Вести
Обама му се јави на Нетанјаху по повод договорот со Иран

Американскиот претседател Барак Обама го повикал телефонски ноќта кон петокот израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху откако беше информиран за постигнатиот прелиминарен договор за иранската нуклеарна програма на кој се противи Израел, при што повторно му ја потврди „сесредната“ поддршка на САД на еврејската држава.
Барак Обама, кој во четвртокот доцна попладнето во четвртокот престојуваше во посета во Луисвил, во сојузната држава Кентаки, разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху од претседателскиот авион „ Air Force One“ соопшти Белата куќа.
Според известувањето од американската администрација, Обама договорот меѓу Иран и шесте светски сили го нарекол „значителен напредок кон трајно и целосно решение кое оневозможува каков и да е пристап на Иран до атомска бомба“.
Обама на Нетанјаху му кажал дека од своите соработници за национална безбедност побарал „да ги забрзаат“ преговорите со новата израелска влада за начините на јакнење на соработката на полето на безбедноста. Покрај тоа, истакнал дека напредокот во врска со иранското нуклеарно прашање „воопшто“ не ја намалува американската загриженост поради „поддршката на Иран на тероризмот и заканите на Израел“.
Малку пред телефонскиот разговор, бранејќи го рамковниот договор чија цел е да се осигури Иран да не може да произведе атомска бомба, Обама ја истакна подготвеноста на дијалог со изралеските власти, за да ги убеди во оправданоста на дипломатскиот начин.. „Доколку премиерот Нетанјаху сака навистина да го пронајде најуспешниот начин како Иран да не добие атомско оружје, ова е најдобрата опција“, изјави американскиот претседател.
Доколку започне примената, рамковниот договор за иранската нуклеарна програма ќе го загрози опстојувањето на Израел, му порачал Нетанјаху на американскиот претседател, соопшти во петокот портпаролот на израелскиот премиер.
„Договорот кој почива на овие основи ќе го загрози опстојувањето на Израел… Договорот би можел да ха зголеми опасноста од ширење на нуклеарното оружје и од страшна војна“, рекол Нетанјаху оценувајќи дека рамковниот договор „нема да го затвори патот на Иран кон бомба туку ќе го отвори“, додаде портпаролот Марк Регев на Twitter./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.