Економија
Ковачевски: Од утре исплата на јануарската финансиска поддршка за пензионерите
Премиерот Димитар Ковачевски заедно со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска денеска се сретна со претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Станка Трајкова и со претставници на Сојузот.
Ковачевски и Тренчевска ја остварија средбата во Сојузот на здруженија на пензионери, со цел да ги потврдат определбите на Владата за конкретна и постојана грижа за стандардот на пензионерите, информираат од владините служби.
На состанокот заеднички е констатирано дека е од голема помош поддршката од Владата на пензионерите, преку усвојувањето на новата методологија за пресметка на пензиите и антикризните мерки.
„На почетокот на новата година се сретнав со раководството и со членови на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, за да потврдиме дека партнерски продолжуваме да се грижиме за животниот стандард на пензионерите, преку системски и одговорни политики. А, не како во некои минати времиња кога пензионерите беа злоупотребувани за предизборни цели.
Утре пензионерите ќе ја добијат на своите сметки, втората исплата на финансиската поддршка за пензионерите со пониски пензии од 14.000 денари од вкупно четири исплати, односно финансиска поддршка во времетраење од четири месеци.
Минатиот месец, со исплатата на декемвриската пензија, финансиска поддршка од 1.500 денари добија 62.951 лице, чија пензија е до 11.525 денари и по 750 денари добија 65.704 лица, со износ на пензии од 11.526 до 14.000 денари.
Ова не е единствената финансиска поддршка за пензионерите предвидена со антикризни мерки.
Финансиска помош во вкупна вредност од 3.000 денари, добија 330.000 пензионери, за месеците март, април и мај 2022 година.
Пензионерите во 2023 година влегоа со повисоки пензии за околу 10%. Ова е историско покачување на пензиите и тоа за период од само една година.
Следува ново усогласување на пензиите за два месеца во оваа нова 2023 година, во месец март, според трошоците за живот и порастот на просечната плата. За една календарска година, растот на пензиите ќе биде околу 16%. И тоа календарска, неизборна година.
Оваа методологија, која ја утврдивме заедно со Сојузот на здруженијата на пензионери, работена според швајцарскиот модел, дава резултати на долг рок“, нагласи Ковачевски.
Тој додаде дека пензиите, од почетокот на пандемијата, до денес се исплаќаат дури и предвреме.
„Секако дека секогаш може и треба повеќе. И доколку се покаже потребно, повторно ќе интервенираме, со цел да го заштитиме животниот стандард на пензионерите.
Оваа Влада, покажа дека искрено се грижи за пензионерите и водејќи се од буџетските можности, стандардот на пензионерите никогаш не бил вака штитен, како денес“, рече Ковачевски.
Соопшти дека во Буџетот на Министерството за труд и социјална политика за 2023 година, предвиден е трансфер од околу 30 милијарди денари кон Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за навремена исплата на пензиите и за усогласувањата предвидени со закон.
„Интервенираме со краткорочни мерки кога е потребно, но истовремено носиме одржливи решенија, од коишто придобивките се на долг рок, за граѓаните, конкретно во овој случај за пензионерите и така продолжуваме да работиме”, најави Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Најважната задача која пред себе ја имаме е да го подобриме животот на граѓаните, рече Мицкоски
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот 18-ти Конгрес на партијата кој се одржува во спортскиот комплекс „Јасмин” во општина Кавадарци под мотото „Визија што гради држава – За генерацијата што доаѓа 2030“, имаше свое обраќање во кое се осврна на темата за стандардот. Тој истакна дека треба да се работи на системски мерки и решенија, а воедно и дека економијата треба да се раздвижи и домашните компании да се поддржат затоа што, како што вели тој, тие се рбетот на стопанството.
„Најважната задача, која пред себе ја имаме, е да го подобриме животот на граѓаните. Свесен сум дека нашиот народ живее тешко. Ние изминатите нешто повеќе од година и половина власт го посветивме на изградба на темели кои ги затекнавме разрушени. Но од годината што следи нашата основна задача е жилава борба за стандардот на граѓаните. За подобар живот и за создавање на систем кој нема да зависи од субјективните карактеристики на поединецот, туку од моралниот кодекс на заедницата. Систем кој служи на општеството и на она што претставува наша заедничка цел секој човек да има повеќе, да има повеќе пари, повеќе среќа и повисок стандард“, рече Мицкоски.
Мицкоски истакна дека и покрај намалениот наталитет, радува последниот податок на раст на бројот на новороденчиња во земјава. Тој посочи дека треба да се работи на системски мерки и решенија.
