Свет
Болсонаро ја изпразнил државната картичка: Плаќал вечери по 20.000 долари, оставил богатство во пекарници
Официјалната кредитна картичка на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро открива колку тој навистина е екстравагантен – тој потрошил пет милиони американски долари за време на неговиот четиригодишен мандат, што не е чудно ако се земе предвид дека платил повеќе од 21.000 долари за едноставна скромна вечера.
Имено, во петокот новата бразилска влада на својата веб-страница објави изјава за состојбата на сметката на официјалната картичка на поранешниот шеф на државата. Заедно со Болсонаро, неговиот тим од 21 лице исто така имал пристап до кредитната картичка.
За разлика од неговите претходници, Болсонаро беше таинствен за трошоците, но неговиот наследник Луис Инасио Лула одлучи да го објави тоа јавно. Болсонаро рече дека не потрошил „ниту еден денар“ со картичката, но сметките покажуваат поинаку.
Така, Болсонаро потрошил повеќе од 235.000 американски долари на годишни одмори во 2019, 2020 и 2021 година.
На бензинска пумпа еднаш тој потрошил речиси 14.000 долари и 286.000 долари за неколку престои во луксузен хотел во Гуаруча, туристички град веднаш надвор од Сао Паоло.
Сепак, изгледа дека Болсонаро најмногу потрошил на раскошни ручеци и вечери. За време на посетата на релативно евтин ресторан во Боа Виста, во државата Рораима, со картичката на претседателот платена е сметка од повеќе од 21.000 долари.
Во текот на четири години, тој оставил повеќе од 71.000 долари на пекарница во Рио де Жанеиро, со едно купување во вкупна вредност од речиси 11.000 долари. Таа сума е потрошена ден по венчавката на синот на Болсонаро и пред велосипедскиот собир организиран од приврзаниците на Болсонаро на улиците на Рио.
На пример, повеќе од 1.600 долари се потрошени за сладолед.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сали и Бегај разговараа за политичката состојба и европската интеграција на двете земји
Првиот заменик‑претседател на Владата, Беким Сали, оствари официјална средба со Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на која се дискутираше за актуелната политичка ситуација и за соработката помеѓу двете земји.
За време на средбата, двете страни разменуваа мислења за политичките случувања и за продлабочувањето на институционалната соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија.
Првиот заменик‑претседател на Владата, Сали, истакна дека Албанците во Северна Македонија се претставени на најдобар можен начин, играјќи активна и конструктивна улога во државните институции, придонесувајќи во донесувањето одлуки и во клучните процеси кои се поврзани со стабилноста, демократскиот развој и европската перспектива на земјата.
На средбата беше нагласено дека Република Северна Македонија и Република Албанија, покрај тоа што се соседни и пријателски земји, имаат и заеднички аспирации во процесот на европска интеграција.
Свет
Две жртви во трамвајската несреќа во Милано, истрагата насочена кон возачот
Во тешка несреќа во Милано загинаа две лица, а 39 се повредени откако трамвај излета од шините и удри во зграда на улицата „Виале Виторио Венето“, во близина на „Порта Венеција“.
Една од жртвите е 60-годишен пешак кој останал приклештен под возилото, додека вториот загинат е патник кој починал во болница од здобиените повреди.
Истрагата е насочена кон возачот, кој наводно изјавил дека му се слошило непосредно пред несреќата. Се проверува можноста за ненадејна здравствена состојба, особено затоа што трамвајот ја прескокнал последната станица пред свиокот. Првичните проверки не покажале технички дефект.
Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, изјави дека најверојатно причината не е механички проблем и дека станува збор за ново возило управувано од искусен возач. Отворена е истрага.
Несреќата предизвика реакции од италијанските власти, кои изразија сочувство и најавија целосно утврдување на околностите.
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos

