Македонија
Османи-Шаленберг: Австрија е долгогодишен партнер на Македонија во ОБСЕ и силен поддржувач во европските интеграции
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во својство на претседавач на Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ, во Виена, имаше работна средба со министерот за надворешни работи на земјата-домаќин на ОБСЕ Австрија, Александар Шаленберг.
На средбата, министрите разговараа за предвидените активности во рамки на претседавањето на Северна Македонија со најголемата светска регионална безбедносна организација, во 2023 година.
Тие разменија мислења за актуелните случувања во регионот на ОБСЕ, како и за улогата на Организацијата во справувањето со последиците предизвикани со агресијата на Руската Федерација врз Украина.
„Војната на агресија против Украина продолжува, а луѓето се првите кои ја почувствуваа мачнината која ја предизвикаа денешните геополитички превирања. Најмногу страдаат оние кои се директно изложени на војна и конфликт. Другите чувствуваат несигурност и неизвесност. Нивниот начин на живеење е доведен во прашање, секојдневниот живот е нарушен. Тие треба да се ослободат од стравот од војна“, потенцираше Османи.
Меѓу главните заклучоци од средбата беа обезбедувањето поддршка за функционалноста на институциите на ОБСЕ, кои нудат разновидни механизми во поддршка на обновувањето на мирот и безбедноста, спречувањето на идни конфликти, како и промовирањето на соработката низ регионот на ОБСЕ.
Република Австрија е долгогодишен партнер на Северна Македонија во ОБСЕ и нејзин силен и гласен поддржувач во европските интеграции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина
Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Според информациите на МВР, вчера во 13:30 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го приведоа Н.И.Л.(47) од Република Бугарија затоа што при гранични проверки и извршен преглед во содејство со царински службеници на патничко возило „хонда џез“ со бугарски национални ознаки, со кое допатувал, биле пронајдени и одземени метален боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Од Основен суд Крива Паланка му била изречена парична глоба и санкција „протерување на странец од земјата“ во траење од една година.
На 13.01.2026 во 02:10 часот Н.И.Л. е спроведен во Граничниот премин Деве Баир и е предаден на бугарските погранични полициски служби.
Македонија
МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика
Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба.
„Поради влошената безбедносна состојба во Исламска Република Иран, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија апелира до македонските граѓани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, истата да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика. Истовремено, се апелира да се одложат сите патувања кон Иран кои не се неопходни“, велат од МНР.
Министерството за надворешни работи ги има ставено на располагање сите свои капацитети за асистенција на државјаните на Република Северна Македонија, преку 24-часовниот СОС дежурен телефон +389 75 268 736, електронската адреса [email protected], како и преку дежурниот телефонски број на Дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија во Анкара: +90 539 456 97 10.
фото/епа
Македонија
Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став 2 од Кривичен законик.
Јавниот обвинител предложи судијата на претходна постапка да определи мерка притвор спрема осомничениот бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и околности го оправдуваат стравувањето дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело.

