Црна хроника
Приведен скопјанец, кој со нож рани друго лице поради расправија во сообраќај

Полицијата вчера привела 39-годижен маж, осомничен за обид за убиство.
Според информациите, се работи за К.Д. од Скопје, кој пред неколку дена поради недоразбирање во сообраќајот, со нож ранил друго лице.
Тој на 15.01.2023 во 02.26 часот, на ул.„Козле“, поради недоразбирање во сообраќајот, со остар предмет му нанел повреди на М.М.(54) од Скопје. К.Д. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Проголтал опаковка со кокаин, па бил пренесен во болница во Охрид: кривична против 30-годишник

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 30-годишниот М.Ј. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „спречување на докажување“ по член 368 од Кривичниот законик.
Тој, на 07.03.2025 во 17.10 часот, од И.Д. од Охрид, набавил кокаин, по што бил пресретнат од полициските службеници од Oдделението за недозволена трговија со дрога.
Притоа, М.Ј. со намера да го спречи пронаоѓањето на опаковката со кокаин како предмет за докажување на кривичното дело, ја проголтал, по што бил пренесен во Општата болница во Охрид.
Црна хроника
Насилство во Струшко: кршел во домот и бил агресивен со семејството

Вчера во 15.30 часот во ОВР Струга е пријавено дека, Д.М. од струшкото село Враништа, во семејниот дом бил агресивен кон членовите на семејството и оштетил дел од покуќнината.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
50-годишник од Охрид повеќе пати силувал малолетничка која се породила во март годинава

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 50-годишниот С.Т. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување дете кое не наполнило 15 години“.
Тој, во текот на 2024 година во повеќе наврати сексуално злоупотребувал малолетничка од Охрид, која во март 2025 година се породила.
На пријавениот одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.