Контакт

Култура

Ковачевски: Дигитализирани со векови стари македонски ракописи, наследство со кое треба да се гордееме

Објавено пред

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска и директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Елена Грујоска- Јованова, денеска присуствуваа на настан по повод завршниот проект за дигитализација на картотеките на зборови на македонски јазик.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за проект, поддржан со буџетски средства, преку кој се овозможува трајно заштитување и дигитализација на речиси 5 милиони записи со стари македонски зборови, дијалекти и записи, кои се дел од нашето духовно богатство. Овие записи со изворни македонски зборови и изрази на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ датираат од периодот на 14 и 15 век. Со проектот овие записи веќе нема да се чуваат во кутии и во плакари, туку во дигитална форма, со што ќе се обезбеди нивно понатамошно зачувување како непроценливо национално богатство.

За овој проект, обезбеден е вкупен буџет во износ од 14 милиони денари за кој преку Фондот за иновации и технолошки развој обезбедени се 9 милиони денари, а Министерството за култура на Република Северна Македонија учествува со финансиски средства во износ од 5 милиони денари. Спроведувањето на проектот траеше од декември 2021 година сè до декември 2022 година, а го реализира архивскиот дата-центар „Инбокс“, во соработка со Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и финансиска поддршка од Министерството за култура на Република Северна Македонија и Фондот за иновации и технолошки развој.

Премиерот Ковачевски истакна дека на овој начин Владата обезбедува континуитет во зачувување на нашите културни вредности.

„Македонскиот јазик е аманет со кој треба да се гордееме бидејќи само преку негувањето и зачувувањето на нашиот јазик и неговата изворна содржина, ќе може да го зачуваме и сопствениот идентитет за кој се избориле генерациите пред нас, а нам ми е оставен како завет од кој не смее да се откажеме.

Како Влада, која одговорно се однесува кон зачувување на историските и културните вредности, докажуваме дека и понатаму ќе се грижиме и ќе овозможуваме зачувување и конзервација на нашите идентитетски вредности, кои нè прават да бидеме исклучителни во својата уникатност во светската ризница на културни и идентитетски вредности“, изјави премиерот Ковачевски на настанот изразувајќи големо задоволство од реализацијата на проектот.

Набројувајќи ги проектите на Владата во насока на негување на македонскиот јазик, премиерот Ковачевски потенцира дека македонскиот јазик денес е официјализиран во ООН и ЕУ.

„Денес, јасно и гласно, во официјални изјави, прецизно се употребува терминот ‘македонски јазик’, кој е рамноправно застапен заедно со сите други европски јазици во Европската Унија за што прв доказ е договорот ФРОНТЕКС. Почетокот на преговорите со ЕУ и со тоа преводот на целокупното европско законодавство на македонски јазик е конкретното признание на македонскиот јазик што го очекувавме – и осигуривме.

Носејќи државнички одлуки, го обезбедивме и европското и светското признание на македонскиот јазик и македонскиот идентитет, со што верувам би се гордеел и нашиот ценет Конески“, рече премиерот Ковачевски.

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, го потенцира значењето на реализацијата на проектот.

„Со овој комплексен проект, кој се реализира со средства на Министерството за култура и Владата преку Фондот за иновации и технолошки развој, направивме еден историски зафат за да спасиме непроценливо богатство. Заштитени се обемни картотеки од разни области на македонскиот јазик, дигитализирани се 12 збирки, создадени се 425 микрофилмови, преку кои е зачуван целиот дијалектолошки и ономастички материјал на македонскиот јазик. Со дигитализацијата се овозможи секој запис од картотеките на Институтот за македонски јазик ‘Крсте Мисирков’ да се најде во дигитална форма и да се создаде копија од оригиналот“, истакна министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Култура

Холандски бит и филмски ритам на „Скопје Синема Сити 2025“: Лауреат е култниот фотограф и режисер Антон Корбајн

Објавено пред

Од

Филмот „Контрола“ (Control, 2007) е биографска драма за Јан Кертис, фронтменот на култниот постпанк бенд Џој Дивижн ( Joy Division) , кој го обележа звукот на една генерација.

dobivaj vesti na viber

На 29 и 30 октомври, во киното „Фросина“ во МКЦ, ќе се одржи 11. издание на фестивалот за музички документарни филмови „Скопје Синема Сити“, кој оваа година ја поставува Холандија во фокус.

Свеченото отворање ќе биде со култниот филм „Контрола“ на Антон Корбајн – легендарен холандски режисер и фотограф, познат по своите впечатливи портрети на светски музички ѕвезди и по своите влијателни музички видеа. Корбајн е лауреат на овогодинешното издание, а фестивалот ќе му ја додели наградата за животно дело за неговите достигнувања во областа на фотографијата, музиката и филмот.

Филмот „Контрола“ (Control, 2007) е биографска драма за Јан Кертис, фронтменот на култниот постпанк бенд Џој Дивижн ( Joy Division) , кој го обележа звукот на една генерација. Снимен во впечатлива црно-бела фотографија, филмот ја истражува тенката линија меѓу славата, внатрешната осаменост и автодеструкцијата, претставувајќи го Кертис како симбол на младешкиот немир и уметничката ранливост. Корбајн, кој и самиот бил фотограф на Joy Division, создава интимен, емотивен портрет што прераснува во визуелна поезија на меланхолијата.

Покрај „Контрола“, публиката ќе може да ги погледне и документарниот филм „Бимхаус блуз“, посветен на легендарниот џез клуб Бимхаус во Амстердам; краткиот анимиран филм „Мајчински инстинкти“ на Ема Зафировска; како и „Македонски дневник во рими“, проект на Види Вака кој го истражува светот на домашниот хип-хоп.

Во рамките на фестивалот, на 1 ноември во 19 часот, во Јавна соба, ќе биде отворена фотографската изложба на Ненад Георгиевски со наслов „Географии, лица и улици“, која го поврзува визуелниот израз со урбаните и културните простори низ кои патува музиката.

„Скопје Синема Сити 2025“ е поддржан од Амбасадата на Холандија во Македонија и од Министерството за култура и туризам.

Дизајнот на плакатот за 11. Издание е дело на Милица Коцева.

Прикажи повеќе...

Култура

Објавени наградите на 28. издание на Денови на комедијата Куманово

Објавено пред

Од

Жирито на 28. издание на Меѓународниот театарски фестивал Денови на комедија Куманово 2025, во состав: Претседател: Александар Ивановски, и членови на жирито: Дубравка Киселички, Петар Андоновски, Гергана Трaјкова и Стефан Јакимовски ги донесе следниве одлуки и награди:

dobivaj vesti na viber

Најдобра актерка – Рада Каирјакова, претстава „Постојаната сопруга“ (Сатиричен театар „Алеко Константинов“ Софија, Р. Бугарија);

Најдобар актер – Горѓи Јолески, претстава „Бог на колежот“ (Македонски народен театар – Скопје);

Најдобра споредна улога (женска) Јасмина Вучкова, претстава „Петок 13“ (Народен театар Струмица);

Најдобра споредна улога (машка) Благојчо Стојанов, претстава „Госпоѓа Министерка“ (Театар „Јордан хаџи Константинов“ – Велес);

Најдобра улога за млад актер – Никица Јанковски, претстава „Разбуди се Тина“ (Театар Куманово);

Најдобра сценографија – Нина Пашова, претстава „Постојаната сопруга“ (Сатиричен театар „Алеко Константинов“ Софија, Р. Бугарија);

Најдобра костимографија – Маријана Живковиќ, претстава „Покондирена тиква“ (Народен театар Пирот, Р. Србија);

Најдобра режија – Бојка Велкова претстава „Постојаната сопруга“ (Сатиричен театар „Алеко Константинов“ Софија, Р. Бугарија);

Најдобра претстава – „Бог на колежот“ (Македонски народен театар – Скопје);

Прикажи повеќе...

Култура

Почнува 15. јубилејно издание на музичкиот фестивал „Здраво млади“ во МКЦ

Објавено пред

Од

Во знак на долгогодишната посветеност кон новата музичка сцена и поддршка на млади артисти, ЈУ Младински културен центар го најавува 15-то јубилејно издание на фестивалот на нова музика „ЗДРАВО МЛАДИ“, кое ќе се одржи на 10 и 11 октомври 2025 во МКЦ.

dobivaj vesti na viber

„ЗДРАВО МЛАДИ“ е фестивал на независната и современа музичка сцена, создаден со цел да биде платформа за млади музичари, нови музички правци и иновативна програма. Овогодишната, 15-та јубилејна година, за “Здраво Млади” е “година со уште позасилена програма, многу нови и веќе познати изведувачи на домашната сцена и свежа енергија, која најавува настан на кој се поканети сите, бидејќи одамна се немаме видено.”

