Македонија
Градоначалникот Ѓорѓиевски на божикен појадок со бизнис-заедницата од Кисела Вода
По иницијатива на градоначалникот Ѓорѓиевски, денес се одржа божикен појадок за стопанствениците од општина Кисела Вода. Бизнис-заедницата е една од најважните алки во напредокот на локалната заедница бидејќи ги детерминира одржливоста и перспективата на локалниот економски развој кој, пак, е клучен во унапредувањето на стандардот на нашите жители, истакна градоначалникот во своето обраќање пред присутните. Нагласи дека Општина Кисела Вода веќе цела година промовира нови политики на дејствување, кои се во насока на подобрување на деловната клима, и дека дијалогот помеѓу бизнис-заедницата и локалната самоуправа е значаен дел од тој процес. Лоцирањето на Кисела Вода на мапата на успешни општини значи силен придонес за целокупната домашната економија, значи намалување на невработеноста и повисок животен стандард за сите, потенцира градоначалникот Ѓорѓиевски.

„Добрата деловна клима е предуслов за креирање достоинствени и квалитетни работни места, за поттикнување на иновативноста и за зголемување на продуктивноста. Оттука, значењето на добрата комуникација помеѓу локалната самоуправа и претприемништвото, како сектор, добива уште поголема важност. На средбите, како денешната, ќе размениме мислења и идеи од кои, се надевам, ќе произлезат предлози за подобрување разни мерки во областите што се од интерес на бизнис-заедницата, сето ова низ призмата на тековните предизвици и објективните состојби поврзани со деловната клима. Општина Кисела Вода, од своја страна, веќе цела година промовира нови политики на дејствување преку промовирање транспарентна работа, доследно и прецизно почитување на законите и нула толеранција за корупција и криминално дејствување“, рече тој.

„Создаваме деловно опкружување во кое ќе се воспостави поголем степен на доверба во институциите на системот, креираме конкурентно опкружување, кое го дополнуваме со намалување на административните бариери, со скратување на времето на административните процедури, што најмногу ќе се почувствува по целосната дигитализација на Општината, чија имплементација веќе ја почнавме. Паралелно, деловната клима во Кисела Вода ја унапредуваме и преку зголемена соработка со вас како бизнис-заедница која преку своите деловни активности во пракса ги согледува добрите страни и евентуалните пропусти. Воедно, сметам дека постоењето комуникација помеѓу бизнис-секторот претставува извор на нови перспективи, размена на работни стратегии и креативни идеи, кои на секоја компанија може многу да ѝ помогнат во нејзиниот професионален развој. Сето ова може, треба и мора да биде заеднички интерес и цел“, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

