Спорт
Милер се збогуваше со Германија, па ја повлече одлуката

Томас Милер, разочаран од елиминацијата на Германија од Мундијалот во Катар, пред пет недели најави дека се повлекува од националниот тим. Сепак, се предомисли.
„Ова беше мојот последен натпревар. Беше големо задоволство. Направив се за љубов. Имавме неверојатни моменти заедно. На секој натпревар секогаш се трудев да го оставам срцето на терен“, изјави Томас Милер по елиминацијата од Мундијалот.
Меѓутоа, кога разочарувањето од неуспехот помина, Милер се предомисли. Милер во изјава за „Кикер“ ја потврди својата нова одлука.
„Ќе бидам на располагање на репрезентацијата се додека сум професионален фудбалер“, рече тој.
Милер за Германија дебитираше во 2010 година. Дресот на националниот тим го носел на 121 натпревар, на кои постигнал 44 гола. Во 2014 година, Милер со Германија стана светски првак.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Дончиќ ја избра најдобрата атмосфера во Европа

Лука Дончиќ се подготвува за новата сезона со Лос Анџелес Лејкерс. Словенецот најде време да гостува во емисијата “First we feast”, каде што јадеше пикантни крилца.
Словенечкиот кошаркар добро се сеќава на атмосферата од Евролигата, играше во многу сали, но една му остави посебен впечаток.
Дончиќ сè уште се сеќава на лудилото што го создадоа навивачите на Панатинаикос кога го носеше дресот на Реал.
„Србија, Грција и Турција имаат најдобра атмосфера. Најжешката атмосфера во која играв беше кога му гостувавме на Панатинаикос. Не можев да ги слушнам моите соиграчи. Натпреварот започна и губевме со 20:0.“
Дончиќ ја освои Евролигата со Реал во својата последна сезона во Европа, а потоа беше прогласен за најмлад МВП во историјата на ова натпреварување. После тоа, тој отиде во Далас, а оваа година стана член на Лејкерс.
Luka says Panathinaikos has the best crowd he has ever played at
YT/firstwefeast pic.twitter.com/ys8GsJt9Ci
— Luka Updates (@LukaUpdates) October 9, 2025
Спорт
Мбапе за Винисисус: Подобро е од минатата година

Заедно со Винисиус и Џуд Белингам, Килијан Мбапе е меѓу најважните запчаници во машинеријата на Реал Мадрид.
Францускиот напаѓач беше тој што зборуваше за односот што го има со бразилскиот крилен напаѓач.
Мбапе и Винисиус делуваат како хармоничен тандем на теренот, а тоа го потврди и најдобриот стрелец на Реал:
„Имам многу добар однос со Винисиус, многу подобар од минатата сезона бидејќи се познаваме подобро. Тој е одличен фудбалер и одлична личност“, рече Мбапе и додаде.
„Нашата цел е иста, да му помогнеме на Реал Мадрид да освојува титули.“
Килијан Мбапе е најдобар стрелец во Ла Лига со девет гола, на таа листа, Винисиус е трет со пет гола.
Фото/ „Икс“
Спорт
Милан се распрашува за Бернардо Силва

Бернардо Силва неодамна наговести дека би можел да го напушти Манчестер Сити кога ќе му истече договорот следното лето. Не е познато каде ќе ја продолжи кариерата Португалецот, јасно е само дека тоа нема да биде Манчестер Сити.
Италијанските медиуми тврдат дека челниците на Милан го контактирале Португалецот за да ги дознаат неговите намери на крајот од сезоната.
Силва не е заинтересиран за преселба во Саудиска Арабија, има 31 година и јасно е дека може да игра уштеуште неколку сезони на врвно ниво.
Силва пристигна во Сити од Монако во летото 2017 година за 50.000.000 евра. Ги освои сите можни трофеи, вклучувајќи шест титули во Премиер лигата и Лигата на шампионите.
Одигра неверојатни 416 натпревари, со 72 гола и 74 асистенции.