Свет
Руски блогер го разоткри нападот на Краматорск: Приказната за 600 убиени Украинци е измама
Украинските сили ги одбиваат тековните руски напади врз Бахмут и други градови во Донбас на истокот на земјата, соопшти Киев, по демантирањето на тврдењата на Кремљ за 600 загинати украински војници, што исто така сериозно е доведено во прашање од руските блогери.
Русија изминатиот ден изврши седум ракетни напади, 31 воздушен напад и 73 ракетни фрлачи, објави главниот штаб на украинската армија во својот дневен извештај. Во него се наведува дека украинските сили одбиле напади врз 14 места и градови, меѓу кои и Бахмут. „Ројтерс“ не може самостојно да го потврди извештајот за ситуацијата на бојното поле.
„Бахмут се држи и покрај сè. Иако поголемиот дел од градот е уништен од руските напади, нашите војници одбиваат постојани руски обиди за напредување“, рече Зеленски во вечерното видеообраќање додавајќи дека „Соледар се држи, иако уништувањето е уште поголемо, а ситуацијата е многу тешка.
This is the intact building the Rashists claim 600 Ukrainian servicemen were destroyed in today in #Kramatorsk. pic.twitter.com/8OsBIHOw6b
— АЗОВ South (@Azovsouth) January 8, 2023
Зеленски повторно го осуди, како што рече, неуспехот на Русија да го почитува примирјето што го прогласи за православниот Божиќ.
„Русите го гранатираа Херсон со запалива муниција веднаш по Божиќ“, рече тој мислејќи на градот на југот на земјата што руските сили го напуштија во ноември.
„Удари врз Краматорск и други градови во Донбас – врз цивилни цели и тоа токму во моментот кога Москва известуваше за наводниот прекин на огнот за својата армија“, рече Зеленски.
Several foreign journalists in #Kramatorsk found no confirmation of the #Russian Ministry of Defense’s claims that hundreds of #Ukrainian servicemen were killed as a result of the missile strike. Thus, none of the dormitories in Kramatorsk mentioned by #Moscow were damaged. pic.twitter.com/WcvNpBATCO
— NEXTA (@nexta_tv) January 8, 2023
Русија во неделата соопшти дека во ракетен напад врз Краматорск, северозападно од Бахмут, загинале 600 украински војници, но репортерот на „Ројтерс“ на местото на настанот не нашол докази за тврдењата.
Новинарите на „Ројтерс“ посетија две згради од студентски дом, каде што, според руските наводи, украински војници биле привремено сместени во близина на линијата на фронтот во моментот на рускиот ноќен ракетен напад.
Се чини дека ниту една од двете згради не е сериозно оштетена. Исто така, нема очигледни знаци дека таму биле војници ниту, пак, траги од тела или крв. Искршени се некои прозорци на една зграда, а во дворот има голем кратер. Втората зграда, која руското Министерство за одбрана ја нарече Хостел бр. 28, е целосно недопрена.
Некои влијателни руски блогери ги критикуваа тврдењата на руското Министерство за одбрана за 600 убиени украински војници.
„Ајде да зборуваме за измама. Не ни е јасно кој и поради која причина одлучил сите 600 украински војници да загинат наеднаш ако всушност не била погодена зградата, дури ни струја не снемало“, напиша блогер со име „Воен информатор“ на „Телеграм“.
„Наместо вистинско уништување на непријателскиот персонал, што би бил вистинскиот одговор, измислена е ексклузивна медиумска операција на одмазда“, додаде тој.
Украина тврди дека убила 760 руски војници минатата недела во нападите врз Херсон и регионот Запорожје. И „Ројтерс“ не можеше да ги потврди тие извештаи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руски напади во Украина
Руските сили во текот на ноќта извршиле напади врз неколку украински региони, при што загинала најмалку една личност, а повредени се повеќе од десетина, меѓу кои и деца и постари лица, јавија регионалните власти.
Во Дњипропетровската област, руските сили го нападнале Дњипровскиот округ по полноќ. Повредено е 10-годишно дете, а оштетени се три куќи. Во близина на Никопол, имало артилериско гранатирање, но без жртви.
Во Запорошката област, во последните 24 часа, загинала една личност, а осум се повредени. Регистрирани се 577 напади врз 30 населени места со употреба на дронови, ракети и артилерија. Оштетени се најмалку 67 објекти, меѓу кои и домови и инфраструктура.
