Спорт
Арсенал во второто полувреме го „скрши“ Оксфорд, закажа „пресметка“ со Манчестер сити
Третолигашот Оксфорд сити имаше сили за едно израмнето полувреме против лидерот во Премиерлигата, Арсенал, за на крајот „топчиите“ да стигнат до убедлива 0:3 победа во ФА купот и да закажат мега-пресметка со Манчестер сити во следното коло.
Мохамед Елнени во 63. минута го постигна првиот гол за „топчиите“, кои необично играа во целосно бели дресови, за само седум минути подоцна, Еди Нкетија да го удвои водството, пред во 76. минута да постигне уште еден гол за потврда на триумфот.
Со ова, Нкетија има четири постигнати гола во последните четири меча за тимот на Микел Артета.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Кварацхелија посакува трансфер во ПСЖ
Пари Сен Жермен го повлече првиот потег и ќе се обиде во преодниот рок да го ангажира, Квича Кварацхелија. Италијанските медиуми тврдат дека напаѓачот изразил желба да се пресели во Париз.
Наполи во новата сезона ќе влезе со нов тренер. Антонио Конте ќе застане на чело на тимот, но тој веднаш ќе се соочи со проблеми, бидејќи Наполи има намера да г продаде двајцата најдобри фудбалери. Покрај Кварацхелија на продажба е и Виктор Осимен.
Пробле за Конте е и фактото дека клубот сака да го напушти и капитенот Џовани Ди Лоренцо.
Од ПСЖ пристигнала понуда од 60 милиони евра за Кварацхелија, понуда која Наполи ја одбил. Првиот човек на клубот, Аурелио Де Лаурентис наваодно бара 100 милиони евра за Грузиецот.
Сезонава грузискиот фудбалер, кој ќе ја води репрезентацијата на ЕУРО во Германија, имаше учинок од 11 гола и девет асистенции на 45 натпревари.
Спорт
Очекувано: Акоста се сели во КТМ
КТМ Рејсинг потврди дека Педро Акоста од наредната сезона ќе вози за фабричкиот тим. Младиот Шпанец со КТМ потпишал повеќегодишен договор.
Акоста, познат и како ‘Ајкула’, од почетокот на кариерата ги брани боите на австриската компанија, а од дебито во кралската класа за Гас Гас го привлече вниманиетот на сите љубители на мотоциклизмот.
Младиот Шпанец, кој минатиот викенд наполни 20 години, стигна до подиумот на својата втора трка во најсилната категорија. До Германското ГП има можност да го надмине рекордот на Марк Маркез, кој е најмладиот победник во историјата.
Акоста дебитираше во Мото шампионатот пред нешто повеќе од три години, во првата сезона ја освои титулата во Мото3, а минатата сезона тој успех го повтори и во Мото2.
Досега има забележано 16 победи и вкупно 29 подиуми на 59 трки.
Доаѓањето на Акоста значи дека КТМ ќе го напушти Џек Милер, Бред Биндер има договор за следната сезона.
Овој викенд во Мото ГП шампионатот се гледа Големата награда на Италија во Муџело. Акоста заврши на седмото место во квалификациите и за спринтот и за главната трка во недела.
Спорт
Реал и Борусија во борба за најзначајниот трофеј во клупскиот фудбал
Вечерва на „Вембли“ во Лондон, Реал Мадрид и Борусија Дортмунд ќе се борат за најпрестижниот трофеј во клупскиот фудбал. Реал ќе игра за својата 15., а Борусија за втората титула европски првак.
Реал од стартот на сезоната се наоѓаше во најтесниот круг фаворит, тоа и го потврди со елиминацијата на се уште атуелниот шампион Манчестер сити. Од друга страна „милионерите“ од Дортмунд се вистинска сензација, а дека можат да направат нешто оваа сезона најавија кога од првото место ја минаа „групата на смртта“ во која беа ПСЖ, Милан и Њукасл.
Реал во групната фаза освои максимални 18 поени, потоа сите протвници во нокаут фаза ги мина со реми и победа. Јасно е дека Реал е фаворитот во големото финале.
Но, Лука Модриќ не мисли така. Свесен е дека невниманието и нетрпеливоста може да го чинат неговиот тим. Се игра еден натпревар така што и Борусија има свои шанси.
„Сите нè сметаат дека сме гоеми фаворити, но ние не мислиме така. Шансите се 50-50“, изјави Модриќ пред натпреварот на култниот „Вембли“.
Во преден план во белиот дрес ќе биде Тони Крос. Германецот вечерва ќе го одигра последниот натпревар за Реал..
Тренерот Карло Анчелоти, кој веќе е рекордер меѓу колегите со четири титули европски првак, ќе се обиде да гии мине легендите Сер Алекс Фергусон и Џовани Трапатони кои имаат седум трофеи во натпреварувањата на УЕФА.
„Имавме доволно време за да спроведеме вистински подготовки, тимот е навистина фокусиран, концентриран. Соблекувалната ја има потребната самодоверба да одигра најдобро што може. Ова е најважниот натпревар во сезоната за нас против ривал кој неизмерно го почитуваме. Веќе кажавме дека Борусија заслужува да биде тука и верувам дека се ќе оди како што планиравме“, изјави Анчелоти пред натпреварот.
Италијанецот реши меѓу стативите да биде Тибо Куртоа иако Белгиецот сезонава нема одиграно ниту една минута во Лигата на шампионите.
Не треба да се заборави дека Реал победи во сите осум финалиња во Лигата на шампионите во кои играше, еднаш против германски тим (во 2002 година против Баер Леверкузен), додека во шест меча против германски тимови оваа сезона забележа четири победи и две нерешени.
Един Терзиќ, тренерот на Дортмунд, реши да не ја гледа статистиката и се повика на познатата изрека дека „се е можно кога се игра само еден натпревар“.
„Јасно е дека важат за фаворити, но не ми е гајле. Ако играш со Реал десет пати, ќе биде тешко, 34 пати ќе биде невозможно, но ако одиграш еден натпревар, се е можно“, изјав Терзиќ.
Духот на Ларс Рикен ќе му биде потребен на неговиот тим, кој никој не го очекуваше оваа сезона во трката за титулата, иако донекаде го најавија кога завршија први во „групата на смртта“ пред Милан, Њукасл и Пари Сен Жермен, а потоа ги елиминираа во нокаут фазата ПСВ Ајндховен, Атлетико Мадрид и ПСЖ.
Многу работи ќе зависат од Грегор Кобел, кој е најдобар голман сезонава во Лигата на шампионите со шест натпревари без примен гол.
Слично како кај Реал и кај Борусија еден фудбалер ќе биде во фокусот. Марко Ројс последен пат ќе игра за Борусија. Сигурно е дека неизмерно го посакува трофејот, откако за малку не успеа во финалето против Баерн во 2013 година.