гласовите од жири комисијата Немо од Шварцарија победи на изборот за песна на Евровизија со песната „Код“.
Немо се опишува себе си како небинарна личност, што значи дека не се декларира како маж или жена, туку како „тие“.
Немо (25) е рапер, пејач и музичар кој свири виолина, пијано и тапани. Досега имаат издадено три албуми, а песната „Du“ беше четврта на швајцарските топ листи во 2017 година.
Швајцарија немаше конкурс за песната да ја испрати на Евросонг, но интерно ја избраа песната ‘Код’. За изборот се пријавиле 472 песни, а жирито го сочинувале најмалку 240 меѓународни членови од публиката и 30 членови на стручно жири од 20 земји.
Критиките по финалето и неговата победа се поделени, а немалку коментираат дека се изненадени од победата и дека повторно жири комисијата ја надгласала публиката која ја избра Хрватска – некрунисаниот морален победник, но има и коментари дека е направен вистински избор, додека хрватската песна е копија на оние на „Рамштајн“.
„Кодот е за патување започнато со сознанието дека не сум ниту маж ниту жена. Пронаоѓањето на себеси беше долг и често тежок процес за мене. Но, ништо не е подобро од слободата што дојде со сознанието дека сум небинарна личност“, вели Немо.