Првиот фестивалски ден е посветен на домашната млада алтернативна сцена, која ќе се реализира во соработка со Музичката младина на Македонија. Во рамките на овој проект, насловен “Imagine Macedonia” во кој МММ е партнер, e натпревар за млади музичари со авторска музика од сите жанрови, чија цел е здружување на млади луѓе од сите музички жанрови. “Imagine Music Experience” годинава се одржува во 9 земји (Франција, Белгија, Норвешка, Шведска, Македонија, Унгарија, Холандија, Велика Британија и Зимбабве) и е програма отворена за музичари на возраст од 13 до 21 година. Секоја година, победниците на националното финале од секоја од овие земји имаат шанса да настапуваат и да се натпреваруваат на меѓународното финале во Брисел, Белгија (11-15 декември) во салата на La Botanique.

Годинава Imagine Macedonia ќе се реализира во соработка со Малдинскиот Културен Центар во Скопје и фестивалот „Здраво Млади“ на кој ќе настапат следните млади музички состави: “LSD during war”, Големата вода, Мираж, “The Pot”, “Sunneater”, Корка, “Tsar Von Time” и “DENMV”.

Утре, 11 октомври, главната фестивалска вечер ќе ја отвори победникот од денешниот натпревар, Imagine Macedonia. Вечерта е поделена на 3 фестивалски бини: сала “25 Мај” (Денсинг сала), на која ќе настапат легендарниот белградски бенд “Repetitor”, митскиот либиски цар на “хабиби фанкот” – Ахмед Факрун, скопскиот состав “Pedro Horizonte”, хрватскиот алт-поп бенд во подем “Ki Klop”, и новите рокенрол ѕвезди на македонската сцена – Преку ред.

Втората фестивалска бина, лоцирана во Клубот МКЦ, оваа година се реализира во соработка со здружението на граѓани за промоција на женската активност “Tiiiit.Inc” од Скопје. Бината е посветена на фестивалот “Прво па женско” и во рамките на оваа програма, ќе настапат следните артисти: “Pocket palma”, “Suze od luka”, Katerinha, Gillespie, KEM, Lelee. Оваа програма, настанува како фузија на двата фестивали – “Здраво млади” и “Прво па женско”, кое годинава ќе го доживее своето 13 издание. Фестивалот “Прво па женско” е единствен фестивал во земјата посветен на феминистичката култура и активизам, кој промовира разновидни пристапи во промислувањето и репрезентацијата на родот во уметноста и критичките пракси. Програмата која ќе ја претстават во рамките на “Здраво Млади” e дел од есенското издание на “Прво па женско 13”. Благодарение на оваа соработка, дизајнот оваа година за фестивалот го изработи младата дизајнерка Ана “Април” Попоска.

Фестивалот “Здраво Млади” е поддржан од Министерството за култура и туризам, Град Скопје, мрежата Liveurope и Тиииит.инк, а влезот е слободен.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 минути

Српски државјани добија забрана за влез во земјата и парична казна од 4.000 евра за шверц на цигари, биле уапсени во Скопје

Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда врз основа на спогодба од Основното јавно обвинителство Скопје против двајца државјани на Република...

Македонија52 минути

Поликлиника во Расадник со пари од унгарскиот кредит најавија Ѓорѓиевски и Стаменкоска-Трајкоска

По триесет години празни ветувања, поликлиниката во Расадник станува реалност, кажаа денес актуелниот градоначалник на Кисела Вода и кандидат за...

Македонија2 часа

Нобеловата награда за мир ѝ е доделена на Марија Корина Мачадо од Венецуела

Нобеловата награда за мир ѝ е доделена на Марија Корина Мачадо од Венецуела. Норвешкиот Нобелов комитет соопшти дека таа ја...

Македонија3 часа

(Фото) Општина Центар испрати протестна нота до австриската амбасада поради паркирано возило во пешачка зона

Општина Центар – Скопје испрати протестна нота до Амбасадата на Република Австрија поради непрописно паркирање и загрозување на безбедноста на...

