Црна хроника
Затвореникот го зел пиштолот на полицаецот, со него го ранил, па побегнал
Бегството на затвореникот од „Идризово“ се случило пред полноќ. Четворица затворски полицајци го спроведувале во болница, потврдуваат од МВР.
Во пријавата стои дека целата драма се случувала на автопат. Било пукано со пиштолот на полицаецот откога му бил одземен.
„Вработените во затворската полиција, кои биле со комбе ‘форд транзит’ на затворската полиција, побарале помош од полициски службеници на СВР Скопје бидејќи, според нивната пријава, додека вршеле спровод на осуденикот Б. М. од КПУ ‘Идризово’ кон Ургентниот центар ‘Мајка Тереза’, на автопатот осуденикот му го одзел пиштолот на возачот И. Х. (вработен во затворската полиција), пукал и го ранил И. Х.. Потоа осуденикот избегал со патничко возило ‘ауди’”, велат од МВР.
Повредениот вработен во затворската полиција е пренесен на Ургентниот центар за укажување лекарска помош.
„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, додаваат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична пријава за директорка на училиште во Делчево, без да спроведе транспарентна постапка извршила набавка
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.Ц. (52) од Делчево, директорка на средно училиште, поради постоење сомневање за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Таа, без да спроведе транспарентна постапка за набавка на стоки и услуги, извршила набавка од повеќе правни лица во вкупна вредност од 905.482 денари, а со Законот за јавни набавки е предвидено дека износот на извршени набавки без спроведена јавна набавка во текот на годината не смее да го надмине износот од 12.000 евра во денарска противвредност.
Црна хроника
Жена нападната од својот сопруг во семејниот дом
Вчера во 18:35 часот во СВР Скопје, 30-годишна жена пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот сопруг О.Ѓ.(38) од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Обид за убиство во гостиварско
СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.З.(63) од с.Церово, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“, „предизвикување на општа опасност“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и против Х.А.(38) од с.Церово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 04.05.2024, по претходна расправија помеѓу пријавените, првопријавениот испукал три куршуми од автоматска пушка, по што бил физички нападнат од второпријавениот.