Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Веќе две недели скопјани се задушуваат во загаден воздух, Арсовска, СДС и Левицата мува не ги лази

Веќе 10-ина дена скопјани се задушуваат во загаден воздух, а коалицијата СДС, Левицата и Арсовска мува не ги лази. Наместо да предлагаат некакви полумерки и вонредни седници, нека седнат СДС и Арсовска, па макар тоа било и на тајна средба и нека донесат вистински и суштински мерки за загадувањето, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Полумерките на СДС се со единствена цел – да се полни касата на ЈСП ‘Скопје’ бидејќи директорот на ова претпријатие e кадар на СДС и преку тендери во четири очи со омилената фирма ‘Пуцко петрол’ да им ги украдат парите на граѓаните. А за возврат граѓаните да добијат намален број на градски автобуси наместо тој број да биде зголемен.
Целосна неодговорност од страна на СДС и Арсовска за здравјето на скопјани. Забораваат од СДС дека веќе 7 години се централна власт и немаат ниту еден проект за почист воздух и здрава животна средина во Скопје. Толку од зелените агенди на СДС и нивните коалициски партнери. Над 20 милијарди евра од изминатите буџети потрошени и украдени пари, а без ниту еден капитален проект за справување со загадувањето.
Сè што прави коалицијата СДС, Левицата и Арсовска е за личен профит и некој тендер плус, а на штета на граѓаните. Затоа најпотребни се предвремени парламентарни избори за излез од овие кризи за кои најодговорен е СДС“, порачаа од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Герасимовски: Исчистена депонијата под Кале, не дозволуваме центарци да се гушат во смет

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ – ПОЦ и вредните хигиеничари денеска спроведоа акција за чистење на депонијата кај полигонот на Кале.
Во изјава за медиумите, Герасимовски потенцираше дека изминатите четири години го сработуваат и она што Град Скопје не го работи.
„Денеска се чисти просторот под Кале, добро познатиот полигон, каде што се сочуваме со огромна депонија. Нема да дозволиме центарци да се гушат во смет. Заедно со нашите тимови на луѓе, заедно со хигиеничарите, заедно со сите вработени сме постојано на терен, дури и во ноќните часови. Изнајмивме дополнителна механизација за цело ѓубре што се прелева на улиците и на одредени депонии биде отстрането од наша страна“, вели Герасимовски.
Тој, истакна дека по завршувањето на чистењето на депонијата во населбата Крњево, викендов хигиеничарите продолжиле со чистење и целосно отстранување на опожарените бараки во кои беше сместен поранешниот Суд за прекршоци, кај салата „Партизан“ во Градскиот парк.
„Нашите служби, заедно со мене, заедно со директорот на ПОЦ Душко Коцевски ќе бидеме постојано на терен за да ја подигнеме хигиената на што повисоко ниво“, потенцираше Герасимовски.
Во чистењето на депонијата кај Кале, вклучена беше целата механизација со хигиеничарите, според соопштеното.
Соопштенија
ЗНАМ: Вложуваме во повеќе паркови и зеленило, инвестираме во здрава иднина на граѓаните