Регион3 часа

Русија ѝ се заблагодарува на Србија за донацијата од речиси 6 милиони долари: „Посебна симболика“

Според соопштението на руското Министерство за надворешни работи, Србија обезбедила „финансиска хуманитарна помош во вредност од 472 милиони рубли (околу...

Македонија4 часа

Филипче вика судството било професионално, а Марковски за криминал од 100 милиони добива само куќен притвор, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Криминалот на СДС и договорените тендери со компанијата Марковски излегоа дека се вистинити. Фирмата Марковски која во период од 2...

Свет5 часа

(Видео) Силен земјотрес со јачина од 7,6 степени ги погоди Филипините, цунами се заканува и на Индонезија

Земјотрес со јачина од 7,6 степени ги погоди јужните Филипини, соопшти Филипинската сеизмолошка агенција, издавајќи предупредување за цунами кое беше...

Свет5 часа

(Видео) Руски ракети и беспилотни летала го погодија Киев, гореше облакодер во центарот на градот

Масивни руски напади запалија облакодер во центарот на Киев и ги таргетираа енергетските објекти, соопштија официјални лица. Украинската министерка за...

Македонија18 часа

Судиите мора да судат според законот а не според партиски влијанија, време е за ресет на системот, порача Мицкоски

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на денешниот народен митинг одржан во општина Илинден, во рамки на изборната...

Свет18 часа

(Видео) Трамп: Ја завршивме војната во Газа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на состанок на кабинетот во Белата куќа изјави дека синоќа на Блискиот Исток е постигнат...

Економија21 час

Владата усвои измени: Се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки во вредност до 22 евра

Со цел зајакнување на домашната економија, поддршка на локалните компании и создавање нови работни места, Владата усвои измени и дополнувања...

Македонија21 час

(Фото) Реализирано првото гаѓање со новата артилериска опрема ,,Боран’’ на АП Криволак

Денеска министерот за одбрана, Владо Мисајловски присуствуваше на армискиот полигон „Криволак“ каде беше извршено првото артилериското гаѓање со новите системи...

Македонија21 час

Нова истрага за злоупотреби во РЕК Битола против осум физички и едно правно лице

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осум физички и едно правно лице за продолжени кривични...

Македонија22 часа

(Видео) „Избери време и место, избери и новинари, донеси и публика, излези да се соочиме, јас ќе дојдам сам“, му порача Максим Димитриевски на Филипче

Лидерот на Движењето ЗНАМ – за наша Македонија Максим Димитриевски денеска возврати на синоќешната изјава на лидерот на опозицијата Венко...

Македонија1 ден

(Фото) Кривична пријава против две лица за криумчарење мобилни телефони „Ајфон“, случајот откриен на Ново Село

Поднесена кривична пријава против две лица за сторено кривично дело „криумчарење“ мобилни телефони „Ајфон“ во вредност од 355 илјади денари....

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски ја вети подземната кај „Лимак“ што ја ветуваа и Арсовска, Шилегов и Трајановски: Ќе ја смени сообраќајната иднина на градот

Проектот за подземната сообраќајница кај„Лимак“ не е само дел од мојата програма туку е вистински пресврт за централното градско подрачје,...

Македонија1 ден

М-НАВ: Македонското небо не смее да се „затвори’“

Менаџерскиот тим на М-НАВ во денешното соопштение до јавноста реагира околу најавите за штрајк и „затворањето на небото“ на 20...

Македонија1 ден

Искршен штаб на СДСМ во Градско, партијата бара Тошковски веднаш да постапи

Синоќа се искршени стаклата на изборниот штаб на СДСМ во Градско. Според партијата, овој насилнички и вандалски чин го покажува...

Топ1 ден

Едно лице избодено со нож пред стоковна куќа „Мост“ во Скопје, напаѓачот е уапсен

Едно лице е избодено со нож пред поранешната стоковна куќа „Мост“ во Скопје, а полицијата го уапси напаѓачот. Според информациите...

Свет1 ден

Трамп за договорот за војната во Газа: Неверојатно е, целиот свет се обедини

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Иран би можел да биде дел од поширок мировен договор на Блискиот Исток...