Спорт
Кејлор Навас доаѓа кај Роналдо во Ал-Наср?

Кејлор Навас наскоро би можел да се пресели во Ал-Наср и да му се придружи на Кристијано Роналдо во Саудиска Арабија.
Капитенот на репрезентацијата на Костарика има 36 години и договор со ПСЖ до 2024 година. Сепак, тој моментно е резерва на Џанлуиџи Донарума и веројатно клубот не би му правел проблеми доколку сака да си замине.
Давид Оспина, првиот голман на саудискиот клуб, во моментов е повреден и на негово место би можел да дојде Кејлор Навас.
Реализацијата на трансферот би можела да биде договорена деновиве, бидејќи шампионот на Франција на 19. јануари гостува во Саудиска Арабија, каде ќе одигра натпревар против екипата составена од играчи на Ал-Наср и Ал-Хилал, најдобрите клубови од оваа земја.
Навас и Роналдо играа заедно во златниот период на Реал Мадрид и заедно освоија четири трофеи во Лигата на шампионите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Де Јонг: Не ми се допаѓа што треба да играме во Мајами

Еден од капитените на Барселона, Френки де Јонг, го крена гласот против одлуката натпревар од Ла Лига да се игра на американска почва.
Како што е познато, УЕФА и Ла Лига конечно се согласија оваа недела и официјално објавија дека Виљареал и Барселона ќе играат натпревар на стадионот „Хард Рок“ во Мајами на 20 декември.
Де Јонг смета дека таквата одлука е неприфатлива.
„Не ми се допаѓа што ќе играме таму и не се согласувам со таквата одлука. Едноставно, не е фер за натпреварувањето. Ќе гостуваме на неутрален терен. Не е во ред и мислам дека не е добро за играчите. Разбирам дека клубовите добиваат пари за тоа, но не е фер“, рече Де Јонг.
Спорт
Ненадејно почина тренерот на Бока Јуниорс големиот Мигел Русо

Тажни фудбалски вести ја погодија Аргентина, ненедејно почина тренерот на Бока Јуниорс, Мигел Анхел Русо.
Поранешниот стратег на Бока имаше 69 години и долго време се бореше со рак на простата. Тој почина изминатата ноќа.
Русој се сметаше за еден од најпочитуваните тренери во Јужна Америка, поради неговата кариера што траеше повеќе од половина век.
Прво беше фудбалер, а потоа и тренер, освојувајќи бројни трофеи. Го крена трофејот на Копа Либертадорес во 2007 година, што е последната континентална шампионска титула за Бока.
Тој ги водеше и Ланус, Естудијантес де ла Плата, Велез Сарфилд, Росарио Централ и Милионариос.
И покрај болеста, тој се врати во Бока во јуни 2025 година и ја водеше на Светското клупско првенство со истата страст.
До последните денови, тој беше активен на клупата на Бока, но во септември, сепак мораше да се пензионира и да им ги препушти тренинзите на своите помошници.
Спорт
Џејмс Тарковски ќе остане во Евертон

Англискиот фудбалер Џејмс Тарковски го продолжи договорот со Евертон до крајот на јуни 2028 година, објави клубот од Ливерпул.
Тарковски (32) е член на Евертон од 2022 година и во тој период одигра 128 натпревари и стана заменик-капитен.
„Многу сум возбуден и горд што сум играч на Евертон и што го продолжувам ова патување. Беа луди неколку години со огромни падови и огромни подеми. Успеавме да ги надминеме тешките времиња и се надеваме дека сега нè очекува попозитивна и возбудлива ера“, рече Тарковски.
Во текот на својата кариера, Тарковски играше и за Олдам, Брентфорд и Барнли.
Евертон е на осмото место на табелата во Премиер лигата со 11 бода, а во следното коло ќе го пречека Манчестер Сити.