Забава
Принцот Хари го победи Обама за титулата најбрзо продавана книга на сите времиња

Автобиографијата на принцот Хари, „Резерва“, собори рекорди по објавувањето на 10 јануари, дури и ја надмина книгата на Барак Обама и стана најбрзо продавана нефиктивна книга на „Пингвин рендом хаус“ на сите времиња.
Како што пишува „Њујорк тајмс“, мемоарите на војводата од Сасекс стана најпродаваната нефиктивна книга на издавачот на првиот ден од објавувањето со 1,4 милион продадени примероци првиот ден и претпродажба во САД, Велика Британија и Канада. Книгата во Обединетото Кралство се продаде во 400.000 примероци.
Во изјава за „Холивуд репортер“, Џина Центрело, претседателка на „Рендом хаус груп“, нагласи: „Гледајќи ги овие извонредни продажби од првиот ден, читателите јасно се согласуваат, Spare е книга што бара да се чита и тоа е книга сo која се гордееме што ја издадовме.“
Спротивно на тоа, книгата A Promised Land („Ветена земја“) на поранешниот американски претседател Барак Обама, во 2020 година забележа 887.000 продадени примероци во првиот ден во САД и Канада, а на мемоарите на неговата сопруга Мишел Обама, Becoming, ѝ требаше една недела да се продадат 1,4 милион примероци. Успехот на книгата на принцот Хари е особено вреден со оглед на тоа што беше обелоденета неколку дена пред објавувањето, па дури и случајно беше пуштена во продажба во Шпанија пет дена пред објавувањето.
Бројката ги вклучува сите формати и изданија вклучувајќи е-книги и печатени копии.
„Првиот цел ден од продажбата на Spare претставува најголемата вкупна продажба од прв ден за која било нефикциска книга досега објавена од Penguin Random House, најголемиот трговски издавач во светот“, според списанието „Пипл“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
„Досадните“ комбинации повторно во тренд

Можеби изгледаат како најосновни, па дури и малку досадни бои кога се носат одделно, но кога црно-белото ќе се спои – се случува вистинска модна магија.
Оваа вечна модна комбинација стана неопходен „дрес-код“ за сите љубители на тивкиот луксуз, кој владее на пистите, на „Инстаграм“ и во првите редови на модните ревии во целиот свет.
Она што ја прави црно-белата боја неодолива не е само контрастот, туку и чувството на ненаметлива елеганција што ја носи оваа палета. Постојат беспрекорни силуети, луксузни материјали и совршени кроеви, кои го подигнуваат дури и наједноставниот изглед на ниво на модна изјава.
Ако се прашувате од каде да почнете, одговорот е едноставен: изберете парчиња во црно-бела боја, кои имаат чисти линии и се изработени од квалитетни материјали.
Забава
Тивок убиец на модерниот човек

Замислете болест што полека го ослабува вашето срце, го забавува вашиот метаболизам, ги оптоварува вашите зглобови и го зголемува ризикот од прерана смрт – без дури и да го сфатите тоа.
Не предизвикува моментна болка, не дава јасни симптоми и затоа останува незабележана. Оваа болест се нарекува седечки начин на живеење и влијае на речиси секој современ човек.
Зошто седечкиот начин на живеење е толку опасен?
Кога седиме со часови, нашето тело влегува во состојба на биолошка пасивност:
Метаболизмот се забавува – телото согорува помалку енергија, што доведува до зголемување на телесната тежина и до инсулинска резистенција.
Атрофија на мускулите – нашата најважна алатка за стабилен ‘рбет и здрави зглобови ослабува.
Циркулацијата страда – крвта и кислородот стигнуваат до органите побавно зголемувајќи го ризикот од згрутчување на крвта и срцеви заболувања.
Хормонот на среќата се намалува – недостигот на движење влијае и на менталното здравје промовирајќи стрес и анксиозност.
Неодамнешните истражувања покажуваат дека 6+ часа седење дневно го зголемуваат ризикот од прерана смрт за дури 19 %, без оглед на тоа дали подоцна одите во сала за вежбање или не.
Зошто рекреацијата еднаш неделно не е доволна?
Еден од најголемите митови е дека седечката недела може да се избрише со еден тренинг. За жал, не може. Нашето тело реагира на вкупната количина движење секој ден, а не на еден голем настан. Ова значи дека здравјето не се одржува само со тренинг во сала за вежбање, туку и со сите мали навики помеѓу нив.
Мали промени, големи резултати
Добрата вест е дека почнувањето со решавање на проблемот не е комплицирано. Само треба да го вратите движењето во вашиот секојдневен живот:
Микропаузи – станувајте, одете, истегнете се најмалку двапати на ден.
Активен транспорт – одете или возете велосипед наместо да возите автомобил на кратки растојанија.
Работа во стоење – користете подигнати бироа или работете стоејќи барем дел од денот.
10 минути мобилност дневно – едноставни вежби за дишење, истегнување и стабилизација прават чуда за ‘рбетот.
Тренингот како лек
Најдобриот лек против седечкиот начин на живеење е, всушност, тренингот за сила и мобилност. Заедно со кардиовежбите, тренингот на сила гради мускули, а мускулите се метаболистички активно ткиво, кое го штити целото тело. Тие се нашиот лек против стареење, болка и метаболистички нарушувања.
Забава
Актерка од БиХ привлече внимание на црвениот тепих во Сараево, се појави – боса

Филмската и телевизиската актерка Мона Муратовиќ од БиХ привлече внимание на црвениот тепих на Сараевскиот филмски фестивал со необичен потег – наместо да носи чевли, се појави боса.
За оваа пригода таа избра долг елегантен бордо-фустан, но причината зошто одлучи да оди без чевли е непозната.
Муратовиќ се појави на фестивалот во придружба на својот сопруг, водителот Данко Делибашиќ, кој носеше класичен сив костум.
Во Босна и Херцеговина тие се познати како еден од најхармоничните парови, заедно имаат ќерка Ливија и син Виго, а Мона го има и синот Акин од претходниот брак.
Инаку, Мона Муратовиќ дипломирала глума на Академијата за сценски уметности во Сараево, а студирала и историја на уметност и компаративна книжевност на Филозофскиот факултет во Сараево.