Забава
Кус осврт на американската прес-турнеја на принцот Хари
Принцот Хари неодамна тргна на турнеја за новинари во САД по повод објавената автобиографија „Резерва“, со интервјуа од висок профил за дополнително да разговара за својата семејна драма.
Од Ај-ти-ви до Си-би-ес и Еј-би-си, војводата зборуваше пред камерите за да ја промовира својата книга.
Тој првин седна со Том Бредби од британската Ај-ти-ви (ITV).
Хари и Бредби имаа долг разговор во врска со содржината на неговите мемоари, од смртта на својата мајка до односот меѓу него и татко му, брат му и неговата сопруга, со снаата. Тоа беше соодветно најавувачко интервју пред објавувањето на книгата за целата публика да види што следува.
Том Бредби откри дека тој и Хари се познаваат повеќе од дваесет години. Бредби беше репортерот што ги интервјуира Хари и неговата сопруга во Африка пред неколку години, пред да заминат за Америка, откривајќи колку биле несреќни во нивните улоги како високи членови на кралското семејство.
Хари потоа разговараше со Андерсон Купер во емисијата „60 минути“ на Си-би-ес, истата ТВ-мрежа, во која ги собори рекордите на гледаност со интервјуто на Опра Винфри со сопругата Меган Маркл.
Приказната за скршеното синџирче и за скршената чинија за кучиња – токму во ова второ интервју, Хари му откри на Андерсон за физичката пресметка со својот брат Вилијам. Тој објасни како Вилијам му го скинал синџирчето на Хари кога го турнал на подот. Хари паднал на земјата врз садот за храна на своето куче и го скршил.
Андерсон Купер, како и секогаш, ги постави тешките прашања – тој го продлабочи интервјуто прашувајќи го Хари: „Зошто не се откажете од вашите титули како војвода и војвотка?“ алудирајќи на фактот дека Хари и неговата сопруга Меган не се откажаа од официјалните титули по напуштањето на британското кралско семејство и се преселија во Америка. Одговорот на Хари: „И каква разлика би имало тоа?“
Хари следниот ден рано наутро дојде на разговор со Мајкл Страхан во „Добро утро, Америка“ на Еј-би-си. Токму на ова место Хари зборуваше за својата одлука да ја напушти Британија со сопругата и дали тие некогаш ќе се вратат на кралските должности. „Веројатно, не. Но, никогаш не вели никогаш“.
Хари потоа отиде во „Лејт најт“ со Стивен Колберт – подоцна истиот ден се појави во емисијата Late Night Show заедно со суперѕвездата Том Хенкс. Тука работите тргнаа на добро доцна ноќе.
Стивен Колбер го отвори интервјуто со текила. Стивен му посака добредојде на Хари во шоуто со неколку чашки текила, а Хари се смееше и ги пиеше. Ги откри сите свои прекари, како Хаз и Баз, и се пошегува дека ја гледа „Круната“ на „Нетфликс“, а понекогаш и ги проверува фактите.
Хари го покажа синџирчето што му го искинал Вилијам во физичката пресметка, за што раскажуваше во претходните интервјуа во текот на целата недела.
Тогашната епизода на Late Night беше најгледаната во последните неколку години надминувајќи го гостувањето на претседателот Обама и нивниот ‘Супер-боул спешл’, со над 3,15 милиони гледачи во просек.
Не наштети ненамерниот или намерен тајминг да го поканат и Том Хенкс да присуствува во студиото заедно се принцот Хари. Хенкс беше гостин во емисијата, но тоа нималку не му наштети на Хари, двајцата се појавија заедно во скечеви.
Хари во текот на целата прес-турнеја говори за надежно помирување. Тој во неколку наврати рече се надева оти еден ден ќе се помири со своето семејство. Иако истакна дека треба да има одговорност и извинување од двете страни, тој се надева дека тие може да го постигнат тоа во одреден момент.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи
Победникот на Евровизија, Немо Метлер, ја повика швајцарската влада да признае трет пол во официјалните документи.
Метлер истакна дека е апсолутно неприфатливо таква можност веќе да не постои во Швајцарија, пишува „Гардијан“.
„Треба да бидеме застапени и во политиката. Многу е важно луѓето да се чувствуваат видени“, рече Метлер, кој на прашањето по победата со кого првин би сакал да разговара, без размислување, го именува швајцарскиот министер за правда, Бит Јанс.
Во средата, според неговиот портпарол, министерот му испратил СМС-порака на Метлер, во која му ја честитал победата на Евровизија и го поканил да се видат.
Пред 18 месеци швајцарската влада го отфрли токму овој предлог.
Забава
Џенифер Лопез и Бен Афлек вторпат се соочуваат со развод
Американскиот актер, режисер и продуцент Бен Афлек и пејачката и актерка Џенифер Лопез се на работ на развод вторпат, а според американскиот магазин In Touch Weekly, Афлек веќе се иселил од нивниот заеднички дом.
Обожавателите забележаа дека Бен и Џенифер поминуваат сѐ повеќе време разделени во последните неколку недели.
„Тие имаат намера да се разведат – и овој пат не е виновен Бен“, рекол изворот.
Забава
По 20 години, Аврил Лавињ проговори за теоријата на заговор дека ангажирала двојничка: „Тоа ми е многу глупаво“
Аврил Лавињ неодамна зборуваше за митот што ја следи со години, а се работи за тоа дека на врвот на кариерата решила да ангажира двојничка по име Мелиса.
Во средината на 2003 година се појавија шпекулации дека панкерката решила да ја ангажира Мелиса по албумот Let Go и од оваа гледна точка ѝ е смешно.
„Мислам, едноставно, смешно ми е. Од една страна, некои велат: „О, боже, изгледаш потполно исто. Не си остарела ни ден“, а потоа други луѓе велат дека постои теорија на заговор дека тоа не сум јас“, рече Аврил додавајќи дека тоа е глупост.
View this post on Instagram
Сепак, таа не сакаше да прави драма за ова, а на сѐ гледаше од попозитивна страна.
„Искрено, не е толку лошо. Можеше да биде и полошо, нели? Мислам дека добив добра реклама. Не го гледам како нешто негативно. Не е ништо страшно“, рече таа во поткастот Call Her Daddy.
Оваа бизарна теорија се појавила на почетокот на овој век, а причината била наведена дека Аврил била исцрпена поради славата и популарноста. Некои отидоа и чекор подалеку и мислат дека пејачката починала меѓу албумите Let Go од 2002 година и Under My Skin од 2004 година, а потоа ја замениле со Мелиса.
Теоретичарите на заговор повторно ја почнаа оваа тема пред неколку години на „Твитер“ во тоа време (сега X) и сакаа да ја поддржат оваа тема со докази засновани на промената во нејзиниот изглед со текот на годините, како и тетоважата, која изгледаше како да пишува Мелиса.