Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Дали власта на Ковачевски свесно дозволува криминалците да пустошат и да бегаат од затворите?
„Со власта на СДС и ДУИ македонската реалност се претвори во крими-филм. Последниот скандал со бегството на затвореникот од затворот ‘Идризово’ покажува дека се случува распад и на затворскиот систем во државата. Овој случај само покажа дека и во овој сектор администрација е наполнета со партиски војници на криминалните партнери СДС и ДУИ и затоа се случуваат вакви бегства“, соопштуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат „токму командирот на смена во ‘Идризово’, Срѓан, ‘со шефот до крај’ Димитриевски и затворскиот полицаец Идриз Асани, двајцата одговорни во моментот на бегството, се истакнати членови на СДС и ДУИ и блиски до високи функционери на власта“.
„Ова отвора многу прашања на кои Ковачевски и Зечевиќ избегнуваат да дадат одговор. Како е можно лице фатено во дело поткуп да биде командир на смена во затвор? Дали некој зел поткуп и му помогнал на затвореникот да избега? Дали, освен овие вработени во затворската администрација и власта, има и покрупни риби што треба да одговараат за бегството? Дали Ковачевски, Зечевиќ и власта на СДС и ДУИ свесно дозволува да се загрозува безбедноста во Македонија овозможувајќи криминалот да пустоши на улиците, а затворениците да бегаат од затворите?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Студени утра, посвежи денови: променливо облачно време со сончеви периоди
Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен западен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 3 степени.
До крајот на седмицата ќе се задржи стабилно и суво време. Од среда по котлините ќе има услови за појава на магла, а температурата ќе биде во благ пораст.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР

