Свет
Првата дама на Украина денеска на форумот во Давос, Зеленски се обраќа утре

Првата дама на Украина, Олена Зеленска, денеска ќе зборува на 53. Светски економски форум во швајцарскиот град Давос обидувајќи се да добие поголема помош и поддршка за својата земја во војната против Русија, пренесува АП.
Говорот на Зеленска доаѓа откога таа во неделата за Си-ен-ен изјави дека и покрај руските ракетни напади, кои беа насочени кон витална енергетска инфраструктура и цивилни области во последните месеци, Украинците сфатија дека ако успеат да „издржат една година, тие се способни да траат уште подолго“.
Дипломатскиот притисок на Украина на високо ниво во Давос е можност да се вклучи и засили меѓународната поддршка што ја бара Киев, со оружје како тенкови и противракетна одбрана, и да продолжи со изолација и притисок врз руската економија.
Зеленска, која е дел од украинската делегација во Давос, во која се министерот за дигитална трансформација, Михаил Федоров, и градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, претходно побара од американскиот Конгрес повеќе системи за воздушна одбрана за време на посетата на Вашингтон во јули кога се состана во Белата куќа со првата дама на САД, Џил Бајден.
Претседателот на Украина, по посетата на Вашингтон за да ја зајакне поддршката за Украина во неговото прво познато патување во странство од почетокот на војната, утре ќе се обрати на Светскиот економски форум преку видеоврска.
На средбата ќе учествуваат претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, главниот американски преговарач за климатски прашања, Џон Кери, претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева, како и многу други политички и економски лидери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Лавров: Палестинското прашање и понатаму останува нерешено

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот план за Газа на Доналд Трамп не го решава целосно израелско-палестинскиот конфликт, пренесе RT.
Тој нагласи дека Русија го оценува планот како „најдобро што моментално е на преговарачката маса“, но додаде дека „палестинското прашање со тоа не е решено“.
Лавров порача дека конечно решение би било можно само со создавање на палестинска држава во границите од 1967 година, во согласност со резолуциите на ОН, и повтори дека Москва останува посветена на решението со две држави.
Свет
Трамп: Не сум сигурен дека ќе влезам во рајот, но на многумина им го разубавив животот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е сигурен дека ќе може да влезе во рајот, но додаде дека на многумина им го направил животот подобар.
Изјавата ја даде во претседателскиот авион Air Force One. За време на летот, еден од новинарите што го придружуваа 79-годишниот претседател го праша за неговите претходни коментари кои ги дал во контекст на преговорите за мировниот договор во војната меѓу Русија и Украина.
Трамп уште во август, во емисијата „Fox and Friends“, изјави: „Ако можам да спасам 7.000 луѓе неделно, мислам дека тоа е прилично добро – сакам да се обидам да влезам во рајот, ако е можно. Слушам дека не ми оди добро. Навистина сум на дното на листата. Но ако успеам да влезам во рајот, ова ќе биде една од причините“
На прашањето дали неговите шанси се подобриле по договорот меѓу Израел и Хамас, Трамп сега одговори: „Малку се шегувам. Мислам дека ништо нема да ме одведе во рајот. Можеби не сум предодреден за тоа. Можеби сум во рајот токму сега, додека летаме со Air Force One,“ рече Трамп.
Тој повторно ја обвини администрацијата на Џо Бајден за неспособност и додаде дека војната во Украина никогаш немаше да се случи доколку изборите во 2020 година не биле наместени.
Свет
Египетскиот претседател до Израелците: Претворете го овој историски момент во нов почеток

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси ги повика Израелците моментот на потпишување на мировниот договор за Газа да го претворат во нов почеток за поправеден и помирен живот во регионот.
„Погледнете кон подобра иднина за нашите деца,“ рече Сиси по потпишувањето на договорот во Шарм ел-Шеик.
На самитот присуствуваа Доналд Трамп и бројни меѓународни претставници. Обраќајќи му се на Трамп, Сиси додаде: „Господине претседателе, нека војната во Газа биде последната војна на Блискиот Исток.“