Свет
(Видео) Гостин во ресторан убил разбојник во Тексас
Полицијата во Тексас почна опсежна потрага по гостин во ресторанот во Хјустон, кој уби разбојник, а потоа им помогна на другите ограбени гости да си ги соберат парите.
Инцидентот е снимен од надзорните камери во ресторанот „Ранчито #4 Такерија“ во југозападниот дел на Хјустон, а на снимката се гледа како мажот извадил пиштол и отвора оган кон разбојникот.
Полицијата подоцна открила дека разбојникот влегол во ресторанот со пластичен пиштол. Полицијата преку соопштение за медиумите наведува дека не поднеа лпријава против човекот што го уби разбојникот, но нагласуваат дека сакаат да разговараат со него за „неговата улога во пукањето“, пишува „Гардијан“.
CAUGHT ON VIDEO: A customer at a taqueria shot and killed a robber at the restaurant on S. Gessner in southwest Houston, police said.
Read: https://t.co/3M4zQSUx2G pic.twitter.com/XQH8r8yHus
— KHOU 11 News Houston (@KHOU) January 6, 2023
Поручникот Вилкенс изјави дека осомничениот за грабеж имал 20-ина години и носел црна скијачка маска и црни ракавици за време на грабежот. Кога влегол во ресторанот, разбојникот вперил оружје кон гостите и им ги побарал паричниците и парите.
На видеото се гледа како еден од гостите посегнува по нешто, а потоа вади оружје додека осомничениот оди кон излезот.
Гостинот испукал најмалку девет куршуми кон разбојникот и го напуштил местото пред да пристигне полицијата. Педро Лопез, сопственикот на ресторанот, тврди дека тој и неговите вработени сè уште се во шок. Другите гости на ресторанот исто така го напуштиле местото пред да пристигне полицијата.
„Сите го напуштија местото, освен сопственикот и работниците во продавницата. Ќе беше одлично да се вратеа на местото на настанот и да разговараа со нас. Тие мора да ни ги дадат своите изјави, особено лицето што пукаше и си замина“, додаде Вилкенс.
Законот во Тексас дозволува некој да се брани ако верува дека неговиот живот е во опасност, иако границата помеѓу самоодбрана и употребата на непотребна сила може да биде прилично нејасна.
Томас Никсон, поранешен полицаец во Хјустон, а сега адвокат, објасни за KPRC-TV дека гостинот ги има своите права според законите во Тексас.
„Лицето во кое пукал бил во процес на извршување на разбојништво и затоа неговата употреба на сила во одбрана на себе и невини трети лица е целосно оправдана. Имаше разумен страв од сериозни телесни повреди или смрт“, рече Никсон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

