Свет
Путин: Победата на Русија во Украина е неизбежна
Владимир Путин изјави дека „нема сомнеж“ оти победата на Русија во Украина е „неизбежна“ обраќајќи им се на работниците денеска за време на посетата на фабрика за оружје во Санкт Петербург.
„Ние, на пример, годишно произведуваме повеќе од трипати повеќе проектили за противвоздушна одбрана што ги правите вие отколку во Соединетите Американски Држави. Сè на сè, нашата одбранбена индустрија годишно произведува приближно ист број проектили за воздушна одбрана од разни намени како и сите воено-индустриски претпријатија во светот. Нашето производство може да се спореди со светското“, изјави Путин во разговорот со работниците на фабриката „Обухов“.
Путин спомена и голем број термини, кои, според него, влеваат доверба во победата, пренесоа руските медиуми.
„Од аспект на конечниот резултат и победата, која е неизбежна, има неколку работи што не исчезнаа и кои се основата на нашата победа. Тоа се единството и солидарноста на рускиот и на мултинационалниот народ на Русија воопшто, тоа се храброста и херојството на нашите борци во специјалната воена операција и на линијата на фронтот и, секако, работата на воено-индустрискиот комплекс, компании како вашата и луѓе како вас и целата економија бидејќи секоја од овие врски: индустријата, состојбата на јавните финансии и социјалната сфера, поврзани со поддршка за семејствата на кои им треба посебно внимание од државата и здравствената заштита – сето ова создава основа за нашиот ефективен развој и победа. Таа е обезбедена. Не се сомневам во тоа“, рече тој.
Опишувајќи ја источна Украина како „историски територии“ на Русија, тој рече дека испраќањето војници во Украина на 24 февруари минатата година е неопходно за да се заштитат луѓето што зборуваат руски и да се „демилитаризира“ и „денацифицира“ Украина за да се спречи таа да претставува закана за Русија, пренесе „Блиц.рс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран
Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна на Техеран.
Седницата, која треба да почне во 16 часот (21:00 по Гринич), ќе биде посветена на „ситуацијата на Блискиот Исток“, соопштија Обединетите нации.
Средбата беше побарана од Франција и Бахреин, според израелската делегација во светската организација.
Свет
Ирански вооружени сили порачаа дека САД и Израел ќе добијат невидена лекција
Портпаролот на иранските вооружени сили Аболфазл Шекарчи денеска изјави дека Иран на САД и Израел ќе им одржи лекција „каква што никогаш во историјата не доживеале“.
По утринските напади на САД и Израел врз Иран, Шекарчи рече дека иранските вооружени сили веднаш реагирале и покренале ракетни напади на секоја локација која била во служба на американската и израелската војска, пренесува агенцијата Тасним.
„Со божја помош, ќе им одржиме лекција на САД и Израел каква што не доживеале во својата историја. Израелските бази веќе се соочија со проблеми и Иран подоцна ќе им удри уште поостар шамар“, предупреди воениот функционер.
Тој го повика иранскиот народ да не се грижи, да ги игнорира гласините и да ги следи официјалните вести преку националните медиуми.
Свет
Хамас ги осуди нападите врз Иран и повика на единство
Хамас ги осуди „ционистичко-американските непријателства врз Исламската Република“, истовремено повикувајќи на единство во муслиманскиот свет.
„Додека ја потврдуваме нашата солидарност со Исламската Република Иран пред лицето на непријателствата, повикуваме на единство и солидарност во арапската и муслиманската нација за да се спречат овие непријателства“, соопшти Хамас.
Тие ги обвинуваат САД и Израел дека се обидуваат повторно да ја исцртаат мапата на регионот „за да воспостават ’Голем Израел‘ на сметка на арапските и муслиманските земји“.
Во меѓувреме, Палестинскиот исламски џихад (ПИЏ), кој аналитичарите го опишуваат како посреден сојузник на Иран, соопшти дека Иран има право „да се брани и да ги одврати противниците“ како одговор на американско-израелските напади, пренесе Тајмс оф Израел.
„Овие непријателства не се насочени само против Иран, туку против сите земји и луѓе на нашата нација и се обидуваат да наметнат доминација од страна на воени злосторници“, вели ПИЏ. „Ги повикуваме народите на нашата арапска и муслиманска нација, како и синовите на нашиот палестински народ, да се обединат против овие непријателски намери“.