Во Херсон, гранатирањето околу 23:10 часот ја погодило населбата Корабељна. Повредени се три жени, од кои две се хоспитализирани. Во последните 24 часа во областа е регистрирана една жртва и 18 повредени.
Украинските власти предупредуваат дека ваквите ноќни напади се дел од континуирана стратегија на притисок врз цивилната инфраструктура.
Свет
(Видео) Киднапирањето на мајката на ТВ-водителката ја потресе Америка, семејството објави снимка: „Ќе платиме“
Американската телевизиска водителка Саванa Гатри и нејзиното семејство објавија ново видео во кое молат за безбедно враќање на киднапираната мајка, порачувајќи им на киднаперите: „Ќе платиме“. Нејзината мајка, Ненси Гатри, исчезнала минатиот викенд од својот дом во Тусон, Аризона, а властите веруваат дека станува збор за киднапирање, пишува Би-Би-Си.
„Ја примивме вашата порака и ја разбираме“, вели Гатри во видеото објавено во саботата навечер на Инстаграм, опкружена со братот и сестрата. „Ве молиме, вратете ни ја нашата мајка за да можеме да славиме со неа.“
View this post on Instagram
„Тоа е единствениот начин да најдеме мир“, продолжува таа. „Ова ни е бескрајно вредно. И ќе платиме.“ Во видеото не откри детали за пораката што ја спомнува.
Ненси Гатри исчезнала среде ноќ од својот дом минатиот викенд. Нејзиното отсуство било забележано кога во неделата не се појавила на богослужба. Властите утврдиле дека рано во неделата наутро камерата на влезната врата била исклучена и отстранета. Околу 2:28 часот по локално време, апликацијата поврзана со нејзиниот пејсмејкер била исклучена од телефонот.
Претходно оваа недела, властите соопштија дека сè уште немаат идентификувано осомничен. Понудена е награда од 50.000 долари за информации што би довеле до нејзино пронаоѓање.
Специјалниот агент на ФБИ, Хит Џенке, потврди дека се истражува можна порака за откуп испратена до неколку медиуми. Тој изјави дека пораката „содржела информации поврзани со рок и парична сума што се бара“. Властите во петокот соопштија дека се „свесни за нова порака поврзана со Ненси Гатри“ и ја проверуваат нејзината веродостојност.
Локална телевизиска станица потврдила дека примила порака, без да открие детали. Според порталот ТМЗ, киднаперите наводно барале милиони долари во криптовалута.
Семејството претходно објави видеа во кои побара доказ дека Ненси е жива и изрази подготвеност за разговор. ФБИ уапси едно лице поради испраќање лажна порака за откуп.
Семејството и полицијата предупредуваат дека Ненси може да биде во животна опасност без своите лекови.
„Таа е без своите лекови. Потребни ѝ се за да преживее“, изјави Саванa Гатри во претходна објава.
Претседателот Доналд Трамп изјави дека разговарал со Гатри и понудил помош од федералните служби. Шерифот на округот Пима, Крис Нанос, изјави дека истрагата продолжува и дека засега се верува оти Ненси е жива.
Саванa Гатри (54) е американска телевизиска новинарка и од 2012 година е ко-водителка на емисијата „TODAY“ на NBC News, како и главна правна дописничка и водителка на изборното покривање.
Свет
Вонредни избори во Јапонија: Такаичи подготвена да замине ако коалицијата загуби
Во Јапонија утрово започна гласањето на вонредните парламентарни избори, во услови на снежни врнежи низ целата земја, што би можеле да ја намалат излезноста, јавија јапонските медиуми.
Премиерката Санае Такаичи и нејзината Либерално-демократска партија (ЛДП), во коалиција со Партијата на иновации на Јапонија (ЈИП), се стремат да обезбедат мнозинство во Донниот дом на парламентот. Такаичи, која минатиот октомври стана прва жена премиер во Јапонија, најави дека ќе поднесе оставка ако коалицијата не добие мнозинство.
На изборите се кандидираа околу 1.300 лица за 465 места. Анкетите предвидуваат убедлива победа на коалицијата ЛДП–ЈИП. Се натпреваруваат и опозициски партии, меѓу кои Центристичкиот реформски сојуз, Демократската партија за народот, Комунистичката партија на Јапонија, Сансеито, Социјалдемократската партија, Реива Шинсенгуми и други.