Движењето ЗНАМ – за наша Македонија, денеска ги претстави приоритетите од изборната програма за идниот мандат во Куманово посветени на подобрувањето на животната средина со повеќе паркови и зеленило.
„Зелените површини и парковите се белите дробови на градот. Тие обезбедуваат чист воздух, создаваат простор за одмор, дружење и рекреација, а истовремено ја зголемуваат убавината и квалитетот на урбаното живеење. Вложувањето во паркови и зелени површини значи инвестиција во здравјето на граѓаните, подобра животна средина и одржлива иднина за сите“ изјави кандидатот за советник од редовите на Движењето ЗНАМ Душан Крстиќ.
Тој нагласи дека Општина Куманово целосно ги реконструираше двата најголеми паркови – Соколанскиот Градскиот парк, исклучително важни локации што го разубавуваат градот и се одлично место за рекреација на граѓаните. А, за идниот период најавуваат уште позасилено темпо на работа и повеќе десетици проекти. Меѓу кои:
· Изработка на стратегија за урбано зеленило и делување според акцискиот план.
· Урбан сквер со зелена површина или мини парк во секоја локална заедница.
· Воспоставување катастар на зеленило.
· Заштита на сите неизградени, а планирани зелени површини во опфат на Генералниот урбанистички план и нивна реализација како уредено зеленило во паркови со урбана опрема.
Пет нови паркови:
· Изградба на нов парк на влез во с. Проевце;
· Изградба на урбан сквер „Гоце Делчев“ со парк, фонтана и урбана опрема на влез во населба Гоце Делчев;
· Нов парк на место на времените објекти на локалитет Табакана.
· Парк со урбан сквер и шеталиште до Спортската сала, спроти Градскиот кеј по должина на бул. „Октомвриска револуција“.
· Парк на улица „Карадачки одреди“ во населба Тоде Мендол.
· Збогатување на содржините на Спомен костурница со ново игралиште, нова урбана опрема, простор за пикник и рекреација.
· Изградба на урбани зелени скверови на локација Ловец, до поранешен хотел „Кристал“, на ул. „Гоце Делчев“, на завршеток на ул. „Илинденска“ со ул. „Доне Божинов“, на место на времени објекти помеѓу ул. „Трст“ и ул. „Доне Божинов“.
· Нови дрвореди на ул. „Ленинова“, ул. „Браќа Рибар“ (Нагорички сокак), бул. „Октомвриска револуција“, бул. „Трета МУБ“ и на други локации каде има услови.
· Уредување на сите водни текови согласно Студија за водни текови на територија на Општина Куманово.
· Уредување на просторот околу речните корита со зелени површини, трим патеки, урбана опрема и простор за рекреација.
· Промоција на позитивни примери на општествено одговорни граѓани, обезбедување грантови и кампањи за поттикнување на еко активизам.
· Пешачка патека во шумскиот предел на локација Студена вода со летниковци за одмор до с. Биљановце – погодна за развој на детско извидништво.
· Уредување на просторот меѓу ул. „Вараждинска“ и бул. „Октомвриска револуција“ со урбана опрема и зеленило.
· Уредување на државно неизградено земјиште меѓу блок згради на бул. „Октомвриска револуција“, како и во населба Гоце Делчев и Зелен Рид.
· Поставување на систем за наводнување „капка по капка“ на зелени површини долж бул. „Трета МУБ“, бул. „Октомвриска револуција“ и на други зелени површини.
· Поставување фонтани за пиење вода на повеќе локации.
· Поставување јавни тоалети во сите градски паркови и во центарот на градот.
„Куманово денес ја покажува својата посветеност кон поубава и поздрава животна средина. Секое засадено дрво е дел од нашата грижа за иднината, секој уреден парк е симбол на општината што мисли на своите граѓани.
Зелено Куманово не е само проект – тоа е наш заеднички дух, начин да покажеме дека се грижиме за градот и идните генерации. Со повеќе паркови, повеќе дрвја и чист воздух, Куманово станува град по мерка на човекот – модерен зелен дом за сите нас“.
Соопштенија
Бајовски: Чучер Сандево заслужува инфраструктура што функционира

Чучер Сандево заслужува инфраструктура што функционира, е пораката од вчерашниот митинг на ВМРО – ДПМНЕ и кандидатот за градоначалник, Зоран Бајовски во Чучер Сандево.
На митингот присуствуваа и претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христјан Мицкоски, потпретседателот и министер за правда, Владо Мисајловски и низа партиски функционери.
Бајовски е кандидат кој се обврзува на транспарентност и мерливи резултати, сплотен со тим поддржан од партијата.
Пораката на митингот беше: Чучер Сандево заслужува инфраструктура што функционира, чиста животна средина, поддршка за локалната економија и социјални политики кои ги штитат ранливите.