Европа
Во најстудениот град во светот е -50°C

Температурите во најстудениот град на светот паднаа до минус 50 Целзиусови степени, пишува Си-ен-ен.
Градот Јакутск во источен Сибир, кој е познат како едно од најстудените места во светот, доживеа невообичаено долг студен бран.
Јануари е најстудениот месец и иако се навикнати на ниски температури, жителите на оддалечениот регион преземаат дополнителни мерки на претпазливост за да се загреат.
„Не можете да се борите со тоа“, изјави за „Ројтерс“ еден жител облечен во две марами и повеќе слоеви ракавици, капи и качулки. Или ќе се приспособите и ќе се облечете соодветно или ќе страдате“.
„Треба само топло да се облечеш. Слоевито, како зелка“, вели друг жител.
Во Јакутск живеат нешто помалку од милион луѓе, а зимите таму може да бидат екстремно студени, дури и според руските стандарди, пишува С0-ен-ен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русите го нападнаа Днепар со дронови: двајца загинати, меѓу повредените и деца

Русија синоќа изврши масовен напад со дрон врз градот Днепар во југоисточна Украина, при што загинаа две лица.
Серхиј Лисак, гувернер на регионот Дњепропетровск, извести дека загинале две жени, а во моментов се знае дека се повредени 16 лица. Меѓу повредените има три деца, девојче на само девет месеци и момчиња на возраст од шест и единаесет години. Пет лица во моментов се на болничко лекување.
🇷🇺 Slavyangrad on Telegram posted this picture of Dnepropetrovsk hit by Geranium-2 drones
🕊️ℹ️ IMO given the necessary time, Russia will seek to liberate Dnipropetrovsk, Zaporizhzhia, Kharkiv, Kherson, Mykolayiv and Odessa pic.twitter.com/LzKGcLGk9F
— 🇿🇦🇨🇺🇵🇸 White EFF Fighter (@lula_leftist) April 17, 2025
Покрај тоа, Лисак додаде дека нападите предизвикале неколку големи пожари кои оштетиле приватни домови и згради, како и образовна институција. Борис Филатов, градоначалникот на Днепар, додаде дека руските беспилотни летала го гаѓале и градското собрание.
Претходната ноќ, црноморскиот пристанишен град Одеса повторно беше мета на руски беспилотни летала, а за време на тој напад беа повредени три лица, а беа предизвикани и пожари, како и оштетувања на куќите и цивилната инфраструктура.
Европа
Русите ја нападнаа Одеса

Во напад на руски беспилотни летала врз пристанишниот град Одеса на Црното Море во текот на ноќта повредени се три лица, предизвикани се пожари и оштетени се домови и цивилна инфраструктура, соопштија утринава властите во јужниот украински регион.
„Непријателот повторно ја нападна Одеса со масовен напад со беспилотни летала“, рече Олех Кипер, гувернер на регионот, чиј административен центар е градот Одеса, на апликацијата за пораки „Телеграм“, но сè уште не е познат целосниот обем на нападот.
Украинските воздухопловни сили обично известуваат за детали за руските напади што траат во текот на ноќта подоцна утрото.
Во објава на „Телеграм“ службите за итни случаи на Украина објавија дека три лица се повредени и дека како резултат на нападот избувнале неколку пожари во градот.
Градоначалникот на Одеса, Генадиј Труханов, објави фотографија на која се урнати станбени згради и други објекти, а на друга работниците за итна помош бараат низ урнатините, а куче ѕирка зад куп дрва.
„Ројтерс“ не можеше независно да ги потврди извештаите. Двете страни негираат дека целеле цивили во војната што Русија ја почна со сеопфатната инвазија на Украина пред повеќе од три години.
Кон крајот на март САД соопштија дека постигнале посебни договори со Украина и Русија за запирање на нападите над Црното Море и едни со други енергетски цели.
Двете страни постојано меѓусебно се обвинуваат за кршење на мораториумот.
Европа
Најнови информации за здравјето на папата Франциско: Ватикан се огласи во пресрет на Велигден

Здравјето на папата Франциско се подобрува, со забележителни подобрувања во неговите моторни, респираторни и гласовни функции, соопшти прес-службата на Ватикан.
Папата, кој ја напушти римската болница „Гемели“ на 23 март, каде што се лекуваше од пневмонија, наводно ги продолжува своите работни активности и средби со претставници на Светата столица, а подготвил и напишал медитации, кои ќе бидат прочитани за време на богослужбата на Велипеток во пресрет на Велигден.
Прес-службата објави и дека папата сега поретко прима кислородна терапија, која во моментот е сè поограничена, а продолжува и со физиотерапијата, пренесува „Ватикан њуз“.
Објавен е и планот за прослави и миси за време на Страсната недела, но сè уште не се знае дали на нив ќе присуствува и поглаварот на Римокатоличката црква.
Папата Франциско периодот од 14 февруари до 23 март го помина во болница, во кој се лекуваше од билатерална пневмонија.