Македонија
Градоначалникот на Свети Николе: Изминатата година реализирани дури 90 отсто од планираните проекти

„Се изборивме со многуте опструкции од власта, со намалените дотации и енормно високите сметки за електрична енергија. Но, тоа е нашата обврска да работиме и да изнајдеме решение за проблемите“, вели градоначалникот на општина Свети Николе во своето обраќање во кампањата „Промените на дело“, во организација на ВМРО-ДПМНЕ.
Владев изјави дека изминатата година реализирани се дури 90 проценти од планираните проекти, а се заблагодари и за идеите од страна на граѓаните потенцирајќи дека повеќето од нив се реални и ќе бидат реализирани со буџетот за 2023 година.
За една година, реализиравме над 90 проценти од планираното. Асфалтиравме улици во вредност од 25 милиони денари, изградивме балон-сала, која ќе им служи на најмладите, во вредност од 9 милион денари, имаме и најмодерна противпожарна станица, а набавивме и две противпожарни возила за потребите на нашите пожарникари, во вредност од 120 илјади евра. Буџетот за 2023 година го правевме заедно со граѓаните, вашите идеи се преточени во проекти што ќе се реализираат, рече тој.
Идејата на Катерина Манева ќе биде имплементирана во буџетот и реализирана во 2023 година, асфалтирање на улиците Михајло Апостолски и Гаврило Гаврилски, како и улиците 3 и 4, нагласи Владев.
Воедно, Владев додаде дека 2023 година ќе биде година на инфраструктурен бум бидејќи, како што рече, ВМРО-ДПМНЕ е партија што секогаш работи за интересот на народот.
2023 година ќе биде година на инфраструктурен бум во Свети Николе. Ќе реализираме и ќе асфалтираме улици, канализации во вредност од 20 милиони денари и ќе изгради нова балон-сала во СОУ „Кочо Рацин“, во вредност од 9 милиони денари, рече тој.
Продолжуваме со транспарентно и отчетно работење бидејќи вие заслужувате многу подобра иднина. ВМРО-ДПМНЕ е партија што секогаш го слуша народот и работи за интересот на народот, истакна Владев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Уште еден случај на семејно насилно – скопјанец со возило се обидел да ја прегази сопругата, па ја истепал

Уште еден случај на семејно насилство во Скопје, сопруг се обидел да ја прегази сопругата со автомобил, кога не успеал, ја истепал.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Телесна повреда.
„При вршење семејно насилство осомничениот 41-годишник телесно ја повредил неговата сопруга. Најпрво, во алкохолизирана состојба, ја натерал веднаш да одат и од банкомат да извадат пари од нејзината плата за да купи дрога. Оштетената го послушала, но враќајќи се назад кон нивниот дом, тој започнал вербална расправија, го запрел возилото и и кажал да излезе. Откако излегла, започнал да го врти возилото со намера да ја удри.
Бидејќи не успеал, го запрел возилото, тргнал кон оштетената по што и го одзел мобилниот телефон за да провери со кого разговарала. Во еден момент и физички ја нападнал, удирајќи и шлаканица и нанесувајќи и удари во пределот на лицето и вратот, од кои удари оштетената се здобила со телесни повреди изразени во вид на нагмечувања на лицето, на вратот и на раката“, соопшти Обвинителството.
Ценејќи ги сите околности, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка предложи да определи мерка на претпазливост – забрана за осомничениот да се приближува или воспоставува, односно одржува контакти или врски со жртвата.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ со една реченица одговара на честитката од Заев до Ципрас: Она со кое паметниот се срами, недоветниот се гордее

ВМРО-ДПМНЕ му одговара на честитката на Заев до Ципрас по повод Преспанскиот договор во една реченица.
„Зоран Заев упати честитка до Алексис Ципрас по повод седумгодишнината од Преспанскиот договор. Одговорот е само еден: она од кое паметниот се срами, недоветниот се гордее“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Заев му честиташе на Ципрас за седумгодишнината од договорот потпишан на 17 јуни 2018 година во Преспа, кој овозможи членство на Северна Македонија во НАТО.
Договорот го потпишаа тогашните министри за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, во присуство на тогашните премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас, посредникот во преговорите, Метју Нимиц, поранешниот еврокомесар за проширување, Јоханес Хан, поранешната висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, и други високи меѓународни претставници, како и претставници на двете земји.
Македонија
Владата ја усвои новата стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Со задоволство информирам дека на денешната седница на Владата беше усвоена Стратегијата за зајакнување на капацитетите за финансиски истраги и конфискација на имот за периодот 2025–2028, заедно со Акцискиот План, изјави вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи.
„Овој документ ја одразува непоколебливата посветеност на Владата на Република Северна Македонија за борба против организираниот криминал и корупцијата, преку зајакнување на надлежните институции со структуриран и систематски пристап, кој има за цел зголемување на ефикасноста при конфискацијата на незаконски стекнат имот“, рече тој.
Една стратегија, додаде Фетаи, колку и да е добра, останува само документ доколку не се спроведува ефикасно.
„Поради тоа, ги зајакнуваме механизмите за следење и надзор, преку основање на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, кој ќе обезбеди успешно спроведување на утврдените цели“, рече тој.
Кабинетот на заменик-претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење ќе има централна улога во координирањето и поддршката на овие напори, обезбедувајќи постојана посветеност за реализација на оваа стратегија.