Спорт
Зидан одбил понуда да стане американски селектор

Зинедин Зидан не сакал ниту на преговара со Американската фудбалска асоцијација (УССА) за можноста да стане селектор на САД, тврди „ЕСПН“, дури иако неговата прва желба, да стане селектор на Франција, станува недостапна со продолжувањето на договорот на Дидие Дешам.
50-годишниот Зидан, кој е без работа по второто заминување од Реал Мадрид во 2021 година, преку својот агент Алан Миљачо само „пристојно“ ја одбил понудата на Американците, откако претходно слично ги одбил и Бразил и Португалија.
Договорот на американскиот селектор, Грег Берхалтер заврши на 31 декември, а во исто време УССА објви дека Ентони Хадсон ќе биде привремен селектор за пријателските мечеви со Србија и Колумбија на крајот на јануари. Покрај тоа, Берхалтер е под истрага за насилство над неговата сопругаа Рослаинд од далечната 1991 година, откако беше пријавен од Даниел Рејна, мајката на фудбалерот Џовани Рејна бидејќи тој не доби потребна минутажа на СП во Катар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Пеко полека го губи трпението со Дукати

Италијанскиот возач на Дукати во шампионатот на Мото ГП, Франческо Бањаја, испрати порака до лидерите на својот тим дека полека го „губи трпението“.
Франческо Бањаја е двократен светски шампион во Мото ГП и прв возач по Кејси Стонер кој му го донесе шампионскиот трофеј на „црвениот“ италијански тим.
Оваа сезона, Пеко вози многу послабо отколку во претходните години, додека неговиот тимски колега, Марк Маркез назапирливо ита кон шампионската титула во Мото ГП.
Бањаја стартуваше од третата позиција во Австрија и заврши на скромната осма позиција, додека Маркез стартуваше од четвртото место и победи во Шпилберг.
Франческо верува дека проблемот не е во него и неговото возење и му порача на Дукати:
„Сè што се случува цела година се случи на трката во недела. Се борам и давам се од себе, но овој пат тоа значеше позиција број осум. Победникот на трката победи со време со кое победив јас минатата година. Имам тој потенцијал. Не знам зошто ништо не ми функционира. Марко Бецеки и Марк Маркез прават сè подобро од мене. Доцнев 12 секунди на патека каде што секогаш правев разлика и не го разбирам тоа, навистина не го разбирам. Се обидував но сите ме заобиколуваа во кривините. Дукати мора да ми го објасни тоа, но ми снемува трпение“, рече искрениот Франческо Бањаја.
Спорт
„Новак е најголемиот спортист во историјата“

Трикратниот вицешампион на Гренд слем турнирите, Каспер Руд е убеден дека Новак Ѓоковиќ е најголемиот… не тенисер, туку и спортист на сите времиња.
Руд и Ѓоковиќ се сретнаа во финалето на Ролан Гарос, кога Новак победи во три сета, а вкупниот резултат меѓу нив е 5-1.
„Новак е најголемиот спортист во историјата. Не сакам да споредувам спортови, бидејќи е глупаво, но ако го споредите Новак со Том Брејди, на пример… Брејди е Г.О.А.Т, да не ме разберете погрешно, но атлетски, Новак би го скршил на повеќето физички тестови…“ вели Руд, сега 12-ти на АТП листата, и додава:
„Добро, Леброн можеби ќе го „растури“ Новак во некои физички аспекти, но за мене, Новак е најголемиот спортист што некогаш живеел.“
Ѓоковиќ и Руд наскоро ќе се сретнат во Њујорк, каде што ќе се игра последниот Гренд слем во сезоната од 24 август.
Ждрепката е закажана за четврток.
Спорт
Шефот на Мекларен: Ферстапен е во право

Андреа Стела, шефот на Мекларен во Ф1, рече дека Макс Ферстапен бил во право кога зборувал за „папаја“ тимот.
Оваа сезона, како што сите очекуваа, Мекларен е најдоминантниот тим со 11 победи во 14 одржани трки и тие имаат значителна предност и во битката за титулата кај возачите и конструкторите.
Со десет трки што остануваат до крајот на сезоната, Мекларен се чини дека има сè во свои раце за двојна круна, а Ферстапен неодамна тврдеше дека „папаја тимот“ има голема предност во кривините.
„Тоа е едноставно лесен одговор кога ќе ги погледнете податоците. Само споредете ги брзините на кривините (бавни и средни брзини) и ќе видите колку е брз Мекларен. Значи, Макс Ферстапен е во право“, рече Андреа Стела.
И покрај нивната доминантна позиција, шефот на Мекларен вели дека до успехот нема да дојдат по пократок пат.
„Сè уште имаме слаби точки. Да ги погледнеме кривините каде што влегувате со голема брзина, како Копс во Силверстоун или Пуон во Спа. Не сме најбрзи. Сепак, ги знаеме кривините каде што се освојуваат титули и таму сме најбрзи“, рече Стела.