Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Али во Македонија има две маши, едната е Ковачевски, кој ги исполнува бизнис-желбите, вториот е Апасиев, кој мора да глуми патриот
„Али во Македонија има две маши. Едната е Ковачевски, кој ги исполнува бизнис-желбите и апетитите на ДУИ, вториот е фолирантот Димче Апасиев, кој мора да глуми патриот и во наредниот период ќе видиме како тој со празни зборови и со ФБ-статуси ќе треба да биде жесток бранител на Македонија, а делата му се еднакви на нула“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа што е константно, според оваа партија, е коалицијата во Град Скопје, каде што директорите на фолирантот Димче седат во иста клупа со директорите на Али и заедно со Ковачевски прават опструкции во општините во кои ВМРО има градоначалници.
„Затоа секогаш кога на Али ќе му притреба, му фрла гума за спасување на својот слуга Ковачевски, а за Апасиев теми за да биде актуелен. Интересно е како само СДС нема против оваа средба, каде што за македонските прашања – се координираат во Тирана. Очигледно, Али ќе ја учи и Тирана за зелената агенда или Тирана ќе спрема втора тиранска платформа, која после Али ќе му ја даде на Ковачевски?“, се посочува во соопштението од опозициската партија.
Оценуваат дека единствениот договор што треба да го има е обединување против криминалот и договор за избори за да народот одлучи!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Изгубени странски туристи безбедно извлечени преку езерото „Матка“
Вчера, на крајот од денот, по стемнувањето, на 112 во ЦУК е добиена пријава од странски државјани (турски), туристи, кои се наоѓале спроти ресторан „Кањон Матка“, на другата страна од езерото, односно акумулацијата „Матка“ и истите информирале дека се изгубиле и не можат во мракот да се движат, па побарале помош да преминат од спротивната страна каде што се наоѓа ресторанот и пешачката патека.
За таа цел било потребно пловно превозно средство (кајче, чамец). Регионалниот ЦУК Скопје координираше со институциите од Системот за управување со кризи и информираше дека дека за ова веднаш биле известени ПС Сарај и Општина Сарај и според повратните информации за околу еден час странските државјани биле извлечени од местото каде што се наоѓале и потоа безбедно биле префрлени преку езерото, односно акумулацијата „Матка“, извести ЦУК.
Скопје
ЦУК: Ќе се одглавуваат автомобилите кои заглавија на патот меѓу Горно Нерези и Средно Водно
Регионалниот ЦУК (РЦУК) Скопје известува дека од Општина Карпош вчера добиле информација дека патот меѓу Пантелејмон (Горно Нерези) и Средно Водно не е безбеден за движење со моторни возило и апелирале истиот да не се користи поради голомразица.
Вчера на овој потег беа регистрирани повеќе возила заглавени во снегот. По пренесувањето на пријавите од ЦУК до надлежните, е добиено известување од ЈП Македонијапат дека овој пат е од 4-та категорија на приоритет и дека вчера немале слободни машини за интервенција, бидејќи истите биле на расчистување на патот Кичево-Охрид и на Попова Шапка и дека денеска околу 10 часот ќе испратат машина за да се интервенира, извести ЦУК.
Македонија
Претпладне студено со магла, преку денот променливо облачно
Утрото ќе биде студено со појава на магла по одделни котлини, а преку денот променливо облачно со сончеви периоди во источните делови. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 1, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје претпладне студено со појава на магла, преку денот променливо со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 3 степени.
Времето во наредните денови
Ќе преовладува променливо облачно време со појава на утринска магла понекаде во котлините. Утринските температури ќе бидат претежно околу нулата, а дневните во делови од земјата ќе надминуваат 10 степени. Локални врнежи од дожд, а на планините од снег ќе има во вторник, а потоа се очекуваат и на крајот од неделата.