Македонија
Дипломатскиот синдикат: МНР неовластено им брцна во џебовите на вработените
Македонскиот дипломатски синдикат (МДС) реагира на висината на регресот што вработените во МНР го добиле, а изнесува 9.000 денари. Од таму бараат одговор од министерот Османи по кој критериум се исплатени парите.
„Принудени сме да се обратиме до јавноста бидејќи министерот Османи продолжува со старата пракса на игнорирање на прашањата на вработените искажувајќи целосо ненпочитување за нивниот интегритет и дигнитет.
Пред десетина дена МДС интерно упати прашање до министерот Османи на кој начин и по кој критериум во последните денови на минатата година беа исплатени 9.000 денари на име К15. Во согласност со законската регулатива и колективните договори, регресот К15 треба да изнесува најмалку 40 проценти од просечниот личен доход во државата. Во септември и октомври минатата година просечната плата изнесуваше повеќе од 32.500 денари, што значи дека требало да бидат најмалку 13.000 денари.
Јавно бараме одговор од министерот Османи зошто и со кое право МНР им брцна во џебовите на вработените и од секој вработен одзеде најмалку 4.000 денари?
Кој ќе понесе одговорност за неовластеното одземање средства што им припаѓаат на вработените? Потсетуваме дека просечната плата во МНР последните десетина години не е сменета од 27.000 денари, која во меѓувреме инфлацијата ја има преполовено како куповна моќ“, појаснуваат од Синдикатот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип
Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ.
Претходно, од 19:10 часот, поради сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани – Штип во близина на село Тркање, сообраќајот беше во целосен прекин.