„Потребно е младите да ја добијат вистинската шанса која нема да зависи од политичката или било каква друга припадност, освен од сопствените капацитети и способности. Мора да го подобриме образованието. Знаењето и наобразбата е најважниот и најсигурниот клуч за излез од сиромаштијата. Економијата мора да се раздвижи дополнително, иако до сега се раздвижи најмногу во последната деценија, а домашните компании да се поддржат затоа што тие се рбетот на стопанството. Имаме тешка задача да се бориме против нашето исчезнување како држава и народ, а тоа е демографијата и намалениот наталитет. Радува последниот податок на раст на бројот на новороденчиња, но далеку сме од она што треба да биде вистински мотор на општеството, човечкиот фактор. И затоа треба да работиме на системски мерки и решенија. Помалку луѓе значи послаба економија. Послаба економија значи незадоволни луѓе. Така ја губиме државата. А ние сме премали за да се раситнуваме во секој поглед“, кажа Мицкоски и дополни:
„И кога ја говорам оваа тема за зголемен наталитет, мора да се даде одговор на две клучни прашања. Да се има чувство и грижа за оние кои имаат потешкотии да имаат свој пород, и државата ќе направи се за да помогне за зголемена и подостапна медицинска грижа. И второто прашање е да се помогне младите парови да стигнат до свој дом, затоа што навистина цените на недвижностите се нереални и свесен сум дека претставуваат голема грижа за многу луѓе“.
Економија
Мицкоски: Економијата мора да излезе од замката на ниски плати, до 2030 мора да направиме премин кон економија со високи компетенции
Македонската економија мора да излезе од историската замка на ниските плати, евтината работна сила и ограниченото производство. До 2030 година, земјата мора да направи структурен премин, од економија на евтина продукција кон економија на знаење, високи компетенции и додадена вредност, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во своето прво обраќање во отворениот дел на XVIII конгрес.
„Економската сила ја определува државната сила. Затоа Македонија мора да го напушти моделот на ниска продуктивност и зависност од увоз, и да премине кон економија којашто ќе се темели на знаење, технологија и иновации“, истакна Мицкоски.
Додаде дека овој премин бара системски реформски циклус во повеќе области:
„Индустрии базирани на знаење, технологија, ИКТ, биотехнологија, фармација, инженеринг, креативни индустрии. Ова е новата економска матрица. Земјата мора да вложува во области што создаваат висока додадена вредност и конкурентност на глобалниот пазар. Дигитализацијата и автоматизацијата се предуслов за приклучување кон европските и светските производствени синџири. Модернизацијата на бизнис секторот, новите дигитални технологии и технолошките паркови ќе создадат работни места со висока додадена вредност и ќе го зголемат извозниот капацитет“, рече Мицкоски.
Домашните компании, додаде Мицкоски, мора да станат мотор на раст преку силна институционална поддршка, капитално вбризгување, кредитни линии, намалени административни бариери и поддршка за раст.
„Националната економија е силна само ако домашните претпријатија се силни. Предвидлива фискална политика, стабилни даночни правила и долгорочно стратегиско планирање, усогласено со европските стандарди се предуслов за развој. Ниту една компанија не инвестира во држава во која даночните правила се менуваат со дневната политика. Довербата се гради со долгорочност, јасност и транспарентност“, посочи, меѓу другото, Мицкоски.
Економија
СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО
Декември е месец на посакување, полн со желби за исполнување – време кога празничните моменти нѐ зближуваат, кога малите гестови добиваат големо значење, а топлината ја чувствуваме во вниманието што си го подаруваме едни на други. Ова е период кога блискоста станува најубавата празнична приказна, затоа што среќата е најголема кога се споделува – и секогаш оди рака под рака со подарувањето.
Оваа година, СЕТЕК го бои декември во сино. Со кампањата BLUE DECEMBER, празничниот дух се преточува во месец исполнет со инспирација, идеи и среќни моменти – поддржани од најголемиот избор на техника, по најповолни цени. За нас, декември е време кога желбите полесно се исполнуваат, а радоста стигнува побрзо од кога било.
Во рамките на BLUE DECEMBER ќе оживеат низа празнични активности.
На Сетекнувало, кому секогаш нешто му текнува, ќе му доаѓаат нови идеи за исполнување желби.
Santa Blue ќе го разбуди празничниот дух кај секого, а Синиот караван, кој ќе патува низ салоните на СЕТЕК, ќе ја шири празничната атмосфера каде и да се појави.
Во салоните ќе ве пречека и посебно уредено Сино празнично катче, место каде што инспирацијата се раѓа сама од себе, а идеалниот подарок е секогаш на дофат. Ве покануваме да ја откриете вашата сина празнична приказна во СЕТЕК – место каде што желбите природно се спојуваат со радоста, создавајќи ја вистинската магија на празниците.
BLUE DECEMBER има една едноставна мисија: да донесе повеќе радост во секој дом.
Следете нè за повеќе информации.
Facebook:@setec.com.mk
Instagram: @setec.se.od.tehnika
(ПР)

