Македонија
Ковачевски – Сарацин: Европската иднина на земјата зависи од сите нас
Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, утрово имаше телефонски разговор со специјалниот пратеник на Сојузната влада на Германија за земјите од Западен Балкан, Мануел Сарацин.
Премиерот и специјалниот пратеник разговараа за предизвиците што ги наметна енергетската и економската криза, како и за чекорите што ги презема Владата со антикризните мерки за да им олесни на граѓаните и стопанството да ги надминат. Дополнително се разговараше и за позитивните политики со кои Владата успеа да обезбеди домашно производство на струја како за стопанството така и за граѓаните.
Премиерот ги потенцира заложбите на Владата за полноправното членство на Северна Македонија во Европската Унија, што е и стратешка цел на земјата, која македонското Собрание ја реафирмира во 2001 година со донесување на Законот за ратификација на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, со што почнаа формалните односи со ЕУ.
Ковачевски и Сарацин разговараа за процесот на скринингот, кој почна на 15 септември 2022 година, а се очекува да заврши во ноември годинава и истакна дека проекцијата оди брзо и ефикасно. Воедно, премиерот Ковачевски и специјалниот пратеник Сарацин разговараа и за уставните измени, кои, како што беше посочено, ќе поминат низ процедура на дискусија и консултации. Северна Македонија е на патот што води кон напредок и просперитет, а тоа е членство во ЕУ, затоа е потребна широка поддршка за уставните измени. Премиерот изрази надеж дека сите политички партии ќе работат заедно за да се унапредат реформите за побрзо членство во ЕУ.
Во телефонскиот разговор беше потенцирана важноста за нашата земја, која во 2023 година е претседавач со ОБСЕ. Премиерот ја истакна важноста за меѓународниот успех на Северна Македонија како и дека претседавањето со Организацијата е признание за покажаниот напредок што како земја го демонстрираме во изминатите години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Фокус на менталното здравје на децата и младите на „Денови на психологијата“
Комората на психолози на Република Македонија и годинава ја организира акцијата „Денови на психологијата“, соопштија од Комората. Целта е афирмација на професијата, промоција на дејноста и улогата на психологот во општеството, како и доближување на психолошката поддршка до пошироката јавност.
Под слоганот „Грижа за менталното здравје на децата и младите – градење на здрава иднина“, овогодишното издание го става фокусот на растечката потреба за рано препознавање, зајакнување и поддршка на менталното здравје на најмладите.
Комората упати јавен повик до сите психолози да се пријават за учество во реализацијата на психолошки активности што ќе се одржуваат од 1 до 10 декември 2025 година.
Агендата за „Денови на психологијата 2025“ ќе биде достапна на официјалните страници Instagram: denovinapsihologija и Facebook: Денови на психологија, каде ќе се објавуваат датумите, термините и локациите на настаните, информации за онлајн вебинарите и извештаи од реализираните активности.
Македонија
Економијата и инвестициите во фокусот – работни средби на Муцунски во Литванија
Во рамки на вториот ден од работната посета на Вилнус, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски оствари одвоени средби со министерот за економија на Литванија, Едвинас Грикшас, и со претседателот на Конфедерацијата на индустријалци, Видмандас Јанулевичиус.
На средбите, Муцунски го претстави силниот ангажман на Владата за создавање поволна деловна клима преку атрактивни стимулации, современа регулатива и висококвалификувана работна сила. Тој истакна дека привлекувањето нови компании во клучни области како технологијата и иновациите, отворањето работни места и забрзувањето на економскиот раст и развој се врвен приоритет на економскиот ресор.
Разговорите беа насочени и кон можностите за интензивирање на економската соработка, како и кон конкретни иницијативи за унапредување на трговијата и инвестициите меѓу двете држави – на владинo и на компанискo ниво.
Македонија
Водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ е исправна и може непречено да се употребува, велат од „Водовод“ по труењето во училиштето
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека по извршениот вонреден мониторинг, водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во општина Карпош е целосно безбедна за употреба.
„ЈП Водовод и канализација – Скопје на ден 26.11.2025 година изврши вонреден мониторинг врз основа на пријава од ООУ Димо Хаџи Димов, општина Карпош.
Секторот за санитарна контрола зема 4 примероци од две локации (училница и кујна) од кои две за физичко-хемиска анализа и две за микробиолошка анализа.
Од добиените резултати сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки одговараат на Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ бр.183/18), при што констатираме дека водата во ООУ Димо Хаџи Димов во општина Карпош е санитарно исправна и истата може непречено да се употребува“.

