Македонија
Меџити за снимката на која Ахмети пее: Тоа е бесрамна злоупотреба на неговиот имиџ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/01/322553174_3206451252941424_4875549458480940998_n.jpg)
Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, од т.н. огнена група, му порача на претседателот дека снимката на која пее е бесрамна злоупотреба на неговиот имиџ. Меџити преку фотографија, на која стои името на Артан Груби, порача дека неговата партија мора да се ослободи од вицепремиерот и сличните нему.
„Снимањето на Али Ахмет како пее и потоа објавувањето на снимката за да се дефокусира мислењето од вистинскиот проблем е бесрамна злоупотреба на неговиот имиџ… Снимањето на Али Ахмет и зачувувањето на овие видеа за користење кога ви одговара е неточно и се чини дека тоа не се случува првпат. ДУИ мора да се ослободи од узурпаторите, платениците и од неспособните!“, напиша Меџити.
Артан Груби во текот на вчерашниот ден сподели објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ од Али Ахмети како со цигара во раката, видно расположен, пее албанска песна.
„Изгуби го чуварот, изгуби го семето, ајде да тргнеме понапред од злото“, запеа Ахмети.
Огнената група има забелешки за работата на партијата и бара промени во неа. Претходно, Меџити му порача на Ахмети:„да не го гори јорганот за неколку болви“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Министерот Муцунски во работна посета на Хрватска
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/05/mucunski-1.jpg)
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес (сабота, 29 јуни 2024г.) ќе престојува во работна посета на Република Хрватска, каде што на покана на министерот за надворешни работи на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман ќе учествува на Дубровник форум 2024.
Министерот Муцунски ќе има обраќање на панелот „Западен Балкан: Отворање на реформскиот потенцијал”.
На маргините на форумот, министерот ќе оствари и бројни билатерални средби со свои колеги од повеќе земји.
Македонија
Дел од улиците во Аеродром денес ќе бидат затворени поради градежни активности
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/09/soobrakjaen-rezim_.png)
Поради изведување градежни активности, денеска изменет режим на сообраќај ќе има во дел од скопската Општина Аеродром.
„На ден 29 јуни (сабота) на ул. ‘Борис Кидрич’ од крстосница со Ул. ‘Симеон Кавракиров’ до крстосница со Бул. ‘Кузман Јосифовски Питу ‘ – Општина Аеродром ќе се изведуваат градежни активности (гребење), па поради тоа ќе има изменет режим на сообраќај на наведените улици, информираат од изведувач на работите, компанијата ‘Гама градба’“.
Македонија
Сончево и потопло со мала до умерена облачност
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/dojran-2.png)
Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. UV=8
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степена.
Во деновите од викендот и во понеделник времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Дневните температури насекаде ќе бидат над 30 степени.
Во вторник се очекува повторно дестабилизирање на времето со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме.