Европа
Будимпешта: Неприфатлива одлука на ЕК за одбивање средства на универзитетите
Унгарија денеска оцени дека не е прифатлива одлуката на Европската комисија да им одбие средства од фондот на ЕУ на одредени унгарски универзитети нагласувајќи дека Будимпешта ги исполнила барањата на Унијата во однос на измените.
Европската комисија во декември објави дека ќе задржи 22 милијарди евра од кохезионите фондови на ЕУ за Унгарија додека владата во Будимпешта не ги исполни условите поврзани со независноста на судството, академската слобода, правата на ЛГБТ и системот за азил, објави „Срна“.
Шефот на кабинетот на унгарскиот премиер, Ѓерѓи Гуљас, рече дека одлуката на Комисијата, која влијае на институциите управувани од таканаречените фондации на јавен доверба, е неоправдана бидејќи Унгарија го исполнила барањето на Брисел за промени, пренесе „Танјуг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Полицијата го бркаше убиецот со меч низ Лондон, објавена е снимка
Би-би-си објави снимка на која се гледа лондонската полиција која го брка напаѓачот со нож, кој денеска уби 13-годишно момче и повреди неколку други.
На снимката се слушаат полицајците како им викаат на граѓаните: „Заклучете ги вратите“.
Полицијата смета дека не се работи за терористички напад.
Полицајците уапсија маж вооружен со меч по извештаите за сериозен инцидент со прободување во североисточен Лондон.
Со електрошокер бил совладан 36-годишниот маж кој мавтал со меч.
„Со голема тага можам да потврдам дека 13-годишното момче кое беше избодено, почина во болница набргу откако му биле нанесени убодите“, изјави началникот на лондонската полиција Стјуарт Бел.
Уште две лица и двајца полицајци се во болница поради убодни рани и се надвор од животна опасност.
„Не мислиме дека постои закана за пошироката заедница, полицијата не бара други осомничени и се чини дека овој инцидент не е поврзан со тероризам“, рече Бел.
Европа
Полските земјоделци повеќе нема да ја блокираат границата со Украина
Полските фармери го откажаа протестот на последниот блокиран граничен премин со Украина, објавија Киев и Варшава, ставајќи крај на повеќемесечната криза која ги наруши билатералните односи меѓу двете земји.
Украинскиот министер за земјоделство ја поздрави „конструктивната работа“ на Полска за укинување на блокадата, наведувајќи во соопштението дека преговорите со Варшава и индустриските здруженија не биле лесни, но „главната работа е што резултатот е постигнат“.
„За среќа, сите правци на границата со Полска се деблокирани“, изјави портпаролот на украинската гранична полиција Андриј Демченко, додавајќи дека полските фармери го ослободиле пристапот до преминот Рава-Руска.
Камиони утринава почнаа да ја минуваат границата во двата правци, рече тој.
Портпаролот на полската гранична полиција Анджеј Јузвијак изјави за Ројтерс дека Украина може да се премине „непречено“ на сите премини.
Полските земјоделци и камионџии ги блокираа граничните премини со Украина од крајот на есента минатата година во знак на протест против нелојалната конкуренција.
Како главна причина тие ја наведоа пасивноста на владата кон губење на работни места поради странските конкуренти од почетокот на војната во Украина, бидејќи камионџиите од Украина беа ослободени од обврската да имаат дозвола за преминување на полската граница.
Европа
Шпанскиот премиер останува на функцијата, нема да поднесе оставка
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска одлучи да остане на функцијата што ја извршува од летото 2018 година, иако претходно овој месец судија во Мадрид отвори истрага против неговата сопруга за можна корупција.
„Решив да продолжам, со уште посилна сила на чело на владата“, рече Санчез во говорот од владината зграда.
Санчез, лидер на шпанската социјалистичка работничка партија (ПСОЕ), во средата ги суспендираше сите должности за да „размисли“ пет дена дали вреди да остане на функцијата поради „лажни обвинувања“ и „напади врз неговата сопруга“.