Регион
Во Панчево истекол амонијак од цистерна, едно лице пренесено во болница
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/01/amonijak-cisterna-eleznica.jpg)
Од цистерна во населбата Топола Рит кај Панчево синоќа истекол амонијак. Инцидентот се случил на товарната линија. На едно лице му е укажана лекарска помош и е префрлено во болницата во Панчево, каде што е на терапија со кислород.
Според сознанијата на српските медиуми, истекувањето амонијак се случило околу 23 часот. Полицијата и пожарникарите излегле на самото место. Тие сè уште се на теренот.
Жителите од десетина куќи во близина се евакуирани. Според извештаите, веќе нема никаква опасност за граѓаните.
Железничката пруга, каде што дошло до истекување, води кон Азатори.
На југоистокот на Србија воз со амонијак излета од шините на 25 декември 2022 година поради што 51 лице беа хоспитализирани. Во возот имало 20 цистерни со амонијак, а најмалку една од нив паднала во коритото на реката Нишава при лизгањето, што предизвикало бурна реакција на амонијакот во контакт со водата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Инцидент на српскиот претседател Вучиќ: се откачи тркало на автомобилот со кој патуваше, се проверува дали пукнала гумата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/trkalo-Alkesandar-Vucic.jpg)
Патувајќи кон Мокрин, на север од Србија, на претседателот Александар Вучиќ му се случи инцидент, јавуваат српските медиуми. Се откачило едно од тркалата на автомобилот со кој патувал. Тој бил пренесен во друг автомобил, а посебна истрага која е во тек, треба да покаже што се случило.
„По посетата на Меленци отидов во Мокрин пред големиот собир во Кикинда и на пат бев со мојот автомобил, а ќе ви дадам неколку објаснувања. Значи, дали пукна гумата, тоа треба да утврдат надлежните и тие ќе го утврдат тоа. Пристигнав во Мокрин и се префрлив во друг автомобил“, рече претседателот Вичиќ по инцидентот со тркалото.
Регион
Тлото на Санторини не мирува, серија од 20 земјотреси се регистрирани на грчкиот остров
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/12/santorini.jpg)
Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 9.16 часот во Грција, на Санторини каде е прогласена вонредна состојба по серијата силни земјотреси кои со денови го потресуваат, принудувајќи илјадници луѓе да се евакуираат.
Епицентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓал на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
Претходно, земјотрес со јачина од 3,4 степени беше регистриран во 8.33 часот. а две минути пред тоа земјотрес со јачина од 3 степени. Истата магнитуда на земјотресот е забележана и во 7.54 часот. И нешто по 19 часот земјотрес со јачина од 3,4 степени.
Од полноќ на Санторини се регистрирани повеќе од 20 земјотреси.
Регион
Вучиќ: Имаме речиси пет милијарди евра на сметка, БДП годинава достигнува 90 милијарди
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/александар-вучиќ-2.jpg)
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека Србија во моментов има речиси пет милијарди евра на сметката, што е цифра што на сметките ја немаат ни земји 10 пати поголеми од нив.
„Во изминатите 12 години го зачувавме мирот, имавме целосна стабилност. Имавме најголем раст во историјата на Србија, сакале или не – од 32 милијарди бруто домашен производ тогаш, оваа година ќе завршиме со 89-90 милијарди“, рече Вучиќ за време на разговорот со граѓаните.
Тој посочи дека Владата се обидела на сериозен начин да ја заштити јавната каса, наведувајќи дека „секогаш имаме пари за инвестирање и секогаш можеме да им помогнеме на оние на кои тоа им е најпотребно“